Споредба на македонските интернет пакети - II

  • Креатор на темата Креатор на темата VremeE
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
570
Девет месеци по отворањето на првата тема дојде време да се направи нова споредба помеѓу македонските интернет провајдери, поточно пакетите кои ги нудат. Се мислев дали да ја изменам веќе постоечката тема, ама одлучив да отворам нова за да имаме појдовна точка за реална споредба. Здравје, есенва може ќе има и нови пакети, па уште една тема не бега :)

Минатиот пат ги одбрав најсилните пакети од трите главни "играчи". Овојпат ќе се фокусирам на две категории (обични и сериозни потрошувачи), со тоа што во игра влегува и уште еден провајдер - КејблТел. Решив да не ги вклучам во текстот оние теоретските пресметки што ги имав направено во претходната тема.. нема поента кога и така никој нема да ги достигне. Решив и да не давам свое мислење за провајдерите и нивните пакети, туку да оставам на вас да ги разгледате, да прочитате реални искуства на останатите теми, да ги приметите замките кои некои од нив ги содржат, па после да ги пофалите или испцуете (на културен, цивилизиран начин :)).

Истата порака од минатиот пат: Ако на некој случајно му текне да стави некој дел од текстов на некој блог/сајт/форум, прво нека прати порака..

Во продолжение на темата (или преку ПП) можете да дадете и ваши предлози како би се подобрила листата, или ако има грешки - да ми укажете. Па, пријатно читање..
 
ПАКЕТИ ЗА СЕРИОЗНИ КОРИСНИЦИ


Роби (Телекабел, Теленет, Моби..):
  • БРЗИНА: 4096/512 Kbps до 50 GB, 2048/512 Kb до 100 GB, 1024/256 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: нема временски ограничен договор
  • ОПРЕМА: кабелски модем Motorola Surfboard (5100Е/5101E)
  • ЦЕНА: 500 ден. почетна цена, најмногу до 1500 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: статична IP адреса која може да се смени само со менување на MAC адреса; доплаќање 100 ден./GB над 6GB, максимална доплата = 1000 ден.
T-Home:
  • БРЗИНА: 4096/512 Kbps до 100 GB, 64/64 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година или на неопределено време
  • ОПРЕМА: DSL модем од T-Home или од друго место
  • ЦЕНА: 1887 ден./месечно за неопределено време, 1651 ден./месечно за една година
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare)
ОнНет:
  • БРЗИНА: 4096/512 Kbps до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година
  • ОПРЕМА: бесплатен DSL модем од ОнНет или од друго место
  • ЦЕНА: 1758 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare); доплаќање 106 ден./1 GB над 100 GB (нема намалување на брзина)
Кејблтел:
  • БРЗИНА: 10240/1024 Kbps до 3 GB, 8096/1024 Kb до 10 GB, 4096/512 Kbps до 50 GB, 2048/512 Kb до 100 GB, 1024/256 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: со ваш модем - без договор, со нивен модем - 1 година
  • ОПРЕМА: кабелски модем Motorola Surfboard (5100Е/5101E)
  • ЦЕНА: 1500 ден./месечно
 
ПАКЕТИ ЗА ОБИЧНИ/НОРМАЛНИ КОРИСНИЦИ (или барем провајдерите сакаат така да мислите)


Роби (Телекабел, Теленет, Моби..):
  • БРЗИНА: 4096/512 Kbps до 6 GB, 256/128 Kbps до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: нема временски ограничен договор
  • ОПРЕМА: кабелски модем Motorola Surfboard (5100Е/5101E)
  • ЦЕНА: 500 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: статична IP адреса која може да се смени само со менување на MAC адреса
T-Home:
  • БРЗИНА: 1536/256 Kbps до 2GB, доплаќање 120 ден. до 3GB, 64/64 Kbps до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година или на неопределено време
  • ОПРЕМА: DSL модем од T-Home или од друго место
  • ЦЕНА: 825 ден./месечно за неопределено време, 589 ден./месечно за една година
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare)
ОнНет:
  • БРЗИНА: 1536/256 Kbps до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година
  • ОПРЕМА: бесплатен DSL модем од ОнНет или од друго место
  • ЦЕНА: 589 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare); доплаќање 106 ден./1 GB над 3 GB (нема намалување на брзина)
Кејблтел:
  • БРЗИНА: 4096/512 Kbps до 10 GB, 256/128 Kbps до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: со ваш модем - без договор, со нивен модем - 1 година
  • ОПРЕМА: кабелски модем Motorola Surfboard (5100Е/5101E)
  • ЦЕНА: 500 ден./месечно
 
Како за крај, неколку размислувања/забелешки..


И овојпат сите пакети вклучуваат цени со пресметан ДДВ и немерен (unmetered) сообраќај. Да објаснам што мислам со ова второто, за да не бидам погрешно сфатен:
  1. не постои неограничен (unlimited) сообраќај.. најблиску до она што ние го сметаме за неограничен е немерен (unmetered) сообраќај. Не навлегувам зошто-како, има Google за такви работи
  2. и покрај сите оние намалувања на брзините, провајдерите не го прекинуваат интернетот. Значи и кога T-Home ќе ве намалат на 64/64, сеуште можете да правите толку сообраќај колку што ви дозволува врската
Веќе почнува да ме нервира играта на провајдерите.. еден провајдер ќе понуди пакет со поголема брзина или сообраќај, а останатите го копираат/следат, наместо да понудат нешто подобро. Нема трка, нема таква вистинска конкуренција (иако не сакам да се сетам како беше не толку одамна).. само гледаат да се изедначат со другите, наместо да се одвојат од истите.


Зошто ги одбрав Solo 3 и Max 2, a не Solo 15/Max 10? Мислам дека има две главни причини:
  1. гледав да одберам пакети од сите провајдери, а кои имаат горе-долу иста цена
  2. за да покажам колку се бесмислени (мизерни) тие две пакетчиња во споредба со другите два пакети (однос цена наспрема брзина + лимит)
Толку од мене, останатото е на вас :)
 
Како домашен корисник, не спуштач во моментов би ги избрал кејбл тел и пакетот 6 гига за 500 денари. Едноставно е, доволно ми се, нема потреба повеќе, а доколку ги надминеш имаш 256/128 што горед долу во екстремни случаи (ако дојде потреба) бркаат работа. А да и најбитното... немаш договор, едноставно ако ти се скурчи или не ти се допаѓа или излезе подобра понуда едноставно го откажуваш. А не како педерската клаузула во он-нет... Договорот од 2 години автоматски се продолжува за 2 години по истекувањето ако не се јавите да кажете совреме.
 
Јас сум прикрај со договоров од НО НЕТ (за 2-3 месеца ми истекува) па најверојатно идам на T-Home, и еднаш за секогаш да ги решам маките со ова интернетов, не ми мења ништо дали ќе плаќам +- 200-300 денари, само да имам стабилен интернет во текот на цел месец и дење и ноќе.
 
Од кога Моби со статична ИП, јас мислев дека одвреме на време ја менуваат.

Ако е толку статична ко што викаш, да манам еден сервер :)
 
Не е кај тебе? Кај братучед ми гледам уште му стои истата адреса од пред некој месец :)
 
ПАКЕТИ ЗА СЕРИОЗНИ КОРИСНИЦИ



[*] ДОГОВОР: немам информации (Мац?)

Ако немаш свој сопствен модем,договор на 1 година.
Ако имаш,без договор.

Плус,кај он.нет имаш утнато со брзините нешто?
Едит : моја грешка,се доплаќа кај нив :)
 
Фала за информацијата, ќе биде сменето набрзо :)
 
Мислам дека горе долу сите пакети се исти, единствено во игра останува да се мери квалитетот на услугата, мислам колку од брзината која ја даваат е навистина како декларираната или барем приближно до неа и колку е стабилен интернетот. Би сакал да знам дали некој од Каблетел ја имаат таа брзина од 10Мбпс? За другите оператори знам дека се ок со брзината ако ништо друго до 90% од декларираната, но како е со Каблетел знам дека порано имаа проблеми, а за стабилноста скоро сите оператори имаат проблеми во различни реони.
 
Мислам дека горе долу сите пакети се исти, единствено во игра останува да се мери квалитетот на услугата, мислам колку од брзината која ја даваат е навистина како декларираната или барем приближно до неа и колку е стабилен интернетот. Би сакал да знам дали некој од Каблетел ја имаат таа брзина од 10Мбпс? За другите оператори знам дека се ок со брзината ако ништо друго до 90% од декларираната, но како е со Каблетел знам дека порано имаа проблеми, а за стабилноста скоро сите оператори имаат проблеми во различни реони.

Пакетите од Кејблтел ќе почнат да се користат од 1 јули.
 
Сеа сум на Офф.нет, но доколку повторно би бирал каков интернет да ставам сигурно не би ги избрал пак нив... Би ја избрал понудата од т-хоум макс 10 или макс 100...
 
Сеа сум на Офф.нет, но доколку повторно би бирал каков интернет да ставам сигурно не би ги избрал пак нив... Би ја избрал понудата од т-хоум макс 10 или макс 100...


Тоа е. Додека ОН нет се занимава со ваква понуда

http://biz.on.net.mk/mk/node/525

која нема никаква логика да собери корисници, бидејќи е послаба од сите кабловски што ги познавам, ОнНет не изгуби или не губи постоечките корисници. Десет пати се јавив пред да го откажам WADSL, дали ќе има нешто ново некоја нова понуда која ми одговара, и искрено наидов на ѕид каков што не очекував од една мала фирма која треба да му биде конкуренција на еден голем МОНОПОЛ каков што е МТ. Се се сведе на земи или остави, и не ми оставија избор го откажав WADSL от. Му реков барем 100гб лимит на 2mbps/256kbps на WADSL да ми дадат по цена на СОЛО 101 или барем СОЛО 101 ама со капаче без доплата. Ми рекоа нема да има такви пакети, тоа е што е.

Очекував поголема флексибилност од ОнНет, во борба за корисници, сега едноставно ме препуштија на MAX ADSL.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom