Старите добри времиња..

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Често пати кога ќе се потсетиме на некои случки од минатото ја користиме оваа фраза ‘Старите добри времиња’,, како да во реалноста не е се така убаво.. Но,, сте се замислиле ли некогаш дали и оваа сегашност која ја живееме денес,, а навидум не ни е убава,, зошто едноставно совршенство за нас не постои,, дека можеби некогаш токму за неа ќе можеме да го кажеме истото? Колку вие го цените она што го имате во сегашноста и дали тој епитет 'старите добри времиња' ќе може да го употребите уште сега за сегашноста и зошто речиси никогаш не сме свесни за тоа? Дали и зошто е потребно времето да помине,, прво да се случат нештата и дури откако ќе завршат да сфатиме колку всушност биле значајни за нас и секако колку биле убави,, па посакуваме да се вратат назад,, или едноставно времето кое додека ни се случувало можеби не ни било убаво,, но на крајот сепак ни останува како убав спомен од минатото? Зошто се случува тоа? Можеби со текот на времето,, како стануваме повозрасни животот навистина ни станува потежок,, или едноставно полесно е да дадеме заклучок за нешто што поминало,, па така можеби и полесно ни е да ги запаметиме убавите работи поради кои и тоа време го карактеризираме и паметиме како убаво? Или пак едноставно,, правиме споредба на минатото со сегашноста,, и во однос на неа и донесуваме заклучок дека тие стари времиња сепак биле убави... Но,, ако е така зошто тогаш оваа фраза често се повторува во нашиот живот? Колку вам ви се повторува истата и на што мислите дека се должи тоа? Кое е вашето објаснување? Дали човекот е вечно незадоволен од реалноста или пак неговото незадоволство се манифестира и објаснува преку потребата од подобра иднина,, се поубави времиња,, поголема совршеност.. но,, зошто пак тогаш можеме да се задоволиме со минатото,, кое е секогаш за степен помалку совршено од иднината? Дали затоа што тоа поминало,, или можеби тогаш сме имале поскромни барања па ни било полесно да ги задоволиме и да бидеме среќни? И колку оваа фраза се поистоветува со тоа дека ‘не знаеме што имаме се додека истото не го изгубиме’? Дали навистина е потребно да нештото го изгубиме,, за да станеме свесни колкава била неговата вредност и зошто е тоа така?
Јас мислам дека навистина многу ретко се случува да некој биде задоволен од реалноста..Тоа е нормално,, но не разбирам зошто луѓето не ги гледаат позитивните страни од таа реалност.. искрено,, го имам почувствувано ова на своја кожа,, да за некое во моментот на доживување не толку убаво време,, подоцна се слушнам самата себеси како велам .’Ех,, тоа беа старите добри времиња’.. И да,, мислам дека ние навистина не сме свесни дека можеби и за оваа навидум сурова реалност некогаш можеби ќе можеме да го кажеме истото.. Мислам дека со текот на времето луѓето често ги забораваат лошите работи од минатото можеби едноставно затоа што така сакале,, и поради тоа нивната слика за минатото станува посовршена,, па се случува да ја запомниме онака како што ние сакаме,, и на тој начин за тоа време формираме еден убав спомен..
Кое е вашето мислење? За кои времиња од вашиот живот можете да ја употребите оваа фраза и зошто? Дали за сегашноста мислите дека некогаш би можеле да го кажете истото? Дали навистина старите добри времиња биле навистина заслужни за да можете така да ги окарактеризирате или пак едноставно кога веќе поминало е полесно да се каже?
Повелете:smir:
 
Зошто? Затоа што сеуште не сме способни и доволно свесни за да почнеме да живееме во моментот и целосно да му се пропуштиме на истиот. А бидејќи не живееме во него не можеме ни целосно да уживаме во истиот. Наспроти ова пак, кога се потсеќаме на минатото знаеме дека тоа веќе поминало, сме го преживеале и сме ги врежале во сеќавање само позитивните нешта додека пак негативните сме ги елиминирале и затоа можеме да кажеме старите добри времиња. А во сегашноста ние не можеме да го елиминареме лошото како би живееле само со доброто и затоа сме вечно незадоволни од истата. Но, времето си го прави своето што значи дека еден ден со сигурност ќе дојде тој ден кога и за денешниов ден ќе речеме: Ееее времиња беа тоа.
 
Сум размислувал за ова и сега гледам колку минатото можело да биде убаво само ако сум размислувал поинаку. Но пак е тешко тоа да го применам на сегашноста. :)
Но ако се замислам овака - крај на овој живот, ме нема веќе овде, во вечниот рај сум каде се е убаво и вечно трае, каде уживам во секој момент од своето постоење кое нема крај, што ако тогаш помислам на оваа долина на солзи со носталгија? Толку зло и толку страдање имаше, а сепак беше убаво да се проживее, и кога сега би се вратил таму знаејќи дека ќе завршам овде во овој рај, со многу поголем елан и радост би го живеел тој живот. Само пак некако се губам во проблемиве и преокупацииве што ги имам :) Но затоа остануваат убавите спомени, моментите... Добро е ако ги има што повеќе, иако некој рекол дека убавината на посебните моменти е токму во тоа што се ретки.

Една реченица од Чарлс Буковски во облик на прашање: Дали си живеел 100 дена или еден ден сто пати?
 
Iskreno jas ovaa fraza ja koristam za vreme koe pominalo vo smisla ne poubavo vreme tuku za vreme vo koe mn nesta bile razli4ni. Normalno deka bilo ubavo, ama skoro sekogash gi gledam i ubavite strani na segasnosta osven vo momenti na dlaboka razo4aranost, a potoa koga ke pominat ovie momenti gi gledam i ubavite strani na tie momenti. Toa e poradi toa sto so tek na vreme gi zaboravam losite raboti i losite 4uvstva a go memoriram i najmaloto prijatno nesto ili 4uvstvo pa taka se pametam po dobro i sekogash koga ke poglednam vo minatoto se e sovrseno, a vo segashnosta gi gledam manite, no sepak gi gledam i ubavite raboti vo segashnosta i znam da gi cenam duri i najmalite raboti vo zivotot. Tie me pravat srekna!
 
Тоа е таа секому добро позната временска (често пати поврзана и со просторната) утопиј. Секогаш било подобро од тоа што е сега, и секаде е подобро од тука
 
Временската дистанца влијае само да се сеќаваме на позитивните работи и скоро целосно ги изоставуваме негативните.
Но ако некој проба да се сети на психичката состојба (среќа/тага) во минатото,па и не би ги нарекувале така тие "стари добри времиња".

Најфин,актуелен и важечки пример за сите е т.н. "недостигање на средното".
И никој не се запрашува зашто всушност дури откога ќе заврши сфаќаме дека ни фали?

Прво,ние го споредуваме со факсот/работата и сфаќаме дека тоа било лесно споредено со нив.Но тоа средното никако не го прави "де факто" лесно.
Понатаму ни текнува на сите бегања од час,заебанции и одење на кафе/пушење во вц.
И инстатно е создадена позитивната слика за средното и почнува да не фаќа тешка носталгија.
А никој не се сеќава на : испрашувањето биологија,изненадните тестови по физика,одвратната професорка по математика,тресењето на испрашувања и ред други работи кои,и ова ќе го обележам со болд бидејќи е најважен дел,додека сме биле во средно ни влијаеле да го мразиме.

Затоа,ако сегашноста е полоша и понапорна од минатото,тоа не го прави минатото добро и убаво.
И vice-versa.
 
Ни фалат старите добри времиња поради едноставноста на сфаќањата кои ги имавме. Ни фалат оти тогаш светот беше „помал“ и „помалку“ заебан. Ни недостасуваат починатите и отсуството на јасната претстава за смртта, болеста, стресот.
На едно дете било каква играчка може да му понуди часови и денови огромно задоволство. Првите другарства се најискрени. И првата љубов никогаш не се заборава.
Сите се сеќаваме на проблемите од минатото, но тоа се проблеми кои сме ги „преживеале“, а неизвесната иднина се може да донесе.
 
Задоволни се многумина од ралноста,и јас сум,бидејќи сум жива,имам колку толку рабои кои ми се потребни.Добро,задоволна со она што го имам,но се стремам кон повеќе,но тоа не е затоа што не сум среќна со овој живот.
Многу работи ми недостасуваат од минатото.Тоа е нормално за секого,кога имаш нешто кое било убаво и си уживал правејќи го ќе го посакаш пак.Навраќањето во минтото е убава и здрава работа,спомените се едни од најубавите нешта што ги имаме.
 
Старите добри времиња...да знам да го употребам тој израз. Често, знам да го употребам. Не е тоа дека сум разочарана од сегашноста или дека не го ценам она што го имам сега, туку едноставно се присетувам на времето, кога работите и самиот живот беа многу поедноставни, кога грижите беа минорни, немаше некои компликации...Како што растеш животот станува се позамрсен и покомплициран, повеќе одговорност доаѓа, мораш да се концентрираш на други работи. Односите со луѓето се менуваат. И кога ќе го видиш сето тоа, посакуваш да се вратиш во времето кога си бил дете, затоа што тогаш најголема одговорност беше домашната по математика.

Лично јас, постојано велам дека сакам да се вратам назад кога бев дете кое си играше и немаше никакви грижи на овој свет, кога не бев преокупирана со све и свашта. Се обидувам во себе да задржам дел од детската наивност, кога во се гледаш нешто убаво, кога се се чини толку розево.

минатото,, кое е секогаш за степен помалку совршено од иднината

Убавите спомени од минатото никогаш не можат да бидат помалку совршени од иднината. Иднината, напротив според мене, никогаш не е совршена, затоа што е непредвидлива. Може ќе дојдат моменти кога ќе бидеш на врвот, за веќе во наредниот да бидеш на подот.А убавите спомени, па и неубавите се секогаш тука и не можеш да ги промениш, се случиле, оставиле трага на нас. Убавите спомени се совршени, затоа што не можат да бидат упропастени.

Затоа и кога ни е тешко во животот, се повикуваме на добрите стари времиња. Затоа што тогаш со насмевка се сеќаваме на убавите моменти...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom