Став ради реда

  • Креатор на темата Креатор на темата Vnuce
  • Време на започнување Време на започнување

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Возраст
41
Веб-сајт
abix.mk
Имам едно бош прашање, кое што не успевам да си го објаснам веќе долго време:

Зошто голем број на луѓе завземаат ставови за ствари за кои што немаат поима?

Бош прашање, бош примери:
1. (нормално) Политика. Еден куп луѓе ги поддржуваат ВМРО, друг куп луѓе СДС, трет куп некои трети... а на прашањето зошто, во најдобар случај, ќе добиеш цитат од нешто што го кажал лидерот (или некој друг член) на партијата.
2. Оперативни системи. Постојано гледам препуцавања по форумиве, кој тврди дека Windows е најдобар, кој Linux, успатно некој ќе се убаци со Mac OS X... а всушност, најдолемиот дел од луѓево кои што дискутираат немаат ни видено како изгледа Linux/OSX, освем на слика/видео клипче.
3. Имав пред некое време дискусија во врска со книги, каде на едната страна беше голем, признат писател... а на другата страна група од тотални анонимуси. Јас бев за анонимусите. Ги имам прочитано делата и од фамозниот писател, и од анонимусите... и повеќе се одушевив од овие вториве. Ок... мое мислење, нели? Поради една или друга причина, повеќе ми се допаѓаат овие вториве. Интересниот дел е што влегов во дискусија со луѓе кои што до пред две минути пред дискусијата не ни знаева дека постојат тие писатели, тие книги... а тврдеа дека се полоши од овој што е нашироко познат.
4. Коли. Вечно слушам препуцавања од една против друга група на луѓе, кои што се завземаат дека еднава е подобра од другава, а ниеднаш не влегле во ниедна од колите. Едноставно, одговорно и со сигурност тврдат дека едната е подобра од другата, само затоа што некој друг така им рекол.

(Има уште еден куп примери, нема да продолжам.. мислам дека ја сфативте целта на прашањето.)

Што е причината? Едноставно, потреба да се завземе став, потреба да се контрира, страшно добар маркетинг на едната страна, неспособност за резонирање со сопствена глава или нешто што јас не можам да го сфатам, а се надевам некој тука ќе ми го објасни?
 
Изгледа има некои кои она:мора за се да имаш свој став и да знаеш како да го одбраниш го сваќаат премногу сериозно.А вакви работи често има,имам приметено некој еве пример фудбал,ќе го прашам:Зошто нвиваш за Челзи бе?И овој:Абе челзи шампиони се бе,еј!!!А ова е стварно глупо и незнам кои будали се спомнуваат во твоите примери ама тоа ми е ептен безврска.
Може па не е во прашање колку да имаш свој став,има некои кои едноставно имаат потреба контра нешто да одат.Па така пример.Играат Астон Вила:Арсенал и сега двајца другари гледаат а едниот за Манчестр еден за Ливерпул,а за натпреваров неутрални.И едниов вика:јас сакам арсенал да победи,за него сум.И другиов автоматски:епа јас сум за Астон Вила!:toe:
 
Што е причината? Едноставно, потреба да се завземе став, потреба да се контрира, страшно добар маркетинг на едната страна, неспособност за резонирање со сопствена глава или нешто што јас не можам да го сфатам, а се надевам некој тука ќе ми го објасни?
Конформизам си чул за тоа ?

Едноставно заземаме став кој смтаме дека ќе ни го подобри угледот или застануваме на неија страна само за да бидеме прифатени исто кога контрираме сакаме да покажеме дека не се плашиме или имаме рбет или пак едноставно не сесогласуваме со ставот на другиот.
 
Се обидувам да ја сфатам темава ама некако воведот ми е многу измешан...
Два-три дена се мислам што би можел да одговорам...
Имаше една тема во која стануваше збор за различните размислувања, или потребата да се биде уникатен.
И се’ некако оваа тема ме води на тоа размислување.
Завземањето на став не секогаш е последица на нашето свесно размислување и токму поради тоа треба да сме свесни, дека на одредени ставови во животов влијаат голем број на фактори а не само нашите согледувања.
Понекогаш е потребно да се чуе и размислувањето на другите, за да може да се одреди став.
Се согласувам дека луѓето лесно потпаѓаат под туѓото мислење, и најчесто тоа го прават поради неискусноста и неинфромираноста.
Но и покрај тоа, секој сака да биде дел од една глоблана група, со која ќе дели мислење. Секој сака да биде прифатен според одредени норми и правила. И токму поради тоа завзема ставови кои не се лично негови, туку се туѓи.
Зазвемањето став во глобала и не претставува контрирање. Поточно тука се јавува еден парадокаслен елемент, кој ретко може да се дефинира. Секој има свој став, при што кај некој има и ставови кои се различни од нашите. И туку така, одеднаш, место тоа ние да го гледаме само како различно перцепирање на работите, го сфаќаме како напаѓање на нашето размислување, и го класифицираме како потреба за контрирање.
Едноставно во природата си постојат рамнотежата и балансот. Колку луѓе се согласуваат со нас, толку луѓе се тотална наша спротивност.
Секако дека постојат и мигови кога се среќаваме со луѓе кои завземаат некој став само поради контрирањето. Но тука следува оној парадоксен момент. Со текот на времето, тие тој став навистина почнуваат да го бранат, и развиваат, при што од една делумно негативна особина, се стекнува оформен став за одредена област. А токму таквите оформени ставови го прават човекот сигурна личност. Значи парадоксот е: Од една обична негативна особина, бедна потреба за контрирање и негирање на туѓото, доаѓа до оформување на лично размислување и градење на карактер кај личноста....
 
Се согласувам дека луѓето лесно потпаѓаат под туѓото мислење, и најчесто тоа го прават поради неискусноста и неинфромираноста.
Но и покрај тоа, секој сака да биде дел од една глоблана група, со која ќе дели мислење. Секој сака да биде прифатен според одредени норми и правила. И токму поради тоа завзема ставови кои не се лично негови, туку се туѓи.

Се гледа дека си удрил на мислење :) Држи вода муабетов...

Секој има свој став, при што кај некој има и ставови кои се различни од нашите. И туку така, одеднаш, место тоа ние да го гледаме само како различно перцепирање на работите, го сфаќаме како напаѓање на нашето размислување, и го класифицираме како потреба за контрирање.

Тука веќе лошо си ме разбрал... Значи, немам ништо против тоа некој да има различно мислење од мене, за било што. Но, кога ќе се сретнам со различно мислење од моето, ме интересираат аргументите. Нормално, може мојот став да не е правилен. Може нешто јас не знам, сум превидел, или едноставно не сум го видел од тој агол. Аргументираното спротивно мислење ќе ми олесни да го воочам тоа. Така добиваме двајцата, нели? И спротивномисленикот (постои зборов? :) ), затоа што добива потврда на своите ставови, и јас (новопечениот истомисленик), затоа што моите погледи кон светот се поисправни.
Она што ме вади од такт е неаргументираното мислење, без разлика дали е спротивно од моето или не... Користам “неаргументирано“ како блага форма на немање појма :). Значи... завземање и цврсто бранење на став без некоја реална причина.
 
еве јас си признавам дека понекогаш го правам истото. Ако моето мислење наиде на нечие несогласување и обид да ми го наметне неговиот став, најчесто се помирувам и се повлекувам од темата или пак ќе се обидам сам да дознаам нешто повеќе за темата и да се вклучам повторно.,
Значи со таквите “ради реда“ ставови немам за цел да паметувам, туку од чиста досада.
 
Она што ме вади од такт е неаргументираното мислење, без разлика дали е спротивно од моето или не... Користам “неаргументирано“ како блага форма на немање појма :). Значи... завземање и цврсто бранење на став без некоја реална причина.
Потполно те разбрав, меѓутоа алудирав на следниов дел од твоето прашање:
Што е причината? Едноставно, потреба да се завземе став, потреба да се контрира, страшно добар маркетинг на едната страна, неспособност за резонирање со сопствена глава или нешто што јас не можам да го сфатам, а се надевам некој тука ќе ми го објасни?
Остатоткот не би можел да го објаснам така детално. Не можам да тврдам дека е резултат на страшно добар маркетинг од една страна, но исто така не можам ни да кажам дека е неспособност на човек да размислува со своја глава.:smir:
Повеќе би рекол, како што веќе кажав, дека е резултат на неискусност и неинформираност (поради што може да се јави таа наметливост на една страна, која подоцна преминува во личен став).
Сите имаат способност за резонирање. Само ретко кој сака да се намачи и да согледа онака како што навистина е.
Пример ќе ти дадам:
-Некое си движење за нечии права: Еден го основал, и сите ги следат неговите ставови. За да бидат дел од група каде сметаат дека припаѓаат, не дејствуваат локално, тргнувајќи од самите себе, туку веднаш се приклучуваат на група каде ставовите се однапред поделени.
*Како последица на ова, можеме да заклучиме дека голем број од членовите на гореспоменатото двишење не знаат со која цел ги бранат тие ставови. Но сепак, со аргументи или не, тие стојат на тие ставови, верувајќи дека некој кој ги има истите ќе ги поддржи...
Заклучок кој би можел да го изведам е дека секој се плаши да не остане сам против сите. И токму поради тоа ги прифаќа овие правила, кои, и да нема аргументи, ќе ги брани, сметајќи на помош од истомислениците.
Многу е полесно да браниш нешто кое веќе е одбрането од повеќемина, а ретко кој има храброст да излезе и да се диференцира како различен од другите, бранејќи го својот став, кој сам го стекнал и го изградил.
 
На форумов најчеста причина е досадата.

Шеткање низ темите,па ај и јас да пишам нешто.
Но она што фрапира е заслепеноста дека се во право,лажењето на сами себе всушност.
Како инаку би го објасниле Spore :/

А кога ќе ги фатите на нивната неинформираност (нагалено) и неукост (реално),тогаш почнуваат да дефлектираат од темата,најчесто со лични навреди.
 
Почитувам туѓи ставови иако со својата неука деструктивност, прават голема штета.
Вака оди тоа во приказната се внесуваат вистински факти, ама покрај вистината се додаваат мали незабележителни лажни факти, кои што човек ако не знае кај да ги бара не можи да ги види поради големите вистински факти. Така да приказната можи да се наведи каде што се сака и обичниот човек не можи тоа да го забележи. Добра финта а? :icon_lol:
Инаку став ради ред сум немал, или сум бил премногу сериозен или премногу несериозен ама сум имал вистински став по секое прашање. Сум се контрирал затоа што сум мислел дека сум во право (што не значи дека сум бил исправен), ама можи и да згрешам и кога ќе го забележам тоа се поправам.
Не пишувам на никоја тема ако немам било какво искуство во врска со таа тема, или ако немам претходно изграден став.
 
Реално никој не зазема став до крај , сите прават како што им одговара у моментот.....Јас правам така , други прават така , сите прават така , само кој повеќе кој помалку

А ако идеме у екстрема , да се познава добро страната позади која сме застанале.....тешко нас .... ќе треба да го разглобиме поршето на секое штрафче и да објасниме секој дел зошто служи и зошто ние сме избрале порше а не ферари.... (мислам доволни ни се малку информации за да застанеме позади некој избор)
Или пак треба да знаеме зошто еден оперативен систем е подобар од друг до најмал детал ,
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom