Сте се заљубиле ли некогаш во најдобриот/ата другар/ка?

  • Креатор на темата Креатор на темата *Smurfette*
  • Време на започнување Време на започнување
Да, но не со најдобра другарка и жалам за потегот бидејќи сега слабо сме во контакт, а добри зезанции и дружење паѓаа со нејзе.
 
Јебеш ти та приказна..Ако не ти, таа во тебе, ако не таа во тебе,тогаш ти во неа.. Но, никогаш не ја добива/ш правилната комбинација.. Мислев дека кај мене ќе биде поразлично, али се искењало се на сите ветувања и договори.. Јебига, живот иде даље али грдо е што пропаѓаат сите убави ствари.. На крај краева кога ќе видеш колку сте си значеле, џабе е сето ова што се прави.. :/ И јас големиот маж, само на форум можам да се курчам..
 
Ги прочитав скоро сите постови на темава и испаѓа дека девојките многу тешко (скоро никогаш) не се заљубуваат во другари а додека пак кај машките и не е така мал бројот на заљубувања. Изгледа точно е она дека девојката во првите неколку минути знае дали некој ќе и биде дечко или само другар и свесно или потсвесно си останува на тоа.
 
да , но ништо од тоа :/
 
ништо... :) Единствено секогаш гледај уште на почеток да оставиш силен впечаток кај нова познајничка
 
Јас до 19 години така се трескав и земав да искачам со машки на кои им идеа со женски и разбрав некои работи.Ја видов ми се смешкаше,испивме неколку пијалоци и разбрав дека не е таа за мене.Доволно е само на здраво.
 
да ми се случило и било лошо...

според мене за да не биде лошо уште коа ќе ја запознаете другарот/другарката треба да напраите план...
а) Да бидете нешо повеќе од другари
б) Да бидете најдобри другари
в) Да бидете другари

Одговорот ќе го имате за 1 месец.
Ако првиот пат ви се свиѓал/а, била секси и после дружење цел месец ако имате сличности, ако ви е убаво заедно - а)

Ако почне да ви кажува кого сака шо сака, ако е некоја затрескана, верувајте дека нишо нема да биде. Можда ќе се скара со дечкото ќе се измувате ама после она нема да знае кого сака па ќе ве изневерува. И од тоа нишо небива.... така со тие боље останете најдобри другари, дружете се, излегувајте заедно - но ништо повеќе од тоа !! - Б)

Ако е многу ладен/ладна со вас кулирајте и вие така !!:D -в)
 
Постојат 2 вида мажи во животот на една жена.
  • friends
  • fucks
Против сите природни закони е трансфер на членови од една во друга група.
 
Долга и широка е мојта. :D

Се знавме само на ''здраво'' додека не ми потфрли една вечер за најдобрата и другарка која ме аресеше. И така се заимавме, станавме добри другари. Бтњ и комшика ми е, на 150 - 200 метри живееме. :P Јас имав друга тој период а другарка и сакаше врска а не само мување а јас несакав да и раскинам на оваа и така не биде ништо. Така по некое време јас раскинав со оваа а излезе друга која мн. ми се допаѓаше и трчав јас по неа некое време и со другарката која беше заљубена во друг си ги кажувавме ''маките'' дoдека не излезе дека таа се заљубила во мене. Jас навистина ја засакав како другарка и маалку бев збунет што да правам, видех дека нема аир од другата по која бев, не бидува работа и си викам чек да пробам со ''другарката''. И така се фативме, во првиот месец врската ни беше крш од причина што јас не ја сакав и не се замарав со нашата врска но по месец, месец и нешто се заљубив и јас во неа и врската ни крена во нагорна линија. Сега одиме 6 месеци и супер ни е и на 2цата. :cool:
 
О да! Тоа беше мојата најголема љубов! Одевме 5 години, ама заради секакви глупости се разделивме... а може и поради тоа што се фативме на 16, па пораснавме и... како и да е тоа е нешто најубаво што може да ти се случи. Да имаш до тебе човек на кој можеш да му кажеш се`, а да те сака и да го сакаш... :)
 
Не,затоа што добро разликувам пријателска љубов и љубов за дечко од сам старт можам да проценам дали и како ми се допаѓа,има ли страст и свиѓање или ми е драг како особа, другар без никаква привлечност.
Ми се случило обратното.
 
Не.
Имам еден најдобар другар што го знам уште од мала и во никој случај не сум го гледала како потенцијален дечко. Верувам дека ни он не ме гледал така.
А имам две другарчиња во кои би можела да се заљубам ако немав дечко во моментов. Ама добро, тие не ми се најдобри, не се важи. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom