Bratot
Стоик и Машкртник!

Овој наш Македонец во својата втора татковина - Австралија планира да изгради и антички амфитеатар и да постави статуа на Филип Втори. Во дел од комплексот има катче со автентична куќа од Егејска Македонија од 19 век со семејна црква.
- Градам за спомен на нашиот Александар Велики. Ќе кревам и паметник на битката на Александар со Персија кај Ис. На луѓето што доаѓаат тука им ја раскажувам македонска историја. Доаѓаат луѓе од целиот свет и дознаваат за македонската империја. Во австралиските училишта не се учи македонското минато, кое влече корени пред Христос. Треба да им го пренесуваме наследството на поколенијата, а и на другите за да се запознаат со потеклото на големата заедница од над 500 илјади Македонци на петтиот континент - вели Тутунџиев.

Тим Тутунџев е родум од селото Пепли, од грчкиот дел на Преспа. Бил дете- бегалец од Граѓанска војна. Прво заминал во Романија, па оттаму по корка леб во далечниот Перт во Австралија. Сега е познат и успешен бизнисмен, а бил избран и за пратеник во градското собрание на Перт. (Љ.М.)
