Стан под кирија или цел живот кредити.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Кредит колку и да е дебилна ствар, ако немаш друг избор ќе ти го реши животот за цел живот. Не поштуем земање кредит за курчење или купување нешто што пак не можеш да го одржиш или имаш. Тоа е одлик на незрел чоек и нема што повеќе да се дискутира тука. Синдром на глупаци.
Ама поарно да си плаќаш кирија за нешто што утре ќе остане твое, него на некој шупак што утре со парите ќе купи може уштe еден стан а ти ќе останеш глуп и на улица. E стан или куќа, сум за куќа пошто градов за кур не го бива веќе и не знам која е потребата на луѓево да се бутаат у центар у 5 квадрата, кој личи на село без кучиња.
Златно село, куќа, бавча и многу животни. Така да скопјани пак ги заебаа овие од селата, зошто утре кога ќе сакаат да се вратат ќе немаат каде. Куќа во село/природа не се продава. Треба да си глуп, али тоа е друга тема на муабет... побитен е станот во прчварникон карши соборна на пример. Ок, поз.
 
Најди работа во центар, па дали ќе избереш да живееш во куќа на село. :D
 
Зошто? Се е навика. Во многу земји патуваат и повеќе.
Секако, живеењето на село знае да биде комплицирано. Најчесто непостојана струја, проблеми со вода, автобуски линии...
 
Па повеќедецениската миграција село>град го запусти селото и го усра градот.
Искрено, животот на село, дури и кога работата е в град, воопшто не би ми пречел ако:
- патиштата кои водат во тоа село се во ред
- има редовни автобуски линии до најблискиот град или градови (сопствен автомобил го прави излишен овој услов, но нема секој сопствено возило)
- функционираат водоводот, канализацијата, ако снабдувањето со електрична енергија е непрекинато и има пристап до интернет
- има здравствена амбуланта или барем аптека
- продавница со барем просечна понуда на производи
- население чија просечна старосна граница не е над 65+ години

И така изборот страшно се стеснува и селото е или луксуз кој ретко кој си го дозволува, или престојувалиште за пензионери со печалбарски пензии кои не се така солидни таму каде што се исплаќаат или е место каде што повеќето едвај врзуваат крај со крај и погледот и плановите им се насочени кон нешто што не е село.

На темата:
Секогаш е подобро да се има сопствен покрив над глава. Знам луѓе кои начукале 50 години во газот, имаат 2 деца, имаат нормални примања, автомобил/и и живеат во туѓи станови 30 години. Нивна работа, ама мислам дека едно од најважните нешта во животот на овие простори е да се има свое место за живот. Нека е и дивоградба, нека има две и пол соби. Пак е подобро отколку да зависиш од не/расположението на полуидиотот кој ти го издава живеалиштето под кирија.
 
Чекаат државата да и го реши стамбеното прашање. :D
 
А што треба цел живот да се стеснуваат и мизеруваат и да ги полнат банките со камати? Идеално решение нема, секој си знае за себе. Најдобра варијанта според мене е да штедиш. Знам некој ќе рече какво штедење кога нема пари, ама зборам за штедење кога мислиш да земаш кредит. Место кредит земи штеди.
 
Македонска плата и штедење. :icon_lol:

Седете под кирија и не земајте кредити, туку штедите. Зашто да ги полните банките со камати, полните го џебот на некој си газда. Тој за 15 години ќе има пари за уште еден стан oд 60м2. :cool:
 
А парите од банките кај одат? За народот? И пак ќе кажам кредитот,ратите тоа ти е фактички штедење во следни 20-30 години. Двете опции во суштина се глупи кога мораш да бираш.:-)
 
Ако немаш кеш за учество, кредитот е многу лоша комбинација, a ако можеш да покриеш барем пола сума за станот со кеш, за пола од сумата да подигнеш кредит и да плаќаш помали рати, има логика.
 
внукот беше пред неколку години во Канада и кажува...таму Не се исплати приватен стан... Во зграда има големи фиксни трошоци и за приватен и за рентан стан... Ама за приватен стан иде + голем данок. Освен тоа ако си под кирија лесно може да смениш локација, а треба ако ти е далеку до работа ( смениш и работа)...
 
Точно, и ќе зависиш од инфлациијата на пазарот, па на секое завршување на договорот ќе ти се зголемува ќиријата.
ОК е за некој што не сака да се замара, но сепак ги фрлаш парите во воздух.
Твое си е твое и кој сака нека каже дека е подобро под ќирија ама не е.
 
Во теорија да, ама кажи колку се зголемени кириите во Скопје во последниве 10 години? Ич. Иста е киријата ако не и пониска. А инаку твој ќе биде станот кога ќе го исплатиш за 20-30 години, до тогаш е на банката. Во теорија може да ти пропадне станот ако не го исплатиш на време. Заебано е и едното и другото.
 
ајде продај стан ако е така лесно ?? Па има пад на недвижностите на светско ниво...кај нас има луѓе што изнаградија станови и викендици... нека профункционира строг даночен систем, ќе го видат господ во пиџами
 
Точно, може да ти пропадне ама на крај секако ќе си плаќал ќирија за тоа време , па дури и да ти пропадне ќе ти се фати како да си живел под ќирија цело време.
А тебе ако ти снемаат пари за ратата значи ќе ти снемале пари и да си живел под ќирија? Заебано е да, ама исто е заебано и во двата случаи.[DOUBLEPOST=1445882246][/DOUBLEPOST]

Ти збореше за внук ти у Канада, а не за у Македонија.
Ја сум у Америка и кај нас е неисплатливо да живиш под ќирија кога за истите пари може да си исплаќаш своја куќа.
А за продавање за две недели се продаваат, не можеш да продадеш само ако куќата ти е дупка или се наоѓа у некое гето.
И овде нема пад на недвижнини, напротив цената енормно расте.
 
Последно уредено:

пред 8-10 години, всушност не се сеќавам точно можеби и повеќе, имаше огромен пад на недвижнини во УСА, познат како Хипотекарна криза...банките не можеа со продажба на куќите ( под хипотека) да повратат ни пола од кредитот што му го дале на барателот... а Канада е друго, даноците се поголеми ...
 
Точно, ама ти не можеш да го знаеш пазарот за 30 години однапред.
Според тебе значи треба никој да не купи никаков имот и сите да живеат под ќирија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom