S
Shellshock nam67
Гостин
Во февруари 1948, биле примени пораки за помош од повеќе бродови близу Индонезија, кои што ги испраќал холандскиот товарен кораб СС Уранг Медан. Морничавата порака се состоела од следните зборови: „Сите офицери вклучувајќи го и капетанот се мртви, и лежат во кабината и на мостот. Веројатно целиот екипаж е мртов. Оваа порака била проследена со уште една нејасна порака, а потоа следела и кратка порака „јас умирам“. Кога пристигнале првите спасувачки екипи на местото на настанот неколку часа подоцна, никој од коработ не се јавил на нивните повици. Кога се искачиле на палубата ја виделе една од најстрашните глетки кои што биле опишани во приказните за бродови – духови воопшто.Сиот екипаж и офицерите на Уранг Медан биле мртви, со очите отворени, со лицата свртени кон сонцето и изглед на ужас на нивните лица. Дури и бродското куче било мртво, кое како да умрело лаејќи на некој невидлив непријател. Кога им се приближиле на телата кои што се наоѓале во просторијата со бојлерите, спасувачката екипа почувствувала морници, иако температурата била близу 43 степени. Била донесена одлука коработ да се довлечка до пристаништето, но пред да тргнат, почнал да се појавува чад од него. Спасувачкиот тим набрзина го напуштиле Уранг Медан и едвај имале време да ги пресечат врските пред тој да експлодира и да потоне во морето.
До денешен ден, судбината на Уранг Медан останува мистерија.

До денешен ден, судбината на Уранг Медан останува мистерија.
