#SpreadTheTruth, секој ден, 21 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
извинете нешто имав работа, а и на мене не ми го отвараше.
немој само да мислите дека освен оваа реченица, ќе има нешто плус во весникот. ова ти е реченица за да се продаде тиражот. исто како онаа реченицата: не требаше по децата, требаше да се удри по униформа.


Абе да може и тоа, а останатото во весникот е Груевски прднал додека се туширал и сл.:pos:
 
Во ред, правно толкување. За мене возачот е соучесник. Филм дека не знаел каде ги вози не ми проаѓа.

А бе и они се свесни дека е соучесник, но го третирале како заштитен сведок затоа што знаат дека со неговото сведочење уште повеќе ќе го зацврстат случајот против овие другиве. Стара процедура... :)
 
А и овој Хазири лажење у п.м така тоа се зема возач кој незнае кај ќе се оди нека не мачка очи.......убиец на деца!
Немој и ти сега да монтираш.Сигурно одел по цигари на езерото, барал трафика...
 
За да пропее мора да се испазари. Смртна казна за убијците!
Монтираниве добри ли се или им се слоши од веста?


Така е најстрога казна и да се рашири истрагата да се види уште кои и какви следбеници имаат и кои друѓи ѓи помагале, пошо тој убиецот на ф.б имаше многу такви фанатици другари.......

Убијци тргнале да извршат масакар, а возачот незнаел каде одат :facepalm: Мижи Митре толумби паѓаат.....
 
Давајте друг извор на вест. Тоа Фокус јас не го перцепирам како професинално новинарство.
 
А бе и они се свесни дека е соучесник, но го третирале како заштитен сведок затоа што знаат дека со неговото сведочење уште повеќе ќе го зацврстат случајот против овие другиве. Стара процедура... :)
Јасно ми е тоа. Јас повеќе за моралната страна говорам.
 
Знам дека можеби е несоодветно директно да те прашам за вакво нешто, можеш по ПП да ми одговориш доколку е проблем јавноста. Колку што си ти запознаен, дали изјавава на Хазири е вистинита?

И се да знам во детали, додека трае истрага или судење на се коментира ништо. А верувај не знам. Се занимавам со друга проблематика. А јас лично, не му верувам ниту на еден весник и ниту на еден ТВ канал. Кај нас сите лажат од прв до последен и од А до Ш. Јас таков заклучок сум донел по 12 години работа.

А и секој што ќе ти рече дека знае нешто лаже. А тие што знаат, а што пуштаат муабети на страна јас ги презирам од дното на душата.
 
Јасно ми е тоа. Јас повеќе за моралната страна говорам.

Со оглед на тоа во каква позиција е МВР со муабетите за “монтирање“, верувам дека се подготвени да го искористат секој можен џокер за да ги затнат устите на оние кои тврдат дека обвинетите се само мирни луѓе, од кој едниот чак што више дури е ШЕТАН човек, ја прошетал цела Европа, замисли си.

Моралната страна е таа што ние како посматрачи можеме да ја коментираме, но директно инволвираните мора малку макијавелистички да пристапат, затоа што немаат друг збор. Верувам дека се пази секој доказ да не е компромитиран, за да не може да се искористи против нив.
 
Хазири, кој сам барал да биде обвинет, а не заштитен сведок, потврдил дека ги возел убијците пред и по убиството, но рекол дека не знаел дека ќе убиваат, се додека не ги ставиле фантомките и не го извадиле оружјето, објавува дневниот весник „Фокус“.

Ако навистина го кажал ова, веќе нема сомневање кои се убијците
 
признал дека му ги врзале очите и така ги возел до местото на злосторот :facepalm:
Ми доаѓа еден чуден нагон за смеење, ама па ич не е за смеење работава....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom