Среќа

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
"Човекот е среќен онолку колку што самиот сака!"
 
Парите можат да те направат среќен,и те како можат,ама тоа е само моментална среќа,задоволство што го чувствуваш во моментот.
А среќен цело време не можеш да бидеш,има само моменти на среќа,и сеќавањето на истите те прави да се чувствуваш среќен кога не си во можност да доживееш уште еден таков момент.
 
Велат за се ти треба среќа, за да си здрав, за да имаш убав живот итн...
А како дефиниција за среќа незнам како би ја протолкувала, сепак мислам дека се работи за посебни моменти, неможеш долго да си среќен не постои такво нешто, но сепак тие моменти во кои ја чувствуваш среќата се најубави, исполнет си со потизитивна енергија, лебдиш, чувстуваш слобода, широчина во градите, дишеш чисто и длабоко, така барем јас ја чувствуам среќата, а најубаво се гледа во очите на другите, таму најубаво се распознава кога ќе видиш среќен човек го гледаш отсјајот во очите негови, со кои кажува се, сјајот негов го отлсикува блаженото чувство во душата, а тоа е моментот на Среќата.
 
среќа со пари не се купува...нема врска ако ги имаш сите луксузи дека ќе си среќен. Парите се потреба,а не среќа.
Сеќа според мене значи почитта,сакањето,љубовта,пријателствата, семејството,здравјето,насмевката..Сите овие споени во една целина го прават животот поубав,подобар едноставно посреќен
 
Не среќа да го имаш она што го сакаш, туку да го сакаш она што го имаш...
 
Ништо не може да те направи среќен... ни пари, ни љубов, ни ништо... Среќата во суштина сите сакаме да ја доживееме...единствено нешто кон што тежнее секој човек ама залудно е... на крај ќе си замине...

Не ја сакам среќата...Ја презирам...
Не сакам да се задоволувам со ситните трошки на животот доживувајќи ја среќата само на моменти и повторно не можејќи да ја почуствувам целосно наоѓајќи се под притисок дека ќе ја изгубам што и ќе се случи...

Затоа не одам кон неа.. Се трудам да одржувам баланс и да го одржувам на позитивно ниво моето расположение што ми овозможува се да ми е рамно...

Или кратко кажано:

"Човекот е среќен онолку колку што самиот сака!"


:smir::smir: Кој ме сфати добро е...
 
Кога една врата на среќата ни се затвора, ни се отвара друга, но ние не ја забележуваме, бидејќи гледаме во затворената...
 
Мислење #111 и #112, се согласувам потполно....и ќе додадам, среќата е во нас постојано, додека ние чекаме нешто невидно...животот ни минува во чекање. Доколу се потрудите во се што правите да најдете задоволство и да бидете внесени 100% сигурно тоа ќе ве направи посреќни. Среќата се живее секојдневно, ако секој момент го направиме максимално интересен, животот ќе ни се состои од интересни моменти.....каква среќа чекате
 
Во принцип мн мали работи,ситници знаат да ме направат среќна....Среќна сум што сум жива,здрава,што имам прекрасно семејство,одам на факултет,имам одлични другарки......Најсреќна сум што животот ми пружи уште една шанса,се чувствувам како да сум по 2-пат родена...А парите воопшто нe ме прават среќна,ок да имам за свои потреби,онолку колку што ми се потребни...Но не е се во парите...Нешто драгоцено,што неможе да се купи е здравјето...Така да треба да бидеме задоволни и со најмалите ситници и моменти што ни ги нуди животот...:toe:
 
Според мене среќа или несреќа не постои постои само искуство кое самите одбираме какво ке биде дали ке биде среќно или не.Секогаш самите сме си виновни ако сме несреќни, а несвесно секогас ја бараме грешката во други.
затоа според мене за да бидеш среќен не ја барај грешката во друг безразлика во каква ситуација се наоѓаш и никогаш не се сожалувај самиот себе нигде нема тоа да те однесе, размислувај позитивно, простувај безразлика кој колку те повредил и пред се сакај се себе си (али не мислам као нарцис) зошто ако не се сакаш себе никого не можеш да сакаш.

пц: Violet girl Најсреќна сум што животот ми пружи уште една шанса,се чувствувам како да сум по 2-пат родена.. како мислиш по втор пат родена?:nesum:
 
Шо е среќа ? .. Хмм .. па ко ке ти го опне некој и така си насмеан цел ден без нкакви грижи .. тоа според мене е среќата :helou:
 
Имав лошо искуство,всушност можам да кажам од тоа што ми се случи научив повеќе да го ценам животот,и имав навистина среќа што останав жива....Кога бев во лоша состојба,помислував само на моите родители,моите пријатели,кои не сакам да ги изгубам...Тогаш ништо не ми беше важно,само сакав се да помине,и да бидам онаа насмеана,секогаш позитивна,оптимистична,расположена девојка која како секој млад човек најмногу од се го сака животот.....:pipi:
 
А што ти се имА Десено ако не е премногу лично прашањево:kesa:
 
Ебати среќата во последно време ич неам на покер, ама се вадам на знаење. :tv:
 
Па мислам дека е доволно.....да не објаснувам се во детали....не мора секој да ја знае мојата приказна.....не сакам сожалувања.......има поубави работи во животот,од сеќавањата на лошите спомени......:salut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom