Спанаќ

  • Креатор на темата Креатор на темата eugenia suarez
  • Време на започнување Време на започнување

eugenia suarez

рудолф!
Член од
1 август 2009
Мислења
112
Поени од реакции
7
дали јадете?колку често? мене ми е најубав и тоа со кисело млеко без кисело е мн гден :D
 
Јас како спанаќ го знам. И тоа како го знам муахаха, пола тава во мене оди.
 
Правилно се пишува спанаќ. Инаку не сум некој голем обожавател. Еднаш во годината се случува да пробам. :tv:
 
Правилно се пишува спанаќ.
е ајде де....
icon10.gif
 
Спанаќот е производ богат со вода, има ниска енергетска вредност и е лесно сварлив. Во спанаќот има 2,2% белковини, 3,9% јаглехидрати и 0,3% масти. Најголема вредност на спанаќот е во богатството на минералите и витамини. Содржи фолна киселина, витамини А и Ц, железо, магнезиум манган, рибофлавин, витамини Б6 и Е, калциум и калиум. Листовите на спанаќот имаат изразено зелена боја која им дава големо количество на хлорофил, па со право се нарекува “крал на зеленчукот со хлорофил”.
Минералите кои ги содржи спанаќот поволно влијаат врз организмот. Така на пример, магнезиумот е неопходен за работата на мускулите и срцето, калиумот го подобрува исфрлувањето на водата од организмот, а со тоа ја олеснува работата на бубрезите и срцето и го намалува крвниот притисок. Фолната киселина што ја содржи спанаќот има значајна улога во создавањето на црвените крвни зрнца.
Меѓутоа спанаќот содржи и оксална киселина, чии кристали може да ги затнат бубрежните канали, па затоа луѓето кои имаат проблеми со бубрезите треба да го избегнуваат. Делувањето на оксалната киселина врз организмот може да се ублажи доколку спанаќот се подготвува со млеко или павлака, бидејќи оксалната киселина се врзува со калциумот од млекото создавајќи нерастопив калциум оксалат кој се излачува од организмот.


:pipi:
 
Не јадам спанаќ, ниту некогаш сум јадел. Имам вкусено како мал и тогаш веројатно сум донел одлука дека нешто такво не е за мене :toe: .
Има лош вкус, лош мирис, со еден збор одвратно јадење. На врвот е на мојот список, заедно со боранијата и пачата.
 
Спанаќ не благодарам :nenene:

А и како што гледам имало и многу како мене што не сакале
Изгледа само Попај и некој што сака да биде Попај јадат Спањак :tv:

popeye.jpg
 
Преубо нешто! грото од тие шо не јадат, не им е по ќеф само дека чуле оти било гадно, не верувам дека завлегле асално во ова јадење.
Необјасниво ми е како може да не им се свиѓа, бурек нека пробаат само, знам дека ќе им се смени мислењето. :|

Од тава во тањир, врз него кисело млеко-партаље!
Филингот кога ти шкрипи вилицата ко на пирана откако ќе се нафукаш прописно е легендарен!

пс.
popeye_money.jpg


оној бицепс не е од ајвар и салама! : )

спанаќ-бел бумбар!
 
јадам ама ретко спанаќ..............:toe:
 
Аууу, дефинитивно едно од моите јадења. Кога ќе напраи мајка ми спанаќ, не станувам од маса без да изедам минимум 2-3 чинии. :vozbud:
 
Најјако е, еднаш неделно практикувам.:toe:
 
Спанаќ со ориз и мелено месо (троа поеќе) се утепувам јадење. + може да напикам кечап или кисело млеко или јогурт да му истурам. Милина....:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom