Средношколски протести

Оваа строфа одговара со твојот коментар и позицијата на средношколците. (y)

Never cared for what they say
Never cared for games they play
Never cared for what they do
Never cared for what they know
And I know

Ако сакаш објективност, ќе треба сам да ја креираш.........Сега дали ти си вклучен во таа игра?
Во ниеден случај. Јас моето образование го завршив одамна и колку што ме држи сеќавањето имав еден неоправдан во 4 години и отсустував оправдано не повеќе од 3 дена во 4 години. Неоправданиот беше заради протест, на кој се каам што присуствував. Добро, не се каам онака со кошмари навечер ама да се вратам не би одел. Еве ти уште една пикантерија - и тогаш на власт беше оваа партија а опозицијата преку свој сојуз на средношколци организираше протест. без разлика, присустував, пошто исто као тебе не ме интересираше кој е позади се тоа кога целите се чисти нели. Ме повика другарка која знаев дека она и мајка и се членови на СДС ама онака лабаво врзани не некои активисти. Не ми е тоа поентата на муабетот. Години после тој настан сега таа другарка со која не ни зборам веќе е истакната ВМРОвка. :) Иронија судбине.
 
Последно уредено од модератор:
По втор пат. Јас немам допирна точка со Пленумот. Но го подржувам и ќе присуствувам на следниот марш дефинитивно (пред се ако бидам во можност, но најверојатно ќе најдам време и начин да дојдам).

Тогаш кој е креаторот на правилата на играта? Кои се играчите и најважно правилата на играта? Ако се вклучи манипулацијата тогаш да, јас искрено сметам дека си дел од таа игра за манипулација на јавноста. И тоа не го приметив само јас, туку речиси сите членови кои коментираат на оваа тема. Но и тука по втор пат. Јас лично немам ништо против. Без таквите ставови нема дискусија, а кога станува збор за образованието секогаш мора да постои активна дискусија, без разлика на тоа дали е протест, закон, квалитет на образование или општи и прости проблеми во образованието.:)
 
Дипломата на брутош е книшка од мвло

Sent from my Galaxy Note 4 [SM-N910F]
 
Стварно длабоко се извинувам на изразот кој ќе го употребам ама кога ќе го прочитам ова или нешто слично искрено ми се присерува!!

Некој го имаше напишано и пред некој период на темава (а можно е и ти да беше) и стварно тоа е таа реченица која од такт ме вади. Какво топорење на исто рамниште на инженери, математичари или не знам што. Ранг од стилот на чукање во гради "Јас завршив факултет имам високо образование" на улица може да го сретнете од секој и секого и тоа ако ви пречи си имате проблем со самите себе што дозволувате фурањето на одредени личности да ви влијае.

Додека официјалното рангирање се врши на еден и единствен начин а тоа се разбира е пазарот на труд. Ако оние кои ти ги сметаш дека не се факултети (маркетинг, филозофски) не се потребни на пазарот на трудот и се суфицитарни тогаш самите ќе си имаат проблем при наоѓање работа и снаоѓање во животот. Значи нема што тебе да те загрижува рамнењето на исто ниво со оние професии кои толку многу ги цениш. Пазарот сам ќе си направи селекција и затоа ти уживај си.

Единствено може тебе да ти биде криво што некој завршил на факултетите за кој сметаш дека се потребни два дена да се завршат и успеал многу повеќе во животот од некој што ги завршил толку ценетите факултети. Значи не е се до дипломата колку што е до квалитет кој стои зад таа диплома. Ако еден економист заврши факултет со знаење и притоа со широка практична примена за понатаму во животот да успее да заработува пари од сопствените интелектуални способности, верувај многу повеќе ќе заработи од математичарите со плата од 25000. Реков и порано и пак ќе кажам. Општествените науки се такви што полесно се стига до теоретска диплома, но многу потешко се стига до реален принос од таа диплома. Техничките, природните науки се тешки да се завршат и по завршеното образование знаењето им се одразува веројатно, но имаат доста поограничени можности.

Така да џабе им е на оние кои студираат општествени науки само за диплома и тие воопшто не треба да те загрижуваат при нивното мерење. Додека пак оние кои студираат општествени науки, но се со големи способности од истите и тоа како имаат голема можност во животот да успеат и да заработат од било кој техничар, математичар или нешто слично.

ОК, ако те вади од такт, јас ти се извинувам, но тежината на техничките и природните науки е неколкукратно поголема од другиве. Тоа е вистината. Некои од факултетиве не ни треба да се од тој ранг (ВСС), туку некој вид на курсеви, специјализации, нешто како спасувач на плажа, или глума...

Нека се навредува кој колку сака, но математичар не може да биде секој (обично оние кои не сакаат многу да учат, па добро се „ухлебиваат“ во невладини организации, каде што не ни треба некое школо). Јас на пример, како ученик, не ја сакав хемијата (иако бев одличен, имав петка, заслужена), но никогаш не протестирав да не учам хемија. А башка што е навистина тешка наука (не е за НВО).

Јас не мислам дека не се потребни „кадри“ од општествените струки, напротив... требаат. Но, капацитетот и потребата од „математичари“ е многу поголема. Како и за лекари, итн...
 
Во Корчагин и Ѓорѓи Димитров инспектори барале податоци од родителите на учениците
прочитано 574 пати
05-05-2015 12:54:41

Вчера и денеска во скопските гиманзии „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Горѓи Димитров“ лица кои се претставиле како инспектори барале од учениците од прва и втора година, кои протестот го реализираат во училиштата да им ги дадат податоците на нивните родители. Вакви и слични притисоци врз учениците има и во средните училишта во останатите градови од земјава. Дел од училиштата веќе закажуваат родителски средби, пренесе порталот Плусинфо.



Се барале лични податоци на двајцата родители – име, презиме, каде работат, број на лични карти и адреса на живеење.
На децата им било посочено дека податоците ќе бидат употребени за да им се напишат казни на нивните родители од 2.000 евра за тоа што тие не одат на училиште.

Ова беше потврдено и на денешната прес конференција на средношколците во Паркот на новинари.

Силен притисок се врши и на родителите кои работат во јавниот сектор, но како што изјавија родители, тоа нема да придонесе за решавање на бојкотот, туку Министерството за образование треба да ги разгледа барањата на средношколците, зашто се легитимни.
 
ОК, ако те вади од такт, јас ти се извинувам, но тежината на техничките и природните науки е неколкукратно поголема од другиве. Тоа е вистината. Некои од факултетиве не ни треба да се од тој ранг (ВСС), туку некој вид на курсеви, специјализации, нешто како спасувач на плажа, или глума...

Нека се навредува кој колку сака, но математичар не може да биде секој (обично оние кои не сакаат многу да учат, па добро се „ухлебиваат“ во невладини организации, каде што не ни треба некое школо). Јас на пример, како ученик, не ја сакав хемијата (иако бев одличен, имав петка, заслужена), но никогаш не протестирав да не учам хемија. А башка што е навистина тешка наука (не е за НВО).

Јас не мислам дека не се потребни „кадри“ од општествените струки, напротив... требаат. Но, капацитетот и потребата од „математичари“ е многу поголема. Како и за лекари, итн...
Не негирав никаде дека тежината на природните и техничките науки е поголема од другите. Точно е дека тоа е така, во нитуеден дел не го реков спротивното. Она што ме вади од такт е "израмнувањето" на професиите кое тебе и на други луѓе им пречи. Се што сакав да кажам е дека тоа израмнување не треба вам да ве загрижува оти си има механизам кој го прави тоа израмнување. А тоа што тебе или на некој друг му пречи некој ако се чука во гради со завршен приватен факултет на пример на Универзитетот за туризам и менаџмент е сосема друга работа и ваш личен проблем. Не треба да се замарате со вакви ликови.

Суфицитот од општествени кадри и дефицитот од кадри од природните и техничките науки го направи државата со лошите реформи во високото образование. Се обидува тоа да го поправи преку бадијала кампањи за запишување на дефицитарните факултети, но касно е веќе. Требало на време да помислат кому даваат акредитации за вршење на високо образовна дејност. Никој друг не е крив што постојат срања од приватни факултети каде што со пари се стига до диплома.
 
Намќорот Пешевски веќе рече дека главните барања на средношколците се прифатени и дека тие треба да се вратат на настава....и МОН веќе нема да реагира! Нова лага. А тв Шител како куртон медиум нормално, ја пренесе оваа информација.

Каде е Адеми? Зар е толку глуп па да не знае да склопи 2 реченици на македонски јазик? Зар не знае да преговара? Што е со него?
 
Јас сум да им се остварат сите барања на средношколците, ако не сакаат матура не мора, ако сакаат никој да не ги проверува и тоа немора. Тие така решиле така нека им биде. Нека си протестираат и истите барања нека им се задоволат. Потоа самиот систем ќе ги насочи и ќе се пронајдат кај се во него. Тоа непознава граници. Јас бев средношколец кога тогашната власт ме тераше да полагам за да се запишам средно, па ме фати и да полагам за да се запишам и на факс. И тоагаш мои соученици протестираа, ама искрено учењето, знаењето и желбата да знаееш повеќе и да си поинформиран секогаш се исплати. Тој што си учи сега си е успешен. Зар нема сега симпатизери на опозицијата што се учени и образовани и што работат за оваа држава и придонесуваат за нејзиниот напредок или само да гледаме да задоволиме една генерација. Па јас сум една генерација на уништени соништа за тоа време, сега што ми фали се имам. Тогаш сакав GT-bmx, ама немаше, а некој и тогаш имаше. Сегам имам за мојот син, а за мене SCOTT.;) Ама секогаш го ставам образованието и учењето на прво место, тоа не значи дека се јас научив од книгите во школо, ама затоа имам прочитано многу и уште читам многу за тоа што - еде'н живот , што викав кумановци:)
 
Намќорот Пешевски веќе рече дека главните барања на средношколците се прифатени и дека тие треба да се вратат на настава....и МОН веќе нема да реагира! Нова лага. А тв Шител како куртон медиум нормално, ја пренесе оваа информација.

Каде е Адеми? Зар е толку глуп па да не знае да склопи 2 реченици на македонски јазик? Зар не знае да преговара? Што е со него?
Јас се прашувам како децава што не одат на училиште ќе ја завршат учебната година? Сем ако им ги „подарат“ сведителствата. Толку време непосетување на настава би значело повторување на годината.
 
Јас се прашувам каде е Адеми? Ако еден професор не оди на работа 3 дека, а претходно не дал образложение зошто, ќе биде отпуштен. Него платата му легнува на сметка додека тој иде по саеми или пак лежи дома. Претходно добил едно дипломче на поклон, а сега и една министерска столица.....добивам впечаток дека тој смета дека не треба ништо да прави, а се' треба да добие само затоа што е “интелектуалец“ и министер (за неука). Па и шефот има права, обврски и задолженија кои треба да ги изврши преку тој работен период. Што прави тој?

Сето тоа може да се надокнади, но потрошеното работно време залудно не може. И ти немаш деца или внуци? Ако немаш сега не значи дека ќе немаш ни во иднина. Дали сакаш да учат во ваква мизерија или да одат во странство и таму да се образуваат? Јас со ваквиот однос каде што се' оди за пензионерите се чуствувам изолиран и туркан до границите на некоја од соседните земји. Зар тоа не е вистина?

Ако системот не функционира, тој нека се промени, поправи, а не само да се седи и критикува како тоа младите се глупави, не сакаат да учат, не сакаат да работат (а работа нели има!).....тоа се се погледи позади розевите наочари. Малку спушти ги (макар да ги зачистиш) и ќе ја видиш грозната слика каде што се наоѓа образованието.

А утре пак да се дигнат студентите револтирани од универзитетските домови, ти ќе направиш копи- паст на претходниот коментар и ќе го постираш на другата тема. Дај прочитај, истражи, дознај, донеси заклучок и потоа кажи ја пресудата. Вака таа не е полноважна од причина што е снимана од еден агол.
 
Да се бориш и залагаш за подобар образовен систем и во исто време да одбиваш да полагаш математика,не оди заедно.
Но нека бидат во филм дека ке го променат системот и ке го обликуваат како тие сакаат на 16+
Ученици кои не можат да се соочат со нови правила или предизвици,да учат ,туку им е поедноставно да протестрираат ,ќе бидат полоши и од наставниците кои ги критикуваме.
 
Каква пуста математика!? Ако јас или ти, не е битно, ќе одиме потоа на одреден факултет каде што таа нема да биде потребна, зошто тогаш да ја полагаме? Главното прашање кое си го поставуваат средношколците.

На матурата се бираат предмети преку кои со утврденото знаење со положувањето на државната матура ученикот ќе се запише на посакуваниот факултет (или барем ќе се обиде). Но не значи дека ако јас не сакам нема да можат да полагам. Таа ќе биде изборен и така треба да функционира во сите училишта, без никаква дискриминација на ученикот со аргумент дека тој е запишан во природно математички смер и со самото тоа мора да учи математика! Мора само да се умре. Друго се се' прави по и со желба.

Би било убаво да ја прочиташ цела тема (знам дека е напорно и има многу мислења), но веќе дискутиравме дека новиве измени нема ништо конкретно да придонесат за квалитетот на образованието, баш напротив со нивните негативни страни (а ги има многу) тие ќе го доуништат ова образование. Кревкоста на образованието ќе добие цврстина и форма само во сличај ако се искорени проблемот, ќе се најде разумно решение и истото успешно се примени во пракса. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom