Среќен Божиќ, Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик

5EC812CA1D76314DAB71220449193F68.jpg

Православните христијански верници во Македонија утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик.

Во пресрет на Бадник, вечер во скопските маала и во другите населени места во Македонија ќе се одржат народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.
Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници.
Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

foto-1-trpeza1.jpg

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

За мноооогу години!!!!!!

12592_10151130565256534_1897819197_n.jpg
 
за многу години нека е​
 
За многу години нека е и нека ни е честит н сите македонци :)
 
Рано е бе брате ти 2 дена порано го кутна Исус од утробата на мајката,или се исплаши дека ќе ти ја украдат темата па си рече ај малку да ја убрзаме работава:icon_lol:
Како и да е нека ни е среќен празникот на сите и за многу години!
 
што тоа нема врска- ај доискажи се???
вечерва не се палат ли огнови? :eek:

Јас и вчера сабајле си запалив оган, пошо ко станав троа студено ми беше. Но, не честитав ни Божик, ниту пасха најавив.

А, огновите за кои зборуваш, ептен јак симбол се за „Господовото“ доаѓање.

Али, ај, терајте.
 
благо тебе:cenzura:
 
Пагански обичај, палење огон!

Ама, признај дека топло и на душа и на тело ти дојде кога си запали оган посабајлечки вчера и денес?!!

Јас им честитам Божик на сите православни рисјани и оние кои го слават иако можеби не се чувствуваат како такви.

И Ханука, на оние шо доцнат со палење на свеќите! :)

П.С. А паричката е погрешно на Бадник. Додуша, обичајот е на Василица, ама шо знает нашине попој!
А нема никаква врска со Ристос.
 
И ти терај,ама не се чешај кај што не те чеша бе. Ако си атеист не биди идиот. Немора да ставаш мирудии кај што не треба. Тоа важи и за тебе и за сите твои ''колеги'' кои со душа чекаат да дојде некој празник па да дробат.
 
Понекош и на струја се топлам, ама си викам, дај на дрва, пошо не знам која религија смета дека нивниот спасител се најавил со греење на струја, и то неколку дена однапред, па си викам немој, дан поткопаш некоја регионално - религиска нетрпеливост.
Убо е иначе, да. Среќа што е зима, инаку ако палеФме огној летоска, ќе беше многу лошо, ке ни се збурбатеше од толоќа.

Инаку, сега ќе згреам вода и ке си сварам неколку јајца, чунки ено кај е, уште 190 дена Велигден. Така да, среќни Божикни и Велигденски празници на едно. :D
 
И ти терај,ама не се чешај кај што не те чеша бе. Ако си атеист не биди идиот. Немора да ставаш мирудии кај што не треба. Тоа важи и за тебе и за сите твои ''колеги'' кои со душа чекаат да дојде некој празник па да дробат.

Не, не сим атеист. Дури и kriz имам на мене. Но, од рисјани попут вас, шо не си ја знајте верата, едноставно, нели, на чоек му се повраќа. Редовно. Константно. Без преседан.
 
Не, не сим атеист. Дури и kriz имам на мене. Но, од рисјани попут вас, шо не си ја знајте верата, едноставно, нели, на чоек му се повраќа. Редовно. Константно. Без преседан.

ок иди исповраќај се,ама остави не нас незналиците на раат да си честитаме празник. може ли ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom