- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.317
- Поени од реакции
- 5.958
Значи луѓе не се работи за пропаганда од моја страна, не се работи дали и во што јас верувам исто така не се работи за тоа дали и колку сум според вас точен, нормален итн... Темава ја создавам единствено за коментирање на прикажаната тема прифатливо е било какво мислење исклучиво поврзано за темата.
Стигмата е многу редок феномен кој се прикажува на начин што на човек се појавуваат рани или стигми баш онакви какви што биле раните на Исус Христос пред неговото распнување. Карактеристично е што стигмите се рани, траги или болни сензации на местата или некое од местата на телото каде бил измачуван и рануван Исус. Најчесто тоа се главата, рацете, нозете и стомакот. Називот Стигма потекнува од латинскиот збор stigma што значи знаци. Прв пат терминот се сретнува каде Апостол Павле вика: "Ги носам на своето тело Исусовите знаци." Личноста што го доживува ова е наречена стигматичар и раните се појавуваат сами по себе без надворешно повредување.
Темата околу Стигматичките случувања низ вековите па се до денес е тема на огромна полемика. Некои луѓе веруваат и тврдат дека стигмите се чудотворни, Додека некои се со спротивно мислење и веруваат дека зад овие феномени стои медицинско образложение.
На ова видео од емисијата На рубу знаности господинот Франце Шпелич сам го опишува своето искуство околу Стигматизмот низ кој тој минувал и благодарение на тоа од атеист станал свештеник. И се почнало каде на сон мајката Божја му се јавила и му рекла "Ке бидеш мој свештеник." Феноменот на Франце е најпознатиот Стигматистички феномен од овие простори. 13:00 минута. Погледнете. https://www.youtube.com/watch?v=Ndi7xgdC46g
Еве и неколку слики од Стигматички случувања.
Кое е вашето мислење, коментар за темава и овие феномени ?