Squirting (женска ејакулација)

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
ИСТОРИЈАТ

Во 20-тиот век западната култура и цивилизација се стекна со убедувањето дека жените се неспособни за интензивен оргазам, освен преку стимулација на клиторисот. Ова беше зајакнато од страна на Masters & Johnson, чие истражување тврдеше дека клиторисот е единствениот извор на задоволство кај жените, иако многу жени откриле дека тоа е далеку од вистината.

Ова погрешно сфаќање на женскиот сексуален потенцијал опстојуваше до 1950 година, кога еден напис на берлинскиот гинеколог Ernst Grafenberg отвори расправа за областа на Г точката. Во неговиот оригинален труд тој докажува дека кај некои жени постои една точка во внатрешноста на предниот ѕид од вагината која, кога е правилно стимулирана, предизвикува интензивни оргазми, а кај некои жени дури и ејакулација на нешто погусто и полизгаво од урина во текот на најсилните контракции од оргазмот.

Сериозно истражување не е направено сè до 1978 кога Perry и Whipple ја објавуваат документираната и опширна студија која го потврдува написот на Dr. Grafenberg. Повеќето сексолози сега веруваат дека секоја жена има Г точка, но таа е можеби неактивна поради недостаток од стимулација.

Beverly Whipple, коавторот на "Г точката", вели дека постојат две причини поради кои "точката" била занемарена од страна на толку многу лекари: "Првин, бидејќи се наоѓа на предниот ѕид од вагината, а таа област вообичаено не се палпира, и второ, кога се палпира се добива сексуална стимулација, а докторите се обучени сексуално да не ги стимулираат нивните пациентки. Но, гинеколозите кои палпираа според нашите упатства ја открија и рекоа 'Господе! Таму е! Во право сте!'"

Ако погледнете во литературата од последните 50 години ќе помислите дека жените започнале да ејакулираат од 1980 година. Секако, ова е апсурдно, и само покажува колку "експертите" со децении може да грешат за речиси што и да било. Многумина знаеле дека експертите грешат, но немале успех во убедувањето. Непотребно е да се каже дека ова довело до многу проблеми, излишни операции (за да се ‘поправат’ кутрите жени кои ејакулираат), скапа психотерапија (која открила дека "проблемов" го предизвикува она што се случувало кога биле деца), а во некои случаи дури и развод на бракот. "Г Точката" од 1982 година, Alice Kahn Ladas, Beverly Whipple, и John D. Perry, содржи дузина писма од жени кои поминале преку најразлични лични трагедии, бидејќи ејакулирале додека воделе љубов. Лекарите, гинеколозите, и психијатрите, сите без исклучок им кажувале дека всушност уринираат и дека е потребна или хируршка интервенција или психотерапија. Во мај 1981 година Newsweek објавил еден напис насловен како "Колку Точно Се Разликуваат Половите". Една од главните набројани карактеристики била дека мажите ејакулираат, а жените не.

Како и да е, Аристотел пишувал за женската ејакулација, Гален знаел за неа во вториот век од вулгарната ера. Древните култури го прифаќале она кое ние дури од неодамна го "пронајдовме". Откриени се записи што потекнуваат уште од 4-ти век пред вулгарната ера, кои говорат за разликите меѓу женската "црвена и бела течност". Дури и американскиот Индијански фолклор зборува за "мешање на машките и женските флуиди" во текот на секс.

Женската простата, која ја создава течноста од ејакулатот, до некаде била опишана од страна на De Graaf во неговата "Нова Расправа Во Врска Со Генеративните Органи Кај Жените": "... во текот на сексуалниот акт, за подмачкување на каналот таа лачи толку обилно што дури истекува надвор од пудендата. Ова е всушност материјата која можеби се сметала за женско семе." Тој опишува течност која "извира" под "притисок" и "со излевање."

Медицинската заедница конечно била разбудена во 1980 година кога Perry и Whipple прикажале филм за жена која ејакулира пред SSSS (Society for the Scientific Study of Sex). Martin Weisberg, M.D., гинеколог во Универзитетската Болница Томас Џеферсон од Филаделфија одговорил, "С...е, поминав половина од мојот буден живот испитувајќи, расекувајќи, составувајќи, отстранувајќи или преместувајќи женски репродуктивни органи. Не постои женска простата, и жените не ејакулираат!"

Сепак откако го видел филмот и лично присуствувал на настанот го променил исказот: "Вулвата и вагината беа нормални без абнормални маси или делови. Уретрата беше нормална. Сè беше нормално. Потоа нејзиниот партнер ја стимулираше со ставање два прсти во вагината и движејќи ги долж уретрата. На наше запрепастување, областа почна да отекува. Постепено стана како тврда, еден до два центиметри овална област, впечатливо различна од остатокот на вагината. По неколку мига субјектот изгледаше како да изведува Валсалва маневар (напнувајќи се како за дефекација) и само секунди подоцна неколку кубици од млечно бела течност прснаа од уретрата. Анализата на материјалот опишан во трудот (на Perry & Whipple) е точна, неговиот состав е најблизок до простатичната течност".

ОСОБИНИ НА ТЕЧНОСТА

Додека сите жени поседуваат Г точка, проценето е дека помеѓу 10% и 40% од жените се способни за ејакулација. Г точката не мора да биде стимулирана, но повеќето жени велат дека нивното прво ејакулаторно искуство потекнало од масажа на Г точката. Одговорот варира од лесно прскање до голем излив.

Иако жените чувствуваат мала желба за уринирање непосредно пред ејакулацијата, течноста воопшто не е урина. Ниту пак потекнува од Бартолиниевите жлезди кои произведуваат млечна, секреција без мирис која ја подмачкува вагината кога е сексуално возбудена.

Денес знаеме дека разликата меѓу жените кои прскаат и оние кои не го прават тоа е во бројот и големината на нивните парауретрални жлезди. Тие се аналогни на стотиците мали жлезди кои ја сочинуваат машката простата и се одговорни за 15% до 50% од течноста на машкиот ејакулат.

Митовите дека женската ејакулација е резултат од слаба контрола на мочниот меур, или прекумерна секреција која се слева од вагиналните ѕидови и се собира во вагината за да прсне надвор во текот на силните мускулни контракции на оргазмот, е докажана како погрешна.

Покрај прочуената студија на Whipple и Perry во врска со написот на Dr. Ernest Grafenberg од 1950 за точката, истражувачот Ed Belzer од Нова Шкотска го истражувал хемискиот состав на женскиот ејакулат. Helen Robinson и Sharon Pietranton во Флорида работеле со групи од жени кои ејакулираат.

"Женскиот одговор на непосредна стимулација на Г точката е идентичен со машкиот кога е стимулирана нивната простата," забележуваат Perry и Whipple. Првите неколку секунди произведуваат силно чувство дека треба да уринираат. Ова чувство трае од две до десет секунди, можеби подолго, пред да се промени во назначено сексуално уживање. Whipple сметал дека повеќето жени, кога се соочени со оваа сензација, го воздржуваат нивниот сексуален одговор за да го спречат наводенувањето на своите партнери. Perry теоретизира дека ова е можното објаснување зошто дури 25% од американските жени никогаш немаат оргазми – тие од порано научиле да ја избегнат непријатноста од уринирање во текот на секс, и затоа се воздржуваат.

Вообичаено е за писателите на порно филмови и еротски книги да прикажат дека машката ејакулација "исфрла" или "прска". Но Kinsey-евите опсервации на стотици машки ејакулатори покажува дека кај околу 75% од мажите семето само излегува од меатусот или е потиснато со толку мала сила што течноста не стигнува многу далеку од врвот на пенисот. На кратко, повеќето мажи течат, поправо отколку што прскаат. Нивното семе не се исфрла, туку само истекува надвор.

Слично на тоа, ако една жена од нејзината уретра исфрли течност која не е урина, таа не треба да прска за да се квалификува како ејакулација. Факт е дека повеќето жени не ја забележуваат бидејќи не постои моќно прскање.

Ејакулатот е многу сличен на простатична течност. Вообичаено е бистар, или млечен и редок како вода. Нема изглед, мирис или вкус на урина. Речиси е без мирис. Вкусот варира, зависно од времето во месецот и исхраната, и можеби од некои други фактори, како што е количината на стимулација примена пред ејакулирањето или времето од последната ејакулација. Може да варира од речиси благ како мед, кисел, горчлив, или комбинација од овие вкусови.

Професорот Ed Belzer од Универзитетот Dalhousie во женскиот ејакулат открил варијабилни концентрации на кисела фосфатаза. Претходно се мислело дека овој ензим се произведува исклучиво од простатата кај мажите, и во некои судски процеси е прифатено како доказ за подршка на обвинувањата за силување. Откритието на Belzer докажало дека тоа не е урина и исто така укажало на постоењето на посебна женска жлезда слична на простата.

Не само што течноста која ја произведува е хемиски слична, туку женската простата дејствува исто како машката: кога ритмички се масира, таа натекува и потоа ослободува течност преку уретрата. За да се допре машката простата, мора да се пристапи преку анусот. Кај жените таа се допира – под практично истиот агол – преку нивната вагина.

Постоеше дебата дали ејакулатот потекнува од мочниот меур или од уретралните жлезди и канали. Направени се тестови кога мочниот меур е катетеризиран и испразнет од урина пред сексуалната стимулација и последователната ејакулација. Дури и со празен мочен меур, сепак се исфрлало од 50 ml до 900 ml течност преку каналот и истата е собирана во ќесето од катетерот.

Иако се ејакулира од уретрата, сосем сигурно е дека течноста не е урина. Апсолутно е невозможно да се уринира во текот на оргазам, освен ако нема слаб пубококцигеален мускул. Ова е многу важно, и важно е и за жената и за нејзиниот партнер обајцата да го сфатат ова. Пубококцигеалниот мускул се контрахира кога завршува уринирањето, и истовремено е мускулот кој се контрахира во текот на оргазам. Оваа контракција спречува ретроградна ејакулација (ејакулација назад во мочниот меур), и секако го спречува мочниот меур од празнење во текот на оргазам.

Без оглед на тоа, бројните хемиски анализи на течноста покажуваат дека не е точно познато од што се состои, но постои конзистентност во резултатите дека двете главни и примарни компоненти на урината, уреа и креатинин, покажуваат многу мали концентрации во исфрлената течност.

БЕЛЕШКА ОД АНАТОМИЈА И ЕМБРИОЛОГИЈА

На предавање од анатомија станува јасно зошто ејакулацијата кај жените и не е толку незамислива како што изгледа на прв поглед. Навистина не постои толку голема разлика меѓу машките и женските сексуални органи. In-vitro сите започнуваме како женски. Ако добиеме одредени хормони нашиот развој се променува, женските органи атрофираат и се развиваме како машки.

Сте се запрашале ли некогаш каква е таа линија од задната страна на пенисот? Дали сте погледнале? Тоа е остаток од машката вагина кога бил женско во раните фази на гестација. Слично е и со многу чувствителната точка на задната страна од машкиот пенис, каде препуциумот е всушност остаток од женскиот клиторис.

ГРАФЕНБЕРГОВА ТОЧКА (Г ТОЧКА)

Графенберговата точка, или Г точката, е област сместена околу 5 центиметри внатре, на предниот ѕид од вагината, околу еден центриметар под површината. Топографски се наоѓа непосредно зад клиторисот. Областа понекогаш е малку зголемена и се наоѓа долж уретрата. Се смета дека содржи систем од жлезди (Скенеови жлезди) и канали кои ја опкружуваат уретратра (Heath, 1984).



Замислете малечок часовник внатре во вагината, 12 часот покажува кон папокот. Повеќето жени ќе имаат Г точка сместена помеѓу 11 и 1 часот на 5-6 центиметри внатре во вагината.

Почнете од срамната коска. Г точката се наоѓа зад оваа коска. Пристапот е преку вагиналниот канал. Ѕидовите на вагината се набрчкани, како доказ колку таа може да се растегне (за поминување на бебешката глава). На предниот ѕид има еден помазен дел кој се наоѓа околу 3.5 - 7 cm навнатре. Г точката е покриена со неколку слоеви од ткиво така што е потребен притисок за стимулација на оваа област.

ДВА ВИДА НА ОРГАЗАМ

Денес е познато дека жените можат да искусат два вида на оргазам. Но тие не се клиторален наспроти вагинален како што изјавуваат некои.

1. Вообичаениот (понекогаш нарекуван клиторален) истовремено ја вклучува и вагината бидејќи клиторалната стимулација исто така предизвикува контракции на пубококцигеалниот мускул кој се наоѓа на подот од карлицата.

2. Г точка и утерален. Стимулација на Г точката предизвикува оргазмички контракции околу утерусот (матката), кој се наоѓа десетина центиметри над подот од карлицата.

Подоцнежните истражувања покажале дека жените кои можат истовремено да ги доживеат овие два вида оргазми имаат дури подлабок, помоќен оргазам, како резултат од контракција на двете области одеднаш.

Возбудувањето на Г точката е полесно ако жената претходно е веќе сексуално возбудена. Потребен е притисок. Почетните сензации од страна на жената се: непријатност, потреба за уринирање (бидејќи се стимулира уретрата), или чувство на задоволство. Како што продолжува стимулацијата, Г точката ќе започне да се зголемува. Кај некои жени, оваа област прима стимулација и во класичен сексуален однос под даден агол. Задниот пристап ("кучешки") може да ја олесни пенетрацијата на пенисот во оваа област. Ако партнерот со кого водите љубов е маж, може да се обидете со истиот ефект врз неговата простата во текот на анален однос. Белешка: ова исто така ќе предизвика ејакулација на маж, без оргазам или со интензивен оргазам.

Некои автори пишуваат дека мора да се притисне "длабоко" во ткивото со два прста со цел да се постигне ефективна стимулација. Повеќето жени имаат потреба од поцврст притисок на предниот ѕид од вагината, брз ритам и многу триење за да добијат оргазам на Г точката.

Ејакулацијата речиси секогаш се предизвикува преку стимулација на Г точката. Клиторалната стимулација може да помогне во достигнувањето на ејакулацијата, и да ја направи поинтензивна. Но стимулација на Г точката е вообичаено неопходна, барем во почетокот. Штом ќе започне лесно да ејакулира, може да се открие дека клиторалната стимулација сама по себе е доволна. Трикот е да се масира областа каде излегува уретрата, со истовремена стимулација на клиторисот и Г точката. Ова ќе помогне да се потисне чувството дека ќе почне да уринира.

Жената не само што е способна за повеќекратни оргазми, туку исто така и за повеќекратни ејакулации. За неа не е невообичаено да има од 3 до 5 ејакулации пред да ја исцрпи залихата на течност. Пенетрацијата од назад ја стимулира Г точката полесно отколку мисионерскиот стил.

ПРОБЛЕМИ НА ЖЕНИТЕ КОИ ЕЈАКУЛИРААТ

Постојат два главни проблеми со кои се соочени жените кои ејакулираат и кои ги спречуваат во огромното пријатно искуство на ејакулација. Тие се: менталниот став на жената, и неспособноста или неволноста на нејзиниот парнер да вложи време и труд во текот на водењето љубов за да ги совлада неопходните техники.

Ејакулацијата се случува преку уретрата. Ова е истиот канал кој се користи за уринирање. Се наоѓа надвор од вагината, помеѓу неа и клиторисот. Течноста е слична на вода, и не подмачкува. Единствената замислива цел на женската ејакулација е задоволство. А задоволството е интензивно, во многу случаи далеку го надминува и најдобриот оргазам. Често пати ејакулацијата се случува во тек на истовремен клиторален и вагинален оргазам, давајќи и на жената екстремно задоволство. Понекогаш после ејакулација жената може буквално да се онесвести од интензивните чувства.

Тоа е еден од актите на безбеден секс, бидејќи во повеќето случаи може да се предизвика преку стимулација со прстите. Ејакулирање во текот на однос е потешко, особено кога истиот се изведува во мисионерска положба, но сепак е можно.

П.С.: ШТО Е М ТОЧКАТА?

Всушност постои *пар* од овие "точки." За разлика од Г точката, која се стимулира од внатре во вагината, овие се стимулираат надвор од телото. Овие "М точки" ги имаат и жените и мажите!

Потребно е да се напипаат рабовите на карличната коска со врвовите на прстите од обете страни. Стомачните мускули треба целосно да се олабавени. Потоа се притиска навнатре од страните на стомакот и се бутка со прстите наназад. Тоа е тоа! Тие се околу работ на коската, или на нејзината внатрешна страна, а не над неа. Прстите би требало да се наоѓаат некаде под и странично од папокот.
 
И после јас кога викам дека една партнерка ме "ејакулисала" некој ќе ме заебава дека се подмочала! :(
 
Кикики, кажи им на администраторите нека го стават твојот пост на насловна ... нека се научат нешто сите од убаво образложениот текст :wink:
 
E konecno, bravo Za OBJASNUVANJETO i sega do dusa za tie potrpelivite ke razberat se so sakaat da znaat i so ne im bese jasno......Vi vikam veruvajte im na zenite:)ko ke tvrdat nesto
 
Kikiki, поштовање за трудот и маката и голема благодарност за потврдувањето на паролата - "Ацева има м-у-д-а".
Сеа јас уредно ќе го испринтам текстот, ќе го стаам во сливер, па потоа во ташна и стално ќе си го носам со себе, за да - на моменти кога ми доаѓа да си го извадам на маса, да си го исечам, да мочам стоечки или едноставно да си га зему и да се избоду (шо би рекле кумановци) имам писмен физичкохемијскоисторискоанатомски доказ дека ја МОЖАМ, ја ЕЈА-КУЛИРАМ. Колку гордо тоа звучи! :cos4:
 
Мистичен напиша:
И после јас кога викам дека една партнерка ме "ејакулисала" некој ќе ме заебава дека се подмочала! :(

Друже само пази на ова
Иако жените чувствуваат мала желба за уринирање непосредно пред ејакулацијата, :lol: јебига треба и она да знае...
патем добар превод од кикики
http://www.very-koi.net/tutor/female/female.htm



(едит - Acid)

Tемата продолжува тука:
http://forum.kajgana.com/viewtopic.php?t=2217
 
Me interesira vaseto mislenje za squirting ( neznam na nasi kako go vikaat :roll: ) za onie koi ne znaat sto e toa neka pobaraat na internet posto neznam kako da objasnam :roll: mi se nema deseno , pa zatoa sakam da znam
devojki dali vi se slucilo vakvo nesto i kakvo e cuvstvoto??
momci dali na nekoja vasa devojka i se ima sluceno ??
 
Мислам дека имаше тема за ова... Тоа е попознато како „женска ејакулација“, ако го погодив терминот.
 
Имам начекано некои клипчиња со такви работи.
Џоа фонтани :pos:
 
Јас неам видено во живо некоја да сквирта. Штранга, мислам дека ќе беше добро прво да кажеш некое твое искуство доколку имало. Така ќе наидеш на поискрени одговори од останатите членови.
 
Најзакон тема.
Најмногу ме пали скуирт...ептен ме пали уствари. Многу ми е мерак да видам жена задоволена. :pos:
Некако гадно сево ова звучи кога ќе се потрудиш со зборови да го објасниш, ама затоа пак у реалност...тоа ти е Револуција бе.
Нешто супер добро. :wink:
и така ви вела
 
Acid напиша:
Јас неам видено во живо некоја да сквирта. Штранга, мислам дека ќе беше добро прво да кажеш некое твое искуство доколку имало. Така ќе наидеш на поискрени одговори од останатите членови.

nemam jas iskustvo so toa zatoa i prasuvam dali nekoj imal , kao i virtuala i jas gledav nekoi takvi klipcinja :shock:
 
За жал, и јас се што знам е од порничските клипчиња.
Првпат, како помал, кога видов како прска на 3-4 метри - прво се збунив, а после мислев дека тетката мочка... :)

Не дека нема, ама мислам дека и на повеќето клипчиња сквиртингот е фолиранција.
 
Acid напиша:
Штранга, мислам дека ќе беше добро прво да кажеш некое твое искуство
Acid море, барем да прочиташе прво :pos:
schtranga напиша:
mi se nema deseno , pa zatoa sakam da znam devojki dali vi se slucilo vakvo nesto i kakvo e cuvstvoto??
Дамата си знае најубаво која точка ќе ја доведе до такво задоволство, партнерот само нека потроши малку енергија :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom