Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Градска управа најавува дека во понеделник ќе започнат градежните активности на Градска плажа која ќе се наоѓа меѓу мостот Гоце Делчев и Камениот Мост
Од понеделник стартува изградбата на втората Градска плажа. Од Градот најавуваат уште едно место каде што Скопјани ќе можат да се релаксираат во летните горештини. Во центарот на градскиот метеж, помеѓу мостот Гоце Делчев и Камениот Мост, градската управа ќе донесе морски песок и ќе постави лежалки на кои ќе им овозможи на оние кои не можат да заминат на одмор да почувствуваат барем дел од летното уживање.
Се најавува и поставување на сплавови на Вардар, кои ќе бидат дадени под концесија на оние кафеанџии кои се расположени да инвестираат.
Минатата година Градот за прв пат на Скопјани по повеќе од 50 години им овозможи да уживаат на плажа, на кејот на Вардар.
Извор

А владата во жешкото да работи на плажата (посекако му е блиску), и А1 ќе емитува од таму и оп гага реклама. Ич не им текнува значи, осет за бизнис да се немало, главите само за стрижење им служат.