Стари македонски имиња

  • Креатор на темата Креатор на темата theMac3donian
  • Време на започнување Време на започнување
Ирена, име кое ги влече корените од Зеирене античката божица на војната(ако не се лажам):)
 
женски:
Ангелина
Доља
Евросима
Лемпада
Петра
Видосава(Вида)
Донка

машки:
Иларион
Максим
Младен
Милован
Провир
Ловре(за ова не сум сигурна)
 
Ирена, име кое ги влече корените од Зеирене античката божица на војната(ако не се лажам):)
е се лажеш :) не на војната туку на мирот. поврзи ги Зеирене-Ирена-Смирена-Мирна-Мира, па и латински/англиски Серена и serenity-смиреност
 
Ставре - Бог на утринската куродрвица.

Додуша денес и виаграта помага ама Ставре си е Ставре.
 
Писана.
Конда, Кондо
Данка
Ристана
Русанка
Словена
Ванда, Ванде
Даринка
Петрана
Пламенка
Пара
Румена
 
Писана.
Конда, Кондо
Данка
Ристана
Русанка
Словена
Ванда, Ванде
Даринка
Петрана
Пламенка
Пара
Румена

................ Параскева Петка Перунка Босилка Весел(к)а Сирма Ганфа Павунка Дота(без ’’с’’) Тонка Донка Ганка Ранка Вонка Фана Менка Цена Цана Бона Дилба Симка Русенда Смиља Митра Петра Гоца Коца Трајанка Ацана Шеќерина Латинка Мица Доца Џана Долка ............... ;)
 
Aj nekolku stari vlaski iminja,

Elefterija, Kaliopi, Pandora, Sika, Alkiviad ,Despina,Fania.Ovie gi navedov kako pokarakteristicni bidejki maskite iminja najcesto se od pravoslavni svetci.
 
Всушност, се работи за грчки имиња, со исклучок на Сика, за кое не сум слушнал досега. Еве ти уште име кое го има кај Власите (не знам дали е изворно влашко или не) - Вента, и уште едно Менча. Сега ми текна и на машкото име Аргир. Можеби и Санта е често име кај Власите?
Еве и некои постари имиња кај Македонците од латински произлез - Негрија, Сергија (во мијачкиот крај).
Понатаму има и др. имиња, од различно потекло како Леон (повторно актуелно во последно време), Макарија, Каме (од камен), Бигор (од вид камен, не од бигорот што ви го затнува бојлерот), Разме (од Еразмо, почесто во Охридско), Харалампие (Рампо,Хари, најмногу во Прилеп), Менде (во Битола).
Во периодот на социјализмот се даваа на деца и имиња (и децата со тоа ги осакатуваа за навек) како Тито, Партија, Победа и ете, погоре некој ја напишал и Тракторка (купувањето трактор тогаш било исклучителен чин, пред тоа користеле запреги). Се поретко е и името Темелко.
Интересно е да се спомне дека некои од имињата биле наменски, односно биле давани со посебна причина. Темелко што го спомнав, па и Трајан, Трајанка се давале на деца чии постари братчиња или сестричиња брзо умирале. Па затоа Темелко требало да биде темел, да се крепи, да се зачува, а Трајан (можеби не би требало да се меша со латинската варијанта) и Трајанка да траат.
 
Za Menca prvpat slusam , a za Venta tocno ;)
 
Сика, или Сијка го има и кај Македонците.
Зоја, Зојка
Заре
Менча е најверојатно старото Менка (во современиот Италијански јзик она што е к (С) се чита често како “ч“ (Пр. - Цезар = Чезар-е) и тоа име се давало најчесто на н-то женско дете по ред : -за да се “смени“ па наредното да биде машко :)
 
Se rasprasav , Sika e izvedeno od Hrisa , inaku da dodadam uste nekoe Rojda, Argir,Apostol.
 
Имам една познаничка со името Сијка (со “ј“), ама мислам дека името и значеше некој вид птица (мислам дека не беше сојка). Сепак, можеби грешам.
 
Пауна - баба ми, (хоупфули некогаш и ќерка ми, ако не ме стрела за изборов тој што ќе ја направи).
Богатин
Велко
Добринка/Добре
Самоил
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom