Споредба на фудбалери. [Овонеделен дуел: Винсент Компани vs Тиаго Силва]

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Следната нека биди Раул Гарсија и Томас Милер..така од памет ми текна и не се сеќавам послични фудбалери моментално од овие двајца..едноставно идентични од моја перспектива и да си ги променат тимојте не верувам дека ќе има некаква разлика
 
Само физички посилен ми изгледа Раул Гарсија, иначе потпуно иста улога вршат во тимовите каде што играат.
 
Малиот Моцарт вс Донот


чудно како уште немало споредба

Нормално Модрич ми е неприкосновен, Модрич е најконстантниот играч на Реал, Модрич е моторот на Реал, Модрич е тип на играч кој што без оглед на тоа колку си цреп ко телињата у напад што ги ијаме ќе напраи да изгледаш добро на терен и ќе ти намести голче, Модрич е работникот кој што го носи тимот на грб и го одржува балансот, Модрич е играч кој може да игра све и свашта на терен, може да одзема топки, може да пука бомби, може да изведува слободни, може снајперски центар шутеви да дели, може да повлече контра, може да дрибла, а може и да дава голови.

Иниеста, иначе најомилениот ми играч од Барселона, можеби е нешто побрз, но и помалку кретивен во однос на Модрич. Неприкосновен пасер, човек што има ненормална визија и фудбалот го игра шаховски, однапред ги знае потезите, буквално знае што мисли Меси и знае кај да му ја пушти у празно за да вториов утрча. Исто, страшен дриблер кој на мал простор знае да напраи магариња од неколку играчи.

Па пишете по нешто да ја воскреснеме темава, има толку многу нови играчи кои што може да се споредуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
И двајцата се прејаки, иако сум за Реал исто и на мене Иниеста ми е најомилениот играч од Барса. Единствената разлика во моментов што ги двои е тоа дека на Иниеста како го стигаат годините пополека гзот му паѓа и не може да го издржи темпото на Барса, додека Модрич со исто толку години сеуште моментално е моторот на Реал.
 
Модриќ, зашто е класа, зашто не е каталонско лигле што глуми и плаче куде судие, затој што не е рѓа од човека, затој што не е човек на Барселону, најбитно.
 
Модриќ, зашто е класа, зашто не е каталонско лигле што глуми и плаче куде судие, затој што не е рѓа од човека, затој што не е човек на Барселону, најбитно.
Иниеста никад не бил Лигле што глуми. Господин човек си е. Нема везе што е од барса. Он, Чави и Меси никад не глумело лудило ко другиве глумци што им се во тим
 
Модриќ, зашто е класа, зашто не е каталонско лигле што глуми и плаче куде судие, затој што не е рѓа од човека, затој што не е човек на Барселону, најбитно.
Најбитно га забрави...
 
Последни 2-3 сезони Модрич е подобар реално.. Низ цела кариера гледано нормално Иниеста

Доста е со старци споредвање еве една од мене за новата генерација


Сане vs Мбапе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom