Спасување живот

  • Креатор на темата Креатор на темата kalimer0
  • Време на започнување Време на започнување
K

kalimer0

Гостин
Дали сте спасиле нечиј живот?
Можеби некој го спасил вашиот?

Инспирација за темава ми даде една случка од вчера.
Бев сам дома и една бомбона (прилично голема) ми застана во грлото.
Почнав да пијам вода со надеж дека ќе ја голтнам но безуспешно, посакав да пишам на форумов во Дежурна ординација но кога помислив дека треба да чекам некој да ми реплицира и шансите советот да биде "Оди во болница" или згора на се некој сеирџија "Ееј кај ти текна бе сеа бомбони да јадеш" сфатив дека дишењето ми е отежнато и се борам за воздух.
Веќе испаничен истрчав кај соседот кој ми даде прва помош со што ја исфрлив бомбоната.

Денес како последица имам минимални болки во грлото сепак сум среќен што сум жив :)
 
Браво за добриот сосед. Не, не сум спасила. Се најдов еднаш летото во слична ситација со лушпа од домат дека толку се здрави за јадење ама некако успеав да ја извадам назад инаку тешко мене ќе беше ако веќе почнев и да губам воздух бидејќи во тој момент немаше никој покрај мене. :)
 
Незнам дали може да се рече дека е спасување на живот на ланската година ова време ми се има случено една случка, шетавме по улица покрај 12и30 навечер и така одејќи забележав на една куќа како жари кабел и почнува да фрла искри, кога видов дека тоа е доводот на струја во куќата истрчав под кабелот им ѕвонев на луѓето и излегоа(инаку живеат две фамилии со по две мали деца, и плус старци во надоградба на куќата) откако ги спуштија децата преку тераса и сите излегоа, дојдоа екипите на противпожарната едница но не можеа да делуваат(ако прскаа вода,водата како спроводник можеше да ги удри струен удар) бидејки во дистрибуција немало дежурен(македонска работа ејјј), кабелот гореше, почна да ја зафаќа и кровната конструкција, во соседството прегоруваа апарати, фрлаше искри и кај луѓето што живееа спроти запалената куќа, за среќа ја изгаснаа струјата, пожарникарите го изгасија пожарот со пена и се се заврши добро(очадена фасада и стреа).
После една недела си добив 200 денари и бањарка за доброто дело.
Постојано ни се караа што шетаме ноќе но еве и тоа шетање најде некоја полезност и од тогаш опуштија и прекорувањата на старците:).
Така после настанот размислував што можело да се случи да не бев јас.....за среќа се заврши добро.
 
Еднаш еден другар го донесоа во „куќата“ (читај: нашето збиралиште) целиот пребледнат и се бореше за воздух. Трепереше целиот и беше во безсознание. Не знаеше каде е, дехидрираше. Девојка му, која го доведе цела испаничена ни кажа дека пиел многу енергетски пијалоци измешани со жестоко. Веќе беше полесно кога знаевме од што дехидрира. Постојано му носевме вода да пие и го прскавме по лицето. Арно ама се појави друг проблем. Рацете и нозете почнаа да му се тресат, чувствуваше студ и не чувствуваше болка. Почна да заборава да дише, па морав со шлаканици да го освестувам и да го потсетувам да дише. Успеав некако да го наговорам да изеде некоја лажичка шеќер (пошто немаше ништо благо во близина, а беше 3 после полноќ). После саат ипол борби конечно му дојде душата, ама сеуште беше во безсознаница. Не знаеше како се нашол тука, каде бил и што пиел. После некое време почна да се присетува и почна да плаче зашто ќе умреше за глупост. Мило ми е што успеав да му помогнам
 
И на мене ми се има случено слично нешто како на ова на нашата улица додека врнеше и маваше громови почна да се исфрлаат искри од една бандера. Како што седевме дома дека кога врне имам обичај да гледам надвор што да видам кога почна да исфла искри и на брат ми му викам јави се на пожарна тој не ме послуша и после 5 мин кабелот се запали и се откина од бандерата е да видиш после како се јавива на пожарна среќа наша и на цело соседство тогаш престана да врне а пожарната стигна за само 5 мин и за еден час се се заврши добро.
 
Еднаш еден другар го донесоа во „куќата“ (читај: нашето збиралиште) целиот пребледнат и се бореше за воздух. Трепереше целиот и беше во безсознание. Не знаеше каде е, дехидрираше. Девојка му, која го доведе цела испаничена ни кажа дека пиел многу енергетски пијалоци измешани со жестоко. Веќе беше полесно кога знаевме од што дехидрира. Постојано му носевме вода да пие и го прскавме по лицето. Арно ама се појави друг проблем. Рацете и нозете почнаа да му се тресат, чувствуваше студ и не чувствуваше болка. Почна да заборава да дише, па морав со шлаканици да го освестувам и да го потсетувам да дише. Успеав некако да го наговорам да изеде некоја лажичка шеќер (пошто немаше ништо благо во близина, а беше 3 после полноќ). После саат ипол борби конечно му дојде душата, ама сеуште беше во безсознаница. Не знаеше како се нашол тука, каде бил и што пиел. После некое време почна да се присетува и почна да плаче зашто ќе умреше за глупост. Мило ми е што успеав да му помогнам
Ова е повеќе загрозување отколку спасување.Требало да го однесете во болница.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: J +
Еднаш еден другар го донесоа во „куќата“ (читај: нашето збиралиште) целиот пребледнат и се бореше за воздух. Трепереше целиот и беше во безсознание. Не знаеше каде е, дехидрираше. Девојка му, која го доведе цела испаничена ни кажа дека пиел многу енергетски пијалоци измешани со жестоко. Веќе беше полесно кога знаевме од што дехидрира. Постојано му носевме вода да пие и го прскавме по лицето. Арно ама се појави друг проблем. Рацете и нозете почнаа да му се тресат, чувствуваше студ и не чувствуваше болка. Почна да заборава да дише, па морав со шлаканици да го освестувам и да го потсетувам да дише. Успеав некако да го наговорам да изеде некоја лажичка шеќер (пошто немаше ништо благо во близина, а беше 3 после полноќ). После саат ипол борби конечно му дојде душата, ама сеуште беше во безсознаница. Не знаеше како се нашол тука, каде бил и што пиел. После некое време почна да се присетува и почна да плаче зашто ќе умреше за глупост. Мило ми е што успеав да му помогнам

алоооо брзо помош се вика во ваков случај
 
Ваков случај под итно се носи на болница да прими инфузија, а не со војца да го оправате и шекерче
 
@ Strider, detence007, out of reality
И да ти кажам што ќе се случеше откако ќе го однесевме во болница? Дежурните кај нас си спијат или се прават дека спијат, па ќе реагира некој после пола саат. Ќе ги разбудеа неговите во 3 сабајле и мајка му е паничар па ќе требаше неа да ја расправаат повеќе. За што? За нешто кое можеш и сам да го средиш. Зошто толку проклето им верувате на тие болници кога таму никој не се грижи за вас, туку за пари?
 
Јеп, кога работев како спасувач имаше доста случки :) Мислам дека треба да се воведе задолжителен курс по прва помош за сите, да знаеме што да се прави во одредени ситуации, како на пример случајот на Калимеро со Хајмлиховиот зафат.
 
Еден мој другар му застана кифла во грлото и јас му удрив 5-6 боксови во грбот и му го спасив животот.
 
Ми треба помош итноо... Мајками пред неколку дена и се слоши, устата и отрпна, почна да се чеша по рацете и вратот, почна и да повраќа... дојде брза помош ја однесоа во болница и никој ништо не ме известува.. може ли некој да ми кажи вакви симптоми од што можат да бидат предизвикани и какви можат да бидат последиците...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom