demmian
Попиванов
- Член од
- 9 јули 2008
- Мислења
- 1.613
- Поени од реакции
- 53
07.01.2010 - 11:01 |
Чешкиот кандидат за функцијата европски комесар за проширување Стефан Фуле планира да ја продолжи стратегијата на својот претходник Оли Рен за поддршка на процесот за приклучување на Македонија и Турција во ЕУ, пишува денеска грчкиот весник „Нефтемборики“.
Во врска со Македонија, Фуле ја повторил дадената од Европската комисија препорака за започнување преговори со оваа земја, изразувајќи надеж дека земјите-членки наскоро би можеле да започнат преговори за присоединување со неа. И покрај тоа, тој потсети дека се потребни силни напори за решавање на спорот со Грција за името на Македонија.
Фуле, во врска со Турција, истакна дека ќе биде направен обид да се даде поттик на процесот за присоединување под услов земјата да направи напори за исполнување на критериумите за членство во Унијата.
Тој смета дека оваа година ќе бидат завршени преговорите за присоединување со Хрватска, со цел оваа држава да стане членка на ЕУ следната година.
Новата комисија на ЕУ се очекува да ги преземе функциите на 1 февруари, но откако Европскиот парламент ќе го одобри секој од номинираните кандидати за комесарските места во неа, наведува грчкиот весник.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedon...a-prisoedinuvanje-na-makedonija-i-turcija-vo-