Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
.
.
.
а ова заборави..
.ама и ова најдобро....
и за кајсии и сливи--додаток на убавата рецепта за слатко од цреши.Да сме правеле вакво од бели ц.
прво се вадат семките од црешите или вишните со едно од овие справи кои ги имам.
Убава тема Анчо . Инаку ова растение е миск( нешто вака беше, зелен миризлив лист). Ова го ставаме и во слатко од бели цреши.
![]()
Состојки
Подготовка
- 1 кг бели цреши
- 1кг шеќер
- 1 чаша вода
- 2 пак. ванилин шеќер
- 1 лимон
Шеќерот и водата се ставаат да зовријат и потоа се варат додека не се добие слабо густ сируп. Потоа се додаваат црешите предходно исчистени од коските, измиени и исцедени. Се вари на посилен оган (малку помалку од најсилната мерка на ринглата) од прилика 20на мин. без мешање, само со протресување на содржината. со мешањето велат дека црешите можат да отемнат. На крај се додава и лимонот сечен на кругови и се вари 10-15 мин. Минута-две пред тргање на садот од оган, се отпенува (секако можи и пред тоа да отпенувате повремено) и се додава ванилиниот шеќер.
Слаткото се покрива со влажна крпа и се остава добро да излади пред да се собери во чисти, стерилизирани теглички.





прво се вадат семките од црешите или вишните со едно од овие справи кои ги имам.