Ендру, ах Ендру!
Ендру е дебела виршла со циркони.
Каков е Ендру у кујна? - Гладен.
Каков е Ендру у претсобје? - Дебел.
Така ненадејно, ако на Ендру му се падни голема сума на пари (рецимо милион еврича), одма ќе смисли што да купи ... За јадење.
Така ненадејно, Ендру ако го слупат на пешчки (рецимо цистерна) мене ќе ми се деси момент - убила ме туџа срамота. У неговата browsing history, нема да најдат порн (ко кај секој нормален), туку слики од храна. Тру стори
Ендру е толку дебел, шо ко ќе застане на вага пишува to be Continued....
Ендру е толку дебел, шо пред некој ден го прибраа од Друштвото за заштита на животните мислејќи дека е рејдиохед морж.
Ендру е толку дебел, шо МАТ му наплаќа карта како да е багаж.
Ендру е толку дебел, шо ко оди на концерт на рејдиохед, стои до сите.
Ендру е толку дебел, шо ко збори со некој фејс ту фејс му се вклучува роаминг.
Ендру е толку дебел, шо продава сенка во лето.
Ендру е толку дебел, шо му се отвараат по две теми за хепи брдеј.
Ендру е толку дебел, што ако стават некоја пиги покрај него, истата би се искомплексирала.
Ендру е толку дебел, шо ко ќе и ги украде торбите на некоја баба и фане да бега, она сиротката си мисли, дека и помага малиов.
Но Ендру не е во музика само затоа шо е дебел. Ендру е најпозитивното и најпаметното дете шо сум го запознал или барем требаше да го запознаам (да не требаше да го чекам да се најаде пастрамајлии). Ја на негови години уше ластик си играв. Убав он, башка мудар. Ендру ни е миленикот у музика. Ендру, сви го вољиме. Ендру - еден, единствен, најголем

Среќен Роденден Ендру.