Недоволното спиење го зголемува ризикот од висок притисок
Недоволното спиење во текот на подолг период е значаен фактор на ризик за заболување од висок крвен притисок, предупредија експертите од њујоршкиот Колумбија универзитет.
„Кај луѓето кои спијат кратко време се зголемува просечниот притисок и се забрзува срцевиот ритам во текот на целиот ден“, укажа доктор Џемс Генгвиш од Универзитетот.
Со истражувањето биле опфатени 4.810 луѓе на возраст од 32 до 86 години. Хипертензијата од 1982 до 1992 година, е утврдена кај 647 од испитаниците.
Меѓу испитаниците на возраст од 32 до 59 години, спиењето просечно пократко од шест часа во текот на ноќта, двојно го зголемило ризикот од висок притисок.
Врската меѓу неспиењето и високиот притисок се покажала значајна дури и кога во предвид се земени и други фактори на ризик, како што се дијабетесот и дебелината.