Твојата мала доза за повеќето беше еуфорија, нема врска, нивно право. Вие златни не се радувате толку и не го прославувате денот на независноста на Македонија (8 септември, да ве потсетам) и Илинден (и 1903 и 1944), патем речено историски датуми, во кои учество зеле и дел од Албанците (ако не се лажам..), туку независноста на Косово ви е најсветол ден во историјата, после денот на независна Албанија и денот на знамето (барем така изјавуваа повеќе Албанци).
Добро, еве по втор пат, ти појаснувам, не сум Србин, ниту србофил. Дали поддршката на еден протест (со зборови, бидејќи јас не протестирав сепак таму) против бомбардирањето на невини цивили ме прави тоа?!? Или пак, каде јас сум изјавил дека ја поддржувам српската официјална политика или доктрина?!?
Можеш да најдеш и Албанец и Македонец и Црногорец и Босанец и Хрват кој не ги поддржува бомбардирањата врз цивилно населени, па сепак тоа не ги прави Срби или србофили.
Да, Србите вршеле терор врз македонското население. Историска вистина од која нема бегање. Исто како што вршеле и Арнаутските чети (од османскиот период), "Бали Комбетар", па се до УЧК/ОНА. Но, да се храниш себеси со помислата дека врз невини цивили паѓаат авионски бомби, дека умираат деца (кои не се воопшто криви затоа што се нашле таму), е сепак нечовечки и нефер.