Сталин - светец?!

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
24.07.2008
stalin.jpg
Комунистичката партија во Санкт Петербург ќе побара од православната црква да го канонизира Јосиф Сталин за светец,ако тој добие најмногу гласови за најславна личност во историјата на Русија, соопштува британскиот Telegraph.
Советскиот диктатор, кој е обвинет за гинењето на 15 милиони свои сонародници за време на 31-годишното свое управување, засега е на второ место во интернет кампанињата (според гласовите).

“Сталин е најголемата личност во историјата на Русија”, објави комунистичкиот лидер Сергеј Малинкович, кој е и иницијатор за канонизирањето на диктаторот.

“Кон крајот на XXI век иконата со свети Јосиф Сталин ќе има во секоја православна црква", убедливо закључи Малинкович.
 
24.07.2008
stalin.jpg

Комунистичката партија во Санкт Петербург ќе побара од православната црква да го канонизира Јосиф Сталин за светец.
“Кон крајот на XXI век иконата со свети Јосиф Сталин ќе има во секоја православна црква", убедливо закључи Малинкович.

:pos: :pos2: Комунистичката партија која не верува во црквата како институција и го поништува постоењето на Бог ќе го прогласува Сталин за светец... Лудило човече... :tv:
 
Ништо чудно...ако се земе предвид и дека и црквата и комунистичката партија владеат автократно и не допуштаат различно однесување и размислување од пропишаното....за критика да не прајме муабет...
...си се пронајдоа сродните души.:toe:
 
Хахаха.
Нека го прогласат за рабин и така е Евреј.
 
НеСвети ВеликоСитеМаченик Сталин...:pos2:
Комуњарите дефинитивно забегаа и може слободно да се каже дека изгина нивниот род.

Бог да им прости на комуњрите.
 
НеСвети ВеликоСитеМаченик Сталин...:pos2:
Комуњарите дефинитивно забегаа и може слободно да се каже дека изгина нивниот род.

Бог да им прости на комуњрите.
Неееееееееееееееее..... знаеш ли ти колку светци ќе бидат тоа?
 
Неееееееееееееееее..... знаеш ли ти колку светци ќе бидат тоа?
Не бе грешка си...малку се на прсти ќе се бројат...не ги земам тука во предвид овие нашиве, ситна боранија е тоа...
 
Свети Сталин :pos2::pos2:

Свашта има по светот значи.:toe:
 
"Смртта на еден човек е трагедија, смртта на милиони е статистика" - според житието на Св. Сталин.
 
Следни на Листа

НеСвети ВеликоСитеМаченик Сталин
НеСвети Друже Тито
АнтиАпостол МаоЦеТунг
ПрвоНехристијанин НеСвети ПолПот
АнтиПросветител НеСвети Киро (мораше да го ставам).
НеПрво НеХрисијанин НеМаченик НеСвети Ленин
АнтиЕптенСвети Чаушеско Романски
итн...:tv:
 
"Смртта на еден човек е трагедија, смртта на милиони е статистика" - според житието на Св. Сталин.

Други Поуки од АнтиЖитието на НеСветиот ВеликоСитеМаченик Сталин...

-Смртта е решение за секој проблем. Нема човек, нема проблем.

-Не верувам на НИКОЈ, ниту на себе си.

-Ако непријателот сам го предаде оружјето тогаш се е добро. Ако пак одбие да го предаде, тогаш ние самите ќе им го одземиме.

-Во Советската војска поголема храброст е потребна за повлекување одколку за напад.

-Доволно е за луѓето да знаат дека имало избори. Тие што гласаат не решаваат ништо. Тие што ги бројат гласовите решаваат се.

-Единствено силата може да произлезе од долга пушка.

-Папата? Колку девизии има он?

-Кога ќе ги бесиме Капиталитите, тие ќе ни го продадат јажето кое ќе го користиме.

Крај на Глава 1ва. :tapp:
 
Сталин светец?Што уште не ќе слушниш...Комунистите,на чело со Сталин,го негираа постоењето на Црквата, сега да го канонизирале, и да го признаеле за Светец..Божеее...Сега не би ме зачудило доколку и Германците побараат Хитлер да се прогласи за Светец, или ѓаволот да бара да влези во Рајот.....На овие во Русија вотката ептен им удрила во глава..
 
:pos: :pos2: Комунистичката партија која не верува во црквата како институција и го поништува постоењето на Бог ќе го прогласува Сталин за светец... Лудило човече... :tv:

Да ама знаш ли дека сталин пред да се зачлени во КПР има учено за свештеник во Чечениа????
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom