SportyPal – твој личен тренер

  • Креатор на темата Креатор на темата zive_te
  • Време на започнување Време на започнување

zive_te

system a.d.m.i.n.........
Член од
9 април 2009
Мислења
386
Поени од реакции
4
SportyPal – твој личен тренер

BrunoMAK.jpg
Замисли си личен тренер, кој можеш да го носиш насекаде со тебе, и тоа бесплатно, секогаш кога трчаш, возиш велосипед, ролерки или планинариш, пешачиш. Ако водиш активен живот и спортуваш, SportyPal e токму тоа што ти треба. SportyPal e aпликација за мобилен телефон, која го мери поминатото растојание, брзината, потрошените калории, надморската височина и вкупното време. На кратко, сè што би сакал да знаеш за твоето вежбање, за да можеш следниот пат да ги подобриш своите резултати.
SportyPal не е само мерач на твоите постигнувања. Тој, исто така, ти овозможува и да ги споделиш резултатите од твоите вежби со твоите пријатели, но и со луѓе од целиот свет што имаат исти интереси како тебе. На твојот кориснички профил на веб страницата на SportyPal имаш можност да ги гледаш и анализираш сите твои резултати и статистика и да ги прикачиш фотографиите од твојата патека на вежбање.
Регистрирај се на www.sportypal.com и споредувај ги твоите резултати со другите корисници на SportyPal, споделувај искуства и совети и биди секогаш мотивиран за повеќе, побрзо, подалеку!
Како се активира?
За да можеш да го користиш SportyPal, треба да имаш мобилен телефон со поддршка за GPS, да отидеш на страницата www.sportypal.com и да ја преземеш апликацијата од download. Понатаму сè што ти преостанува е да се препуштиш на спортскиот дух на SportyPal и да се впуштиш во уривање на рекордите!
Disclaimer
SportyPal работи на мобилни телефони што ја поддржуваат технологијата GPS. Апликацијата се презема бесплатно од www.sportypal.com. Се плаќа само за интернет-сообраќајот при преземањето (download). Преносот на податоци се плаќа по регуларна цена на GPRS по тарифен модел. Позиционирањето е бесплатно.

http://www.t-mobile.com.mk/public/?id=E532FBAD45CCDC4F9A210A239C0B3C3A
 
Најдобро е тоа што е МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД од наши деца ...
 
На некои од поновите Сони Ериксон модели го има ова уградено. Не знам дали е потполно исто, ама знам дека има мерач на растојание, калории.
 
mnogu funkcionalna aplikacija, ja koristam sekoj pat koga i da vozam velosiped, ili pa vo sekoja prilika koga ednostavno samo se dvizam, alal da im e na deckive, BRAVO
 
Очигледно не поддржува на к510и. Апликејшн ерор ми праи.
 
Очигледно не поддржува на к510и. Апликејшн ерор ми праи.

Епа очигледно да :pos2: работи само на телефони со вграден GPS

Колку зема GPS пари?

бес пари или некад за конектирање 0.5ден

Не зема ништо ако немаш уклучено A-GPS
 
јас па неможам да се конектирам,request timed out,иначе имам нокиа 6220 classic,некој чаре да не знае
 
Дечки, сега само што поставив нова трака на www.sportypal.com и приметив дека апликацијава е номинирана за најдобра фитнес апликација за андроид платформа, па дајте да гласаме да им помогнеме на дечкиве.
http://androidnetworkawards.com/
Ова е линкот за гласање.

Поздрав
 
Ја симнав апликацијата од официјалниот сајт на sportypal и ја инсталирав без никаков проблем на Нокиа Е71. За апликацијата можам да кажам дека е добро осмислена, односно впечатоците ќе ги поделам во две категорииЧ

Позитивни страни:
1. Одличен кориснички интерфејс
2. Мени на македонски јазик
3. Лесна разбирливост на сите операции што софтверот ги нуди
4. Лесна и едноставна инсталација (барем на нокиа е71) и лесно конфигурирање на корисничкиот профил на веб страната
5. Брзо иницијализирање на ГПС модулот и ставање во функција на апликацијата
6. Добро осмислени работни задачи кои се дефинирани како вежби на кои може да се користи апликацијата (мерење калории, поминат пат и сл.)

Негативни страни:
1. Наликува на Nokia Sports Tracker
2. Исцртувањето на графикот по завршување на секоја вежа е ужасно бавно
3. Доколку го стартувате софтверот и стоите во место односно воопшто не се движите (да кажеме 20 мин) тој ви мери како да сте во движење и како да сте поминале 200-500 метри и притоа ви прикажува поминат пат, време и потрошени калории. ОВА Е НАЈГОЛЕМАТА МААНА на овој софтвер и ги доведува во прашање точноста на сите измерени податоци воопшто. Пробајте да го стартувате софтверот и да стоите во место и ке видите дека не работи воопшто точно.

Се на се мора да ги пофалам дечките што работат на проектов и што се зафатиле за ваква задача. За пофалба е тоа што се наши деца и што имаат креативни идеи. Но сепак мора да поработат на негативностите на софтверот и истите да ги отстранат доколку сакаат истиот да биде ценет и користен од страна на повеќе луѓе.

Поздрав од мене и продолжете понатаму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom