Среќа или памет

  • Креатор на темата Креатор на темата doorsi
  • Време на започнување Време на започнување

doorsi

Баџанак
Член од
26 мај 2014
Мислења
172
Поени од реакции
234
Макијавели вика дека успехот е 50/50. Вика дека пола работа треба сам да си ја завршиш со памет, работа, учење, а пола е среќа. Арно ама гледам успешни луѓе на кои на челото им пишува ропе, а од друга страна луѓе полни со памет и немале прилика да се покажат па се прилично сиромашни. Па вака ме интересира какво е мислењето на просечниот форумџија. Што е поважно за успех, памет или среќа? Во колкав процент сметате дека е среќа, а во колкав процент работа, труд, памет и слично? Дали е можеби предиспозицијата за успех од бога дадена т.е. причините се генетски ?
Ваши мислења.
Ако има ваква тема бришете.
 
Ја како прилично голем Макијавелист, ќе се сложам со него. За да бидеш најуспешен, потребен е тој прав баланс од 50-50. Меѓутоа за да те бива во нешто, може да се има и помала вредност на среќа, а повеќе памет. Најретка варијанта каде човек е успешен е кога има среќа, а не работи со памет. Меѓутоа ништо не е загарантирано, ваквиве вредности само повеќе ги зголемуваат/намалуваат шансите за успех, а не даваат гаранција за истото.
 
Секако дека паметот и интелигенцијата се важни, но неопходно е понекогаш и коцките да ти се поклопат во животот. Мора и среќа да се има, во животот освен паметот многу важни се и околностите во кои се наоѓаш.
 
Да,како што кажавте освен знаењето и интелегенција мора да имаш малку среќа.Еден човек неможе да го бидува за се.Во тоа поле кај што највеќе те бива треба и малку среќа да имаш.:)
 
Фино си кажува Макијавели. Пола од одлуките во животот ќе бидат после неочекувани и непланирани настани. Ако останеш пасивен на нив, тогаш ќе плачеш дека имаш лоша среќа.

For my part I consider that it is better to be adventurous than cautious, because fortune is a woman, and if you wish to keep her under it is necessary to beat and ill-use her; and it is seen that she allows herself to be mastered by the adventurous rather than by those who go to work more coldly. She is, therefore, always, woman-like, a lover of young men, because they are less cautious, more violent, and with more audacity command her.
 
Врски...Ако имаш памет,поголемите ќе видат конкуренција и ќе те остават на најмалата позиција или почетокот.
 
Памет. Па нели некој со тоа што го завршил факсот со 10,00 докажал дека е памет.
Поготово ако еве има и такви случаеви каде е тој и прв од пошироката фамилија со факс.
Односно потекнува од работничка фамилија кој и не знаат каде е тој факс,а не пак да збориме за некој привилегии од чичко или вујко бидеиќи и тие се со само некое КВ.
Значи не станува збор за некој врски,па се дошло до тие 10,00 туку 100% само од памет.
Но каде завршуваат овие „ПАМЕТНИ“ деца, а без ималку среќа.Ниту тие 50%,па ни 0,5 %.
Па има и такви што докажале дека се Памет, а се невработени и по долги години,иако баш и таа власт или држава им ја дала таа диплома-значи памет,ама не и среќа.
Додека пак некој плаколепачи и газолизачи,немат толку памет во себе,но имале пак за среќа со памет чичковци и вујковци,кој ги терале така и они да дојдат до некој памет, т.с до диплома на некој факс и со таков низок памет,можеби со само една седумка-ама и со среќа 102% си наоѓаат веднаш работа.
За жал таква е состојбата во оваа наша паметна -(не)среќна држава.За кого како.
 
Врски...Ако имаш памет,поголемите ќе видат конкуренција и ќе те остават на најмалата позиција или почетокот.
Тој што има памет ќе си го најде патот, поготово во денешниов свет каде е тоа многу полесно од кога било досега.

П.С Е сега ептен ако е баксуз не знам кој ќе биде исходот, но со памет и труд можеш лесно натпросекот да се избациш. За да бидеш на врвот потребен е труд, талент и среќа и тоа си е посебна приказна.
 
јас памет имам,среќа ми фали
 
Сите имаме различни дефиниции и престава за успех, така да темата ти е збунка.Плус среќата е апстрактен поим.
 
Комбинација од двете = успех.
 
Макијавели вика дека успехот е 50/50. Вика дека пола работа треба сам да си ја завршиш со памет, работа, учење, а пола е среќа. Арно ама гледам успешни луѓе на кои на челото им пишува ропе, а од друга страна луѓе полни со памет и немале прилика да се покажат па се прилично сиромашни. Па вака ме интересира какво е мислењето на просечниот форумџија. Што е поважно за успех, памет или среќа? Во колкав процент сметате дека е среќа, а во колкав процент работа, труд, памет и слично? Дали е можеби предиспозицијата за успех од бога дадена т.е. причините се генетски ?
Ваши мислења.
Ако има ваква тема бришете.
Успех?
Не постои таква работа во универзумов....продолжи си со спиење.
 
Не би го нарекол толку среќа колку добра проценка на околностите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom