Српски турист загина во групна тепачка во Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинитивно никој не заслужува да умре на ваков начин... ова е срамота што се случува кај нас... Мене само многу ме зачуди што бара тој во Охрид сам на одмор, а колку што разбрав почнало како расправија за некоја девојка, а трагично загинатиот е женет со три деца од кои едно 9-месечно. Но секако, тоа во моментов е најмалку важно, не постои никакво оправдување за вакви мизерни настани.
 
Лурц, блиску е. Но, покојниот се упатил кон чаршијата со трчање, викајќи и барајќи помош, која очигледно не ја добил. Потоа, пак се упатил наназад, кон Охридската пошта, каде што е убиен. Е тука има бааги за одење!

Уште нешто ... неговото мртво тело било удирано со клоци по глава (!?!?!?!?!?!?!? замисли).

И уште нешто ...

Зошто видео материјалите се избришани (или барем се обиделе да ги избришат)?
 
А1 ретко читам, а на тагуваме му фалат наводници (ги заборавив:) )...се крева голема прашина зад нешто што и не знаеме што е. Самите изјави на сведоците и медиумите се многу спротивни па во сето тоа се вмешува и српски меѓународен криминалец...
Што се однесува до денешниот инцидент, што правиме кога и од самите нивни форуми се гледа дека и србите како појава ги имаат инцидентите од секогаш. Имаше некои коментари за инциденти со срби низ другите држави (Брисел, Црна Гора, Македонија...). Кога си во друга држава не се рчкаш превише.

Карпентер, дај кажи-, ја немам врска од ориентација меѓу тие објекти, а баш му ја мислев како и колку трчал низ центар

Лурц прво се извинувам ако бев малце груб во предходниот пост ,но да оставиме за србите и нивните рчки во странство како и за нивниот криминал туку топката да ја префрлиме на нашиве проблеми ,пред се на оние кои можат да се променат ,но тешко човек да се најде за таков подвиг.Пред се мислев на безбедноста твоја,моја и на нашите деца...
Зошто мораше да загине српски турист за да направи полицијата некаква акција ?Најверојатно само ради публицитет ...
 
Ама си брррззз, си ме цитирал, а јас го променив постот :)

Нема везе, пишав дека ми се згади од сево ова, посебно кога ја видов сликата како неговиот брат плаче...па решив да се повлечам. Со почит до момчето и сите кои вака недужно гинат
 
А и некој што ја спомна полицијата -што ќе ти направат 2ца полицајци во таква состојба :

1) Ќе се потрудат да сопрајт тепачката со што ќе го ризикуваат животот а и животот на некој добро познат охриѓанец(знаете во која смисла) и ќе повлечат голема одговорност.
2)Ќе чекаат да заврши тепачката .

Тоа 1)-то ни на филм го немам видено ...
 
Минатата година се удавија туристи од Бугарија,оваа година убиен Српски турист,Охрид со брзи чекори го губи авторитетот и респектот од соседните држави,или странство,стратегија?:toe:
 
Па ако е така поарно нека ја распуштат полицијата пошто не си ја врши нејзината основна функција, а тоа е да ги штити граѓаните. Се спомна дека истиве овие претепале турист од Австралија пред две недели а луѓево пак си се шетаат слободни и продолжуваат да тепаат, тоа не е нормална состојба за една држава.
 
Минатата година се удавија туристи од Бугарија,оваа година убиен Српски турист,Охрид со брзи чекори го губи авторитетот и респектот од соседните држави,или странство,стратегија?:toe:

Јас како охриѓанец кој не се занимава со туризам ,за авторитетот и респектот од соседните држави и стратегијата невикам дека не ми е гајле но мајко му стара има кој да се секира за тоа ,почнувајќи од државата,градоначалникот ,советниците па се до локалните лица кои се занимаваат со туризам. Е тие нека прават нова стратегија ако воопшто имаја некаква до сега.

--- надополнето ---

Па ако е така поарно нека ја распуштат полицијата пошто не си ја врши нејзината основна функција, а тоа е да ги штити граѓаните. Се спомна дека истиве овие претепале турист од Австралија пред две недели а луѓево пак си се шетаат слободни и продолжуваат да тепаат, тоа не е нормална состојба за една држава.

Па види сеа тие си ја вршат работата ако се степаме јас и ти , или некој вози во пијана состојба (ма да немора ни да вози туку само да се шета ) ,тогаш и од грмушка ке ти излезат. Но ако другиот што се тепа со мене или вози пијан е син на некојси(немора ни син туку да работи кај некого) ,ситуацијата е поинаква без разлика од која партија криминалецот -на крај краева ке испадне да е или со градоначалников или со некој од овие на државна власт.
Така е во Охрид ,од одамна.
 
А и некој што ја спомна полицијата -што ќе ти направат 2ца полицајци во таква состојба :

1) Ќе се потрудат да сопрајт тепачката со што ќе го ризикуваат животот а и животот на некој добро познат охриѓанец(знаете во која смисла) и ќе повлечат голема одговорност.
2)Ќе чекаат да заврши тепачката .

Тоа 1)-то ни на филм го немам видено ...

Што ќе направат 2 полицајци да напоменам кои имаат оружје со себе, неможат да извадат пиштоли ако треба па да ги видам обезбедувачите што ќе прават дали ќе имаат муда да направат нешто тогаш ? И срамота ова човекот цела чаршија ја поминал а никаква помош не добил макар и од обичен граѓанин да била таа.
 
Работата е што Охрид не е толку голем град ,и скоро секој на секого му има завршено некаква работа и секој на секого му е должен,од обвинители судии до сопственици на градежни претрпијатија.
Јас ти ја кажвам реалноста ,бар за тоа што имам видено и то не пред многу години кога мој другар повика полиција ,полицијата дојде и само посматраше додека се колеа овие и после за повредените амбуланта а за другите встаница(додека не разбраа од кого се и ги пуштија на слобода).

Заклучок - Ако сам не си се вардиш ни свети господ,ни света полиција ,никој друг не ти помогвит.(за ова време зборвам ,можеби посветла иднина следи,којзнае)
 
Знам дека е така цела полиција не само кај вас, за џабе им даваат бенифициран стаж кога се паразити и не ја заработуваат платата како што треба, пред 4-5 години мајка ми крадец дома фати (14-15 годишно дете) и се јави во полиција за да дојдат дури по 2 саати по тоа се гледа колку се ажурни ..
 
Какви глупости. Прво, баш ако е “меинстрим туристички центар“ (шо и да значи тоа точно) тепачки се нормална работа. Мислиш дека во Кан не тепаат пијани идиоти. И тука е најинтересниот дел, невиниот фамилијарен човек криво погледнал некого и го убиле од ќутек. Јок сине, волот пробал да опне нешто надвор од брак, се степале за девојка, тоа сите го пренесоа како вест и јас мислам дека е точно, никој не бива тепан случајно, а најмалку да погине. Вакви муабети на портпаролска говорница на сдс/вмро, нас овде не!
Прво, немаш факти за ова, значи ЛАЖЕШ.
Второ, типот бил ПРЕТЕПАН до смрт. Значи, ако гледаш Ал Џазеира па и они како човек фино лепо ќе те заколи. Овој бил ПРЕТЕПАН (втор пат го пишувам ова) до смрт.
Трето, никогаш немам слушнато некој да бил ПРЕТЕПАН до смрт (трет пат, за да ти влезе во глава што всушност се случило) во Дубровник, или Кан.
И, четврто, Охрид е преполн со мафијаши, кои едвај чекаат рчка и мене искрено ми се гади од тој град. Срамота, а кога имаше поплави одма можеа да цмиздрат на тв дека леле готово ни се поплави градот. Има Господ, нека прават вакви работи па послем и езерото че им биде мало.
п.с. Срам да ти е ова што го пишуваш , еј, животни малтретирале човек, и ти одма знаеш, сакал девојка, он вака правел, не бил верен... Срам да ти е. Искрено не знам родитлеите дома што ти прават, ама можеш со нив да позборуваш за товјот ментален склоп. толку ќе ти кажам.
 
ПРЕТЕПАН до смрт
Секоја тепачка може да доведе до Смрт. Тоа ќе ти го потврдат и докторите. И еден убод со нож во бутина или во рака може да доведе до смрт. Прошлата недела видов за 2 саати 2 такви случаи на ургентно.
И удар во тил, глава...некои инциденти доведуваат, во некои лицата се спасуваат. А коментарите дека момчето требало да седи мирно во туѓа држава, дека во последно време србите каде стигнат се тепаат... ги дадоа самите срби, неговите сограѓани- на нивните медиуми. Нека го остават да почива во мир, што праел не е битно толку, битно е да не се разгори омраза.
Да видиме овој случај како ќе заврши (каде српската полиција тек утредента интервенирала)
 
Секоја тепачка може да доведе до Смрт. Тоа ќе ти го потврдат и докторите. И еден убод со нож во бутина или во рака може да доведе до смрт. Прошлата недела видов за 2 саати 2 такви случаи на ургентно.
И удар во тил, глава...некои инциденти доведуваат, во некои лицата се спасуваат. А коментарите дека момчето требало да седи мирно во туѓа држава, дека во последно време србите каде стигнат се тепаат... ги дадоа самите срби, неговите сограѓани- на нивните медиуми.
Посебно ако земеш коцка и маваш некого во гради, и потоа му ја маваш главата додека лежи на земја. Помага и ако сте дваесет луѓе на двајца.
 
Прво, немаш факти за ова, значи ЛАЖЕШ.
Второ, типот бил ПРЕТЕПАН до смрт. Значи, ако гледаш Ал Џазеира па и они како човек фино лепо ќе те заколи. Овој бил ПРЕТЕПАН (втор пат го пишувам ова) до смрт.
Трето, никогаш немам слушнато некој да бил ПРЕТЕПАН до смрт (трет пат, за да ти влезе во глава што всушност се случило) во Дубровник, или Кан.
И, четврто, Охрид е преполн со мафијаши, кои едвај чекаат рчка и мене искрено ми се гади од тој град. Срамота, а кога имаше поплави одма можеа да цмиздрат на тв дека леле готово ни се поплави градот. Има Господ, нека прават вакви работи па послем и езерото че им биде мало.
п.с. Срам да ти е ова што го пишуваш , еј, животни малтретирале човек, и ти одма знаеш, сакал девојка, он вака правел, не бил верен... Срам да ти е. Искрено не знам родитлеите дома што ти прават, ама можеш со нив да позборуваш за товјот ментален склоп. толку ќе ти кажам.

Не знам дали очекуваш да се засрамам или нешто. Единствено можам да кажам дека сум разочаран од плиткото и еднострано размислување на најголем дел од форумџиите и потпаѓањето на медиумската фарса која од србинот ќе направи Мајка Тереза. Факт е дека, никој не е претепан од чиста мира. Ко што рече и Карпентер со неговите икс и ипсилон, човекот доста долго бегал, за на крај да биде фатен и здрвен. Значи прилично лоша работа направил на убиецот за доволно да го изнервира и убие. Ако било само за тепање, ќе си нашле насилниците друг попат да тепаат, немало да се мучат да го гонат ко загари.

А сега, бидејќи те мрзи да читаш сешто на темата, да ти дадам линк од непретепување на смрт од пост кој утрово го пишував на истава тема. Кликни ТУКА за да дознаеш како некој може да биде претепан до смрт во нашето туристичко соседство. :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom