Србија упати протест до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата tomislav1978
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера САД најавија продолжување на преговорите непосредно помеѓу Србија и Косово со траење од најмалку 120 дена но најверојатно со друг посредник без Ахтисаари.Со тоа се исполнија моите предвидувања дека Косово нема да добие независност онаква каква што Албанците посакуваа туку нешто друго слично како независност но во стилот на Босна,односно на една страна ќе биде вукојебината Косово а на друга страна ќе биде Српскиот дел со Митровица комплетирана со Трепча која е единствениот вреден дел на Косово.
 
SAD samo barat povod unilateralno da go priznaat Kosovo vo slucaj na rusko veto.

Povodot vo ovoj slucaj bi bil 121ot den.
 
Русија парира контра замислата за унилатерално признавање и вели дека би ја признала Калифорнија доколку САД го признаат Косово,едноставно доколку некоја држава на САД го побара тоа од Русија,во иднина и би била брзо призната доколку се случи Косово така едноставно да стане независно.Се разбира дека би настанале импликации какви што само до вчера не се ни замислуваа.Токму затоа ова со Косово малку ќе потрае ама малку подолго и нема да биде онака како што замислува САД и Антонио Милошовски.:)
 
Саркози - Независно Косово е неизбежно


Независноста на Косово е неизбежна, но потребно е уште малку време за да се избегне вето на Русија во Обединетите нации (ООН), изјави синоќа францускиот претседател Николас Саркози.

Овој став Саркози го соопшти за време на видеоконференцијата со францускиот генерал Ерик Арно, командант во северната зона на силите на НАТО во Косово.



Dali Srbija ke upati protest i do Francija??
 
tomislav1978 напиша:
Саркози - Независно Косово е неизбежно


Независноста на Косово е неизбежна, но потребно е уште малку време за да се избегне вето на Русија во Обединетите нации (ООН), изјави синоќа францускиот претседател Николас Саркози.

Овој став Саркози го соопшти за време на видеоконференцијата со францускиот генерал Ерик Арно, командант во северната зона на силите на НАТО во Косово.



Dali Srbija ke upati protest i do Francija??


Саркози мисли дека ако испие некоја чаша фазла од Путин дека ја легнал мечката,а заборава дека ќе треба да се соочи со работи за кој досега не ни помислувал дека Франција ги прави за Србија и обратно ама преку Русија.Е сега кога малку ќе се отрезни од победата верувам дека ќе ретерира со своите непромислени ставови.Нормално е дека попат лобира и за Тони Блер да стане председател на ЕУ ама си велам и дека Германката Ангела нема да заспие особено кога чуствителните вентили на Русија се во прашање.
 
Демек - демек!
Тресла се гора - родио се миш!
 
Komentarot e sosema na mesto ABC, tekot na nastanite e nizbezen sakal toa nekoj da go vidi ili ne seedno. note: Francija e tradicionalen podrzuvac na Srbija.
 
Мораше овде...

Хаха трагедијата е во тоа што постојат Голема Србија, Сан Стефанска(Голема) Бугарија, Грција (овде не пишувам Голема бидејки поголема од ова здравје) и уште Бог знае што ГОЛЕМО но никогаш и никаде не се спомнува Голема Македонија. Зошто па лесно. Ако Македонија би била во своите етнички простори тогаш таа сеуште представува една Македонија. Таа сеуште би била монолитна единица во која што наставката „Голема“ би немала место. Со овој добар разум и оваа самосвест ни тргнавме во креирање на нашата држава во која евентуално се одкажавме од се и останавме со Вардарска односно денешнава наша (а сепак незаменлива) Република Македонија.

Проблемот е во то што можеби ние не покажуваме доволно храброст, доверба и упорност во тоа што навистина го сакаме. Можеби еднаш веќе како држава и нација треба да застанеме со еден став спрема сите наши „душмани“, а едномислено и бескомпромизно да ги исфлиме кодошите. Можеби треба и да претераме, можеби и треба да го бараме по страстно и со полна вера во Бога и самите себе тоа што ни следува, а и упорно да им нанесуваме тешкотии на тие што ни се подсмеваат со тоа што ќе бараме нешто од нивниот атар. Бидејки со барање на нешто повеќе ќе добиеме тоа што требаше одамна да го имаме. А не „ова ни е добро“ па сега останавме со ПЈРМ и Славо...(не ни го кажувам). Бидејки во тоа време кога не јадеа од југ, тие не јадеа бидејки бевме слаби! Не слаби како држава, но слаби како карактери. Ние бевме кревки во нозете и леки во паметот, па попуштивме. Но да сме го барале тогаш тоа што од купелот ни следува, денеска Република Македонија не ќе имаше повеќе хектари или пак море во своите граници, но ќе имаше име МАКЕДОНИЈА и народ МАКЕДОНЦИ, со други зборови ПРАВА и НАША ДРЖАВА.

Голема Албанија нема да ни го реши проблемот, како што ни Голема Србија(Вардарска Бановина) ни „Блгарска Македонија“ ниту пак денешната „Еланика Демократиа“. Можеби тоа би бил привремено решение (ако недај Боже дојде до некои крајности) но што ќе биде кога за западен и северозападен сосед би имале една држава која што да бидеме реални би била полоша и од оваа денешната? Која корист би имала Македонија ако таа „лошотија“(тоа е од наша перспектива, за нив тоа е сосема оправдано) има повеќе простор и поголема површина за нивните криминални (за нив оправдани) дела? Или пак каква корист би имала Македонија кога ресурсите природни и финансиски би се исцрпиле од тие ново-припоени (кон Албанија) територии, и тие хорди повторно почнат да се селат во сите можни светски правци? НИКАКВА КОРИСТ БИ НЕМАЛЕ!!!

Со втемелена Вера, Цврст и оформен став, како и Вешта политика, Македонија би можела да го зачува своето без да дојде до каква и да било дестабилизација. Албанскиот блок во Македонија треба да се преиспита па и тие да почнат да придонесуваат во развојот на земјата во која што и тие ги имаат сите права како што и ние. Па кога тие би инвестирале и сами вложеле труд во неа, ниту тие не би прифатиле за едно нејзино распуштање. Бидејки Голема Албанија не сака човек кој што продава јагоди на патот Скопје-Тетово, туко тоа го саке некој кој што му ги купува јагодите а потоа му ги зема парите преку „условна заштита“ (а тоа земјоделецот не го сака).

Не треба да се претерува со посакувањата и желбите, за да не не снајде тоа што го снајде нашиот северен сосед. Но сепак треба да ја сакаме Мала Преспа за да си го имаме Тетово.

(ова беше за темата „Голема Албанија спас за Македонија“ но додека го пишував ја заклучија).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom