Стартува Онтел, вториот фиксен оператор

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Лооооооооооооооооооооооош тајминг!
 
знае некој колкава е претплатата кај новиот телеком?
 
знае некој колкава е претплатата кај новиот телеком?


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Онтел, фиксниот оператор на Он.нет, вчера стартуваше со понуда на цени и до два и пол пати повисоки од оние на монополецот Македонски телеком. Онтел телефонскиот број го дава бесплатно, но претплатникот секој месец треба да оддели минимум 990 денари плус ДДВ за месечна претплата. Во неа се вклучени 300 минути разговор кон броеви на Македонски телеком и бесплатен и неограничен разговор во мрежата на Онтел. Телеком, пак, месечно наплаќа фиксни 399 денари плус ДДВ со вклучени 100 денари разговор.
Главниот извршен директор Предраг Чемерикиќ за високата претплата вели дека ќе ја намалат ако регулаторите Агенцијата за електронски комуникации и Комисијата за заштита на конкуренцијата почнат да си ја вршат работата, бидејќи во моментов Онтел плаќа повисоки големопродажни цени од малопродажните, кои граѓаните ги плаќаат на Телеком. Според Чемерикиќ, цените на Телеком кон Онтел се уште не се намалени, како што пред неполн месец изјави главниот извршен директор на Македонски телеком Николај Бекерс.
"Нам никој не ни кажал дека референтните цени се намалени. Ние само вака можеме да вршиме притисок да ги намалат цените. Сега ќе ги сносиме трошоците, а тоа ќе не тера на поголем притисок врз двата регулатора да го применуваат законот. Според Законот, за злоупотреба на монополската моќ се казнува со 7-10 отсто од вкупниот бруто-обрт од минатата година", вели Чемерикиќ.
Цената на една минута разговор кон Телеком е 0,9 денари. Во претплатата од речиси 1.000 денари не се вклучени минути разговор кон мобилната телефонија и кон странство. Според Онтел, цените кон мобилните мрежи се за 15 отсто пониски од оние на Телеком, а цените на меѓуградски и меѓународни разговори до 60 отсто пониски.



http://vest.com.mk/default.asp?id=151386&idg=8&idb=2371&rubrika=Makedonija
[/FONT]
 
:nenene:
ако се покажат "квалитетни" како што се покажаа како интернет провајдер !?! :pos: :pos2:
 
so tolku ste zapnale za netot bas mene mi e top na on net.... adsl imam, jes da ide preku linijata na telekom ali svarno mi e top.....
 
Луге повторно ви е исто. 1000 денари месечна претплата од кои 300 денари вклучени за разговор со МТ, а после? не знаеме уште колку е цената за после. Втора работа, повеќето што ги барате ги барате на мобилен. Така да исто ви се фаќа дали ќе зборувате преку скајп во ск или преку слушалка која е поврзана на скајп.Затоа не гледам некоја разлика.

Разлика би видел доколку интернетот го намалат за 500 денари така да најскапата тарифа да биде 1000 денари и да има 10 Мbps со неограничен download така да си гледаме и Online TV, и башка да падне цената на мобилната телефонија, тука ке видиме реални ефекти во комуникацијата.
 
Незнам дали ке успеат да направат нешто... Т-НоМе ке ги јаде мислам, а името им е ко некоја кинеска ’’фирма’’ за процесори која го копира Интел.
 
абе аман фиксен телефон...
то е потребно по фирми за да имат ко официјален телефон шо стојт, а за по дома обичен... шо к.р ќе ти е...
јас немам дома а и не би ми требел... то шо ми требит мн полесно и поедноставно од мобилен...24 часа со мене:toe:
за дома дај нека намалат цени на интернет...:vozbud:
 
Ако нивото и квалитетот на услугите и начинот на работа им е ист како кога сакаа да понудат конкуренцијата во спроведувањето на интернет услуги тогаш уште од сега ќе кажам дека таква услуга не ми треба.

Мора малце да поработат на сегментот кој се вика квалитетен кастмр кер, затоа што во овој момент многу е битно за компаниите кои сакаат да бидат конкурентни пред се да бидат максимално кориснички ориентирани.

Со такви дрски, безобразни и невоспитани луѓе не се гради модерна компанија-за жал.
 
Единствен спас е во воведувањето на трипл-плеј. За тие што не знаат тоа е воведување на телевизија, интернет и телефон на една сметка и во една линија. Слушнав дека тоа наскоро ќе го воведе Кејблтел.
 
Нема више монопол на Телеком :) Така, така малце конкуренција
 
Нешто не ми е јасно. Од пред 2 месеци татко ми го барам на чуден број на работа, а Онтел тек сега се појавува.
Постојат ли и други фиксни оператори или?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom