Делија, само ќе те цитирам за ова болдот. Таа територија беше изгубена одамна, кога не постоеше независна Македонија, кога не постоеше ВМРО како званична партија. Не знам дали имаш живеано на Косово, јас да...во 70-тите во Качаник, после во Гњилане. Уште тогаш, иако сме македонци, не бркаа отворено. Мојот татко беше лекар во Качаник и знаеш што неговите соседи албанци тогаш му велеа? "А зашто ви недиете одавде, шта чете ви овде, ово није ваше". Лекар кој ги лечеше од се и сешто (знаеш како селски лекари се се и се у село-тогаш беше едно поголемо село) отворено го негираа и му велеа да си оди. Понатаму, почетокот на 80-тите во Илустрована Политика постојано излагаа написи со "куќа на продажба", патешетствија од Косово накај Белград... Ги знам точно какви беа приликите и таму и тука пошто имам баш тој период живеано и гледано што се дешаваше.
Ова го кажувам за да се сетите дека не е од сега и не е сега оваа земја за србите изгубена. Одамна е, а Македонија како и Црна Гора отворено да збориме не се којзнае кои фактори дали Косово ќе опстојува како држава или не...знаеме многу од политиката овде кој го има крајниот збор, за жал. Но обвинување дека ради нас не знам што се десило ...или потенцирање дека е српска земја...зошто тогаш не направија ништо на овој план за зачувување на целоста на државата? Од средината на 80-тите србите немаа притисок од сојузната власт (како претходно под Титовиот режим) па можеа да делуваат и малку поинаку...но сето тоа беше местенка, постојано го гледавме Милошевич како држи говори во Косово во стилот -вас нико нече да вас бије...а постојано гледавме силувања и тепања. А штета, го гледаа човекот како спасител. Ама и тој ги изневери.
Како контрапрашање може да размислуваме според ова погоре:
Зошто српската држава бара виновници за нешто за кое самата дозволи да го изгуби (дали местено или не...)?
Ти си србин -моја претпоставка, најверојатно имаш роднини, прашај ги постарите што точно се дешаваше, кој го смени уставот 1974, каков беше егзодусот од Косово и кога, дали немаше опција да се смени нешто...јас сум сигурен дека имаше можност. А зошто се дозволи ваков тек...Македонија е најмалку виновна.