Старите трговски дуќани (Спомени и сеќавања)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
Се сеќавате ли на старите трговски дуќани-продавници-ресторани-бутки-трафики и слично
а кои повеќе ги нема во вашето место од разни причини,пренаммена или рушење. Јас можам да пишувам само за тие стари дуќани од мојот град, кои и веќе не постојат близу 100 % од тие што ги паметам.На некои од поново време а сега ги нема и вие се можеби сеќавате. На пример нај-познатата улица во градов Македонија некогаш беше чевларска а сега е со локали и кафичи.
За Громби,Југопластика,Кармин,Герас Цунев,Фонтана,Ловец,Самоисхрана,Хигиена,Европа,Борово,
кои беа места и за закажување или места на „друштвата“ за искачање-стоење на корзо, останаа во сеќавањата на генерацијата родени после „рата“.
--------------------------------
Рибарницата во Еврејското маало.
Веднаш штом ќе го поминете Камениот мост од левата страна беше распослано Еврејското маало па се до ѕидините на Калето и до старото сајмиште.Со Пајко мало го делеше главната улица која погоре се делеше во два крака,едниот одеше право кон касарните а другиот во Старата чаршија.
Над црквата Св.Димитрија од лева страна се одвојуваше друга улица со стара калдрма која навлегуваше во средината на маалото.И сега мал дел од оваа улица постои,а до скоро или се уште и со истата калдрма.На самото ќоше,би се рекло и како да е просторија од самата црква,бидеиќи се под ист покрив,од кога јас паметам,значи пред земјотресот се наоѓаше ( и сега е некаков дуќан)
еден дуќан во кои се влегуваше со 2-3 скалила надолу па така доаѓа под нивото на улицата.Дуќанот од секогаш бил за текстил,штофови и волница. Бидеиќи излогот беше цел нареден со некакви кошули и блузи и свашта внатре беше доста темно,подот беше со темен патос.
Кога ќе завртите од ова ќоше на црквата Св.Димитрија во лево по неколку чекори беше дуќанот,ние си го викавме во тие 60-ите години „гранапот- е тука секојдневно си пазарувавме после земјотресот, затоа што тој остана единствен дуќан за леб во оваа маало(фурните се срушија и најблиската беше во Топаана пред Француските гробишта).Овој гранап беше снабден со се а во тоа време масло за готвење „зејтин“ се точеше пд едно метално буре-шише си носиш од дома.
До овој дуќан-Гранапот,беше Рибарницата. Дали е чудно или не (рибарницата)-просторот и сега постои на истото место и е долго време некаков мал локал-како ќебапчилница.Овој комплекс не е срушен секако поради тоа што е заедно-залепен до црквата,инаку целото Еврејско маало многу брзо потоа целото се срушу поради познати причини.Карши Рибарницата беше паркот пред зградата на бившиот ЦК на СКМ ние си ја викавме цека.Една голема и убава зграда.
Се сеќава ли некои на оваа Рибарница во центарот на градот. Да ова беше баш големиот центар на градот,сите патишта водеа покрај црквата,од старата Ж.С. па низ чаршијата и до пазарот.
Ние деца од оваа Еврејско маало често сме виселе пред оваа Рибарница. Еве и зошто.
Често тука знаева да донесат(1960-65 г.) и продавачите да ги обесат на чингели,закачени веднаш под олуците(висината е и сега иста а можеби и олуците)прави правцати Сомови.Големи Сомови.
Од каде ли ги носеа незнам.Ниту како ги ловеле. Ама се сеќавам дека така висеа закачени и ние се ѕверевме ви нивните големи глави и усти море и мустаки. Сигурно биле околу два метри и тешки над сто кгр. И луѓето купуваа. Се сечеше како големи кременадли. Дали дека ние бевме мали па тие ми изгледаа пак големи незнам,ама беа колку вратата на Рибарницата.
Веќе 50 години не сум видел вакви сомови по нашите рибарници, А вие.
 
Баба ми работеше у Кооператива на плоштад. Таа би требало спаѓа у тие продавници од темава. Мислам дека на почеток од 90-ти ја затворија.

Денес е Лондон паб тамо, или можда не е ни тоа више.
 
Сериозно, има некој на кој што му е гајле за рибарницата во Еврејско Маало и за сомовите?

:confused:
 
Чичко Анчо е само за на ФБ во групата Скопски Приказни (y) (ако веќе не е) верувам таму приказните ќе ги прочитаат повеќе луѓе и ќе се развие убава дискусија, тука имаш само сеирџии што молат за лајкче
До сега не сум отворил ФБ, и незнам што има таму.Дај адреса за ова што велиш.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 21:39 ---
Анчо ај врати се малце у сегашноста, жити се.
Секоја втора тема ти е како било некогаш.
Више почнав да не те ни читам..
Па тогаш земи читај Илјада и Одисеја или префрлисе во сегашноста и во темите на:
Што ако нејќе да голта ? или Фан клуб Јурумлери задња пошта Трубарево.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 21:46 ---
Сериозно, има некој на кој што му е гајле за рибарницата во Еврејско Маало и за сомовите?

:confused:
А сакаш ли да ти напишам за феудалната кула, султаните и агите од тоа време.
И за дедоми Мино пајтонџијата, и за гумната за вршење кои им беа баш таму.
 
А сакаш ли да ти напишам за феудалната кула, султаните и агите од тоа време.
И за дедоми Мино пајтонџијата, и за гумната за вршење кои им беа баш таму.

Не сакам.
 
Чичко Анчо, јас како дете од стара струмичка трговска фамилија, може ли да се замешам во темата, која иако е за Скопје, и да напишам нешто за струмичката чаршија, за еснафите... за се она кое постоеше до некаде 90-тите?
едит: не била само за Скопје, во ред е :)
Само подоцна...
 
Чичко Анчо, јас како дете од стара струмичка трговска фамилија, може ли да се замешам во темата, која иако е за Скопје, и да напишам нешто за струмичката чаршија, за еснафите... за се она кое постоеше до некаде 90-тите?
едит: не била само за Скопје, во ред е :)
Само подоцна...
Пиши,баш ме интересира.Ова важи за сите места во Македонија.
И за најмалите,кои се сега и напуштени.
Би ме интересирало и за старите „Еснафи“и нивните дуќани обично на главната улица или пазарите како што биле некогаш и во Велес.А тие повеќе не постојат.
На пример ковачи има многу ретко,или самарџии па казанџиите или сарачи.
 
Анцо, а еврејското маало каде се простирало? Од камени мост до чаршија и од МОБ до Водовод?
 
Анцо, а еврејското маало каде се простирало? Од камени мост до чаршија и од МОБ до Водовод?
Прочитај повеќе.Мислам имам тема отворено во форум-градови на Македонија.
Еврејското маало во моите сеќавања- а и уште таму ќе пишувам.
 
Па кој те тера да читаш бе? Заобиколи ја темава и не мора ни да коментираш!


iUEpNFtBzCE6U.gif
 
Eте да си одржам ветувањето кое го дадов на Чичко Анчо вчера, да напишам некој ред и за Струмица.
Како што реков, потекнувам од старо струмичко трговско семејство. Иако јас не сум трговец, сепак знам некои работи.
Во Струмица чаршијата била на денешната улица Маршал Тито, попозната како Стара чаршија.
Таму имало најразновидни дуќани. Текстил, чевлари, ножари, тенеќеџии... занаетчии и трговци.
Во времето на кралството Југославија сопствениците на дуќаните стоеле пред вратите и ги канеле луѓето да влезат.
Оттогаш кружат и приказните (во кои има и вистина), дека газдите дома можеби пердиња немале, ама имале се во дуќаните.
Помеѓу себе се почитувале и си помагале, најважен бил зборот и образот. Тоа е она еснафското, и тоа некако како семејно наследство ми останало и мене :)
Јас можам да зборувам за 80-тите, време кое го фатив и сфатив.
Дедо ми беше тогаш пензионер, но сепак во сабота (пазарен ден) слегуваше во дуќанот и помагаше.
Со циганите (ѓупците) зборуваше турски, со грците грчки...
Јас бев дете од некои 9-10 години... ама научив да мерам и да сечам.
Тогаш наголемо се купуваа штофови, постава и џебовина. Луѓето шиеја. Дедо ми велеше дека богатите шијат, сиромавите купуваат конфекција.
Сега е се поинаку. :)
Дуќаните од тоа време не беа како сегашните. Беа онака... мрачни да не речам... ама имаа душа...
Внатре секогаш имаше понекој на муабет... имаше живост.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom