Сите видовме дека на било кој начин можеме да допринесеме нешто за Македонија. Макар и ништо да не биде од нашиов таканаречен "Проект". Во секој случај секој допринесе нешто и се чувствуваме исполнети поради тоа. Епа браќа и сетри мои по националност, истото можеме да го направиме и наредниот пат кога ке има протест во Нашиот главен град. Можеме сите заедно да испаднеме и да покажеме дека можеме да допринесеме нешто и во реалниот живот. Нема од што да се срамиме или плашиме.
Заедно сме посилни.
Верувајте ми, дека ако испаднете на улица да го кажете вашиот глас, со вашето присуство, ке бидете повеке исполнети одколку да праќате е-маили кои што може никој да не ги прочита. Ние не сме анархисти, ние сме граѓани на оваа држава кои сакаме само да се чувствуваме безбедни.
Зарем премногу бараме?
Лично јас испратив стотина спамови со договорената содржина на многу светски медиуми. Верувам дека и вие сте го направиле истото. И макар само еден наш спам да биде прочитан и разберен од меѓународните медиуми и биде сериозно сватен и објавен, нашата работа е повеќе од успешна.
Не потпаѓајте под тоа дека ништо не можеме да направиме, дека има други над нас. Имало и секогаш ке има, но заедно сме посилни.
Се надевам дека ако испаднеме многубројни на некој нареден протест, Грујо и компанија ке сватат дека сериозно мислиме добро за државава, дека не сакаме било каков радикален тероризам!