СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТОШЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата јовица11
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Бебуле мое, никој досега не ме направил толку горда што сум Македонка, како ти. Те сакам*. А денешниов ден секогаш ќе го славам. Твој роденден, мој именден :back: .
 
Оф, 27 а?

Не сфаќам ни јас, како може да се слави роденден на некој кој веќе не е меѓу нас... али сепак, битен е фактот да знаеме што, ден е денес.
Денес не е денот кога ти посакуваме среќен роденден, денес е ден кога ја величаме твојата бесмртност.

Почивај во мир, Тошка.
 
Ако веруваме во тоа што веруваше тој, треба да веруваме и дека не е залудно да му го споменеме роденденот, а и да му го честитаме, затоа што тој тоа ќе го види и слушне.

Ах Тоше ... ми помина болката, а сега го имам повторно тоа прво чувство како не е можно дека не си повеќе со нас. Цел ден гледав емисии за тебе, со празен поглед, со неверување во сите зборови ... не ме трогнуваат повеќе сите работи кажани за тебе, затоа што конечно ваљда се помирив со вистината и сакам без тага да ги слушам твоите песни, да го гледам твојот лик ...
Треба да престанеме со плачот, кукањето и жалењето. Време е да продолжиме да те славиме, без навраќање на тој трагичен настан во кој те изгубивме физички. Психички нема никогаш да се случи тоа, па заслужуваш повторно секој да се насмевне кога ќе го слушне твоето име. Заслужуваш тоа да не е пропратено со негативни мисли и зборови.
Голем човек беше и ќе останеш. Заслужуваш во тоа име секој човек кога ќе се сети на тебе да направи една добра работа, со што ќе го продолжи твојот пат. Заслужуваш секој да има научено од тебе да ги сака сите луѓе, да е хуман, да е добар, да е среќен и насмеан и да го сака животот.
Заслужуваш, па еве од мене една насмевка на твојот роденден и едно ветување дека колку што можам ќе бидам како тебе.:smir:

Уште еднаш, почивај во мир и нека ти е вечна славата! :pipi:
 
Среќен Роденден Тошка

Не веќе меѓу нас , но доколку има Господ сигурно е до него.

Среќен Роденден Ангелу
 
Му честитате роденден на човек кој не е повеќе жив, кој не дочека да си го прослави. И уште па среќен.


Јас само ќе кажам дека уште не ми се верува што се случи. Жално, тажно и трагично што прерано згасна неговиот живот. И знам дека на сите ќе ни остане во спомен, сите ќе си се присетуваме на нашиот Тошка, ќе го спомнуваме неговото име, ќе го гледаме неговиот лик и ќе го слушаме неговиот глас.
Вечен!
тотално си во право,роденден се слави на живи луѓе,на денешен ден можеме само да се потсетиме на тоа колку беше тој голем човек,колку ни фали,колку го сакаме...
 
Пред 27 години се роди еден ангел кој побудуваше насмевки, расположение, веселби кај сите нас!!! После 26 години не напушти и не гледа одозгора... Почивај во мир, ангелу наш наголлем!!!



Те сакам повеќе од било што!


:(
 
НЕ ГО СЛАВИМЕ ТВОЈОТ РОДЕНДЕН...ЈА ВЕЛИЧИМЕ ТВОЈАТА БЕСМРТНОСТ...ПОЧИВАЈ ВО МИР ТОШЕ !
 
Почивај во мир најдраг и најмил наш Тоше
 
Многу зборови напишана во темава, јас само ќе додам:

Тоше знаеш дека те сакаме.така?

Легендо не си свесен колку не боли што те изгубивме. Впрочем зборовиве овде кажуваат се.
 
Не може да се каже нека му е срекен роденденот, малку е глупаво да му се слави роденден на починат човек, подобро нека го изберат денов како ден за неговиот спомен. На живите луѓе им се слави роденден но сепак нека му е вечна слава, почивај во мир секогаш ке го славиме твојот спомен.:icon_frow
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom