Спутник, почетокот на Вселенското Доба - 50 години од првиот лет во вселената

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
702
Возраст
39
Историјата се промени на 4-ти октомври 1957 година, кога Советскиот Сојуз го лансираше Спутник 1. Првиот вештачки сателит во вселената беше со големина на топка за плажа, околу 58 см, тежеше само 83,6 кг и му требаа околу 98 минути за да орбитира околу планетата земја. Самото лансирање предизвика лавина на технички напредок во политиката, технологијата и науката. Иако лансирањето на Спутник само по себе беше единечен настан, сепак го означи почетокот на Space Age и Американско-Советската трка за доминација во вселенско-тенхолошкиот напредок, попозната како Space Race.

Приказната започнува малку порано, во 1952-та, кога Интернационалниот совет на научни заедници одлучи периодотод 1-ви јули 1957 со 31 декември 1958 да го прогласи за Интернационална Геофизичка Година (ИГГ), поради зголемената соларна активност во тој период. Во октомври 1954, советот усвои резолуција со која упати отворено барање за лансирање на вештачки сателити кои ќе орбитираат околу земјата во споменатиот период.
Во јули 55-та, Белата Куќа ги објави плановите да лансира сателит кој ќе орбитира околу планетава за време на ИГГ и издвои неколку предлог-проекти од најразлични владини истражувачки агенции за развивање на идеата до конечна реализација. Во септември 1955, американската влада како свој претставник за време на ИГГ го одбра проектот на "Вангард" поморската истражувачка лабораторија.


Sputnik1modelTass.jpg


Лансирањето на Спутник промени се. Како техничко достигнување, Спутник го привлече светското внимание, фаќајќи ја како неподготвена самоуверената американската јавност - посебно поради неговата големина во споредба со планираниот Вангардов сателит. Покрај тоа, јавноста во америка стравуваше Советска способност да лансира сателити интерпретирајќи го нивниот технички развој како добра подлога за лансирање на балистички проектили кои можат да носат нуклеарно оружје од Европа кон САД. Потоа, Советите "удрија" уште еднаш; на 3-ти ноември, Спутник 2 беше лансиран во вселената, овојпат носејќи многу поголем товар со себе - вклучувајќи го и кучето Лајка.

Веднаш по лансирањето на Спутник 1 во октомври, Американскиот Defense Department одговори со одобрување на поголеми средства за уште еден проект за нов американски сателит. Како симултана алтернатива на Вангард, Вернер фон Браун и неговиот Army Redstone Arsenal тим започнаа работа на проектот наречен "Експлорер".На 31-ви јануари 1958 година, плимата се промени, после успешното лансирање на Експлорер 1. Овој сателит во вселената ги откри магнетните појаси на радијација околу планетата Земја, именувани според нивниот прв истражувач Џејмс Ван Ален. "Експлорер" проектот продолжи и понатаму, со серија лесни научно-корисни летала.

Лансирањето на Спутник директно го предизвика формирањето на National Aeronautics and Space Administration (НАСА). Во јули 58-та, конгресот на САД го усвои т.н. Space Act со што и официјално беше формирана НАСА на 1-ви октомври 1958 година.

Спутник 1 - Малата сребрената топка со 4-ри антени чии примитивни сигнали беа регистрирани од радиата низ целиот свет, со своето значење инспирираше една цела генерација на астронаути и научници.Сателитот беше прв од серијата големи успеси на вселенскиот програм на Советскиот сојуз, вклучувајќи го и испраќањето на првиот човек во вселената Јуриј Гагарин, во 1961 година - уште еден убод во лицето на САД. Американците подоцна го превзедоа приматот во вселенската трка со првата мисија на месечината која вклучуваше човечки екипаж. После крајот на фамозната трка меѓу двете земји ривали во Студената војна, започна Американско-Советска соработка на полето на вселенските истражувања.


Вчера, во очи на денешната прослава по повод 50 години од лансирањето на Спутник и дефакто почетокот на вселенската трка, Руската и Американста вселенска агенција потпишаа договори во Москва со кои Русија се обврзува да ги снабдува со опрема американските мисии за скенирање на површината на Месечината и Марс, мисии кои првенствено ќе бараат вода на најблискиот природен сателит до нашата планета кои можат да придонесат за овозможување на човечка хабитација на Месечината.На церемонијата на потпишување на овие договори, администраторот на НАСА Мајкл Грифин изјави: "Овие два проекти го демонстрираат залагањето на двете земји кон барањето на нови можности во кои е исклучително значајно да се соработува."

Во меѓувреме, Русија активно работи на остварување на своите планови - испраќање на сателит на една од месечините ма Марс и човечка мисија на Месечината до 2025 година.
 
Да се надеваме дека изградбата и населувањето на вселената нема да страда од приземните политички несогласувања, инаку повеќе Меѓунардоната вселенска станица (ISS) имате на следната тема
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=12735

Следниот шатл лет треба да биде на 23. Октомври со кој ќе се однесе вториот поврзувачи Модул (Node 2) кој по инсталацијата ќе овозможи инсталирање на модулите на европскарта и јапонската лабараторија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom