СССР - слатко, спомени, слики, рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
Тема за една наша традиција,која полека изумира не се применува.Време на брзање.
Време на Краш шери или бајадера чоколадни бомбони,но се почесто и на маде ин
Туркиш.Да поради цената некаде ќе ве послужат со овие невкусни но добро спакувани
бомбони а можеби и добиени на последната свадба или крштевка.
Порано вообичаено беше гостите откако ќе се пречекаат со топли зборови,да веднаш
се послужат со слатко од тегла дома направено. Тоа го паметам како мал-дете и
секаде било така,поготово во нашиот дом. За таа намена се имало и посебен сервис.
Од тој сервис,само големиот послужавник се искрши за време на земјотресот,а беше
со стаклена основа со некои цртежи на цвеќиња и птици и со метална рамка и рачки.
Денес по повеќе од 30 години поминати во некој пакет и грижливо завиткан и зачуван,
повторно го наредив тој сервис кај мене во кујна и ми пробуди драги спомени.
Ние пак деца дома откога мајката ќе ги послужи гостите,сме гледале да ја докачиме
теглата и лапнеме некое лажиче слатко,или пак ако сме на маса а тоа е реткост,сме
чекале пак некој од постарите да каже:„јас не сакам слатко“ и ние со очите кажуваме:
Сакам јас. (тогаш се уште не беа измислени еурокремите и марс и сникерсите)
Слаткото сме го вареле во голема шерпа,во дворот,поточно во големата празна
ширина во Еврејско Маало,на отворен огин сме ставале плех или капак од буре.
Кај нас дома се варело слатко секоја година од разни овоштија.И јас сум помагал.
Од вишни,јагоди,смокви,тиква но посебно се сеќавам и најповеќе сум го сакал она
слатко од дуњи.Тоа мајка ми толку убаво го правеше,и дуњите не ги правеше во
форма или коцки туки ги рендаше на крупно ренде-за жал не ја знам рецептата,но се
сеќавам дека слаткото имаше прекрасна боја и вкус и на врвот на секоја тегла се
ставаше неколку ливчиња од некое миризливо растение - цвеќе.
Продолжете ја темава со вашите рецепти за едно добро македонско слатко.....Picture 1097.jpg главниот дел од сервисот за слатко,не му го знам името на ова,
тука во овој стаклен мал сад,се ставаше слатко од теглата(на место понастрана од гостите)
Инаку пред земјотресот целиот овој сервис ни беше нареден во стаклениот дел на креденецот.(оние стари зелено-плави дрвени креденци)
Picture 1098.jpg мало тањирче,во кое има неколку чисти мали лажичиња,ова се наоѓа на послужавникот со другите делови од сервисот и се понудува гостинот да земе од слаткото со тоа што ќе земе пред тоа и чисто лажиче. Со зборовите: „Добро сте дошле“
Picture 1099.jpg.мало тањирче за слатко, гостинот зема едно парче или едно полно лажиче од стаклениот сад за слатко,со слатко и го става сега во своето мало тањирче за слатко.........................................................................................Picture 1100.jpg чаша за употребени лажичиња.Во оваа чаша која е до половина со чиста вода,гостинот го остава своетео лажиче откако ќе го лапне се уште непроголтаното слатко. Оваа чаша е нешто повисока од останатите обични чаши и е со друга форма.,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,Picture 1101.jpg послужавник за слатко. Самото име си кажува и за намената на овој послужавник кој и ние дома не сме го употребувале за друга намена а на него обавезно се ставало на долната страна едно миље,како и едно помало врз оној сад со слатко или врз чашите. На овој послужавник се редат сите делови од сервисот. Обично јас сакав и имав обичај да ги послужувам гостите кога ќе дојдеа кај нас а тоа беше често, со слатко.,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,Picture 1102.jpg чаши за вода. На послужавникот се редат обично онолку чаши за вода,колку што има и гости во куќата-на масата. Секој гостин си зема една чаша полна со вода и си ја става на масата пред него. Но има некои кој не сакаа вода. (како мене,за што подолго во устата стои и се осеќа онаа блажина од фкусното слатко)
-----
Бр.5. Тегла со домашно слатко. (кое е се поретко,бар овде кај нас повеќе е купечко)
Овој сервис има и други делови,но за нив потоа во друга прилика,инаку незнам од каде е набавен купен,можеби е производ и од нашата скопска стакларница(произвоство е околу 1953-1955 год,)
-----
-„Многу убаво слатко“, рече гостинката откога го проба.
Темата ја отварам во знак за благодарност и сеќавање на мајка ми и нејзиното слатко од дуњи/
 
Полека забавачиња не се туркајте,има од слаткото за сите. Не пљувајте на темата,не е културно.Кој кашла,нека стави рака на уста. Научете нешто како било пред 10-20-30 100 години традиција,не бидете лигави мрсулковци со интернет конекција.Или поинтересно е да читаме дека во англија традиција е кај 4-30 да се пие чај?
 
Picture 896.jpg.Picture 891.jpg.Picture 902.jpg Спомени на една
уништена „добра“ тема. Еве го натрапникот во браварскиот алат. Сврдле за тиква.
Иако ви дадов слики со асоциации за одговор, а доста ве збуни и четкава „за заби“
Белки нема и оваа тема да ја уништите,а и време е за правење слатко од тикви и дуњи.
--- надополнето: 11 декември 2013 во 20:45 ---
Името на темата, посебно СССР :pos:

А мислев да ставам само СССР
--- надополнето: 11 декември 2013 во 20:46 ---
Мислам дека СССР значи
Секое
Село
Свињи
Рани
:ROFLMAO::ROFLMAO:

не си во ЏДА,инаку може и Сваки Србин Сере Ретко
 
Еееееее тоа беа незаборавни врмиња поминати со слатко од сливи,јагоди,кајсии,гурабии или локум со чаша вода

Штета, денес ги нема овие работи....
 
Еееееее тоа беа незаборавни врмиња поминати со слатко од сливи,јагоди,кајсии,гурабии или локум со чаша вода

Жена ми и ден-денес понекогаш па и почесто со кафето,дава-става во тацната локум.
А сега читам во темата за гости требало најавување,инаку не им отварале.Срамота.
-------------
А се сќава ли некој на везените платна со плав конец,поставени над шпоретот,во секој дом
- ДОБРО ДОШЛИ МИЛИ ГОСТИ
ајде КУЛ, дај некој слики од овие работи или - СВАКОМ ГОСТУ ТРИ ДАНА ДОСТА и сл.
 
Златна тема...
@cool@ прв мавнал лајк, абе мајка Раша... :icon_lol:
 
Абе јас си преферирам бајадера и шери, нејќам слатко да ми даваат. :D

аха, само затоа што можеш и џебови да полниш,ако случајно остане на маса кутијата.
 
Жена ми и ден-денес понекогаш па и почесто со кафето,дава-става во тацната локум.
А сега читам во темата за гости требало најавување,инаку не им отварале.Срамота.
-------------
А се сќава ли некој на везените платна со плав конец,поставени над шпоретот,во секој дом
- ДОБРО ДОШЛИ МИЛИ ГОСТИ
ајде КУЛ, дај некој слики од овие работи или - СВАКОМ ГОСТУ ТРИ ДАНА ДОСТА и сл.
Таписерии беа во темно црвена и зелена боја и стоеа на зидот а до него железен кревет
 
Seuste go pametam slatkoto od Visni na baba mi,dve lazici toa i casa voda ni dorucek ni nisto ne mi treba.
 
Прегледај го приврзокот 79171.Прегледај го приврзокот 79172.Прегледај го приврзокот 79173 Спомени на една
уништена „добра“ тема. Еве го натрапникот во браварскиот алат. Сврдле за тиква.
Иако ви дадов слики со асоциации за одговор, а доста ве збуни и четкава „за заби“
Белки нема и оваа тема да ја уништите,а и време е за правење слатко од тикви и дуњи.
Anco, ама на ваков начин на цедење овошје никад не си се сетил, признај;)
5be74de864930dca6c3c7d2.jpg
 
Тоа мајка ми толку убаво го правеше,и дуњите не ги правеше во
форма или коцки туки ги рендаше на крупно ренде-за жал не ја знам рецептата,но се
сеќавам дека слаткото имаше прекрасна боја и вкус и на врвот на секоја тегла се
ставаше неколку ливчиња од некое миризливо растение - цвеќе.

Убава тема Анчо . Инаку ова растение е миск( нешто вака беше, зелен миризлив лист). Ова го ставаме и во слатко од бели цреши.

Fotografija-0089-300x225.jpg


Состојки

  • 1 кг бели цреши
  • 1кг шеќер
  • 1 чаша вода
  • 2 пак. ванилин шеќер
  • 1 лимон
Подготовка

Шеќерот и водата се ставаат да зовријат и потоа се варат додека не се добие слабо густ сируп. Потоа се додаваат црешите предходно исчистени од коските, измиени и исцедени. Се вари на посилен оган (малку помалку од најсилната мерка на ринглата) од прилика 20на мин. без мешање, само со протресување на содржината. со мешањето велат дека црешите можат да отемнат. На крај се додава и лимонот сечен на кругови и се вари 10-15 мин. Минута-две пред тргање на садот од оган, се отпенува (секако можи и пред тоа да отпенувате повремено) и се додава ванилиниот шеќер.
Слаткото се покрива со влажна крпа и се остава добро да излади пред да се собери во чисти, стерилизирани теглички.
 
Anco, ама на ваков начин на цедење овошје никад не си се сетил, признај;)
5be74de864930dca6c3c7d2.jpg

а,ти се закача,ајде да видиме,тоа на сликата ни од фета сирење урда не вади.
си ме терал да одам во подрум,и потоа сликам во купатило,за да не спијам надвор.Picture 1120.jpg.Picture 1119.jpg.Picture 1121.jpg е ова се преси
за сите видови овоштија и зеленчуци и камен да ставиш-сок ќе излезе, нема каде да оди на друго место,потискувачот оди до крај,на двете последни се менува и решетката на поситна. За лимон,портокал,јаболка, за пире ама и за качамак.Ај сега.
Ќе ти покажам утре некој постапки со дупчалка што се се уште употребуват кај нас.
 
а,ти се закача,ајде да видиме,тоа на сликата ни од фета сирење урда не вади.
си ме терал да одам во подрум,и потоа сликам во купатило,за да не спијам надвор.
Ќе ти покажам утре некој постапки со дупчалка што се се уште употребуват кај нас.
јас само прашав дали ти текнало некојпат да исцедиш поголема количина некакво овошје за сок на овој начин.
знам дека освен за мелење пиперки бормашини не користат за друго.....а можело
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom