СП во Атлетика - Пекинг 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Ќе ги мине ли Ристе Пандев квалификациите?


  • Вкупно гласачи
    20
  • Гласањето е завршено на .
Болт имаше 9,97 а Гетлин 9,83 крајот лагано го истрча најдобар резултат годинава му е 9,74 а на Болт 9.87
Болт немаше многу настапи сезонава , а Гетлин учествуваше на Дијамантската лига .
Некако се плашам од допингуваниов.
 
Многу е јако копилето, и ја мислам дека може да искине утре. Денеска на квалификациите ептен лагано истрча и пак успеа 9.80 или 9.90 резултат да извади.
Е сеа тоа па и не мора ништо да значи, може нема да атакува сега на рекорд (9.58 беше?) ќе се чува за ОИ. Башка и нема некоја сериозна конкуренција, Геј и Пауел се стари веќе а Гетлин беше суспендиран нели, не ни знам во каква форма е, денеска истрча со 90% ја би рекол додека Болт лаганица прелета со 80% без замарање.

По се изгледа златото ќе биде кај Гетлин или Болт.Сеа баш ме заинтересира што коефициенти им даваат кладилнициве и излегува дека Гетлин е прв фаворит со минимална разлика пред Болт.Ова денес не мора ништо да значи реално,Гетлин треба да има поише мотивација од Болт кој претпоставувам примарна цел му е Рио.
 
Гетлин има доста подобри резултати оваа година, но несмее да се заборави дека Болт скоро цела година и да не трчаше. Што заради повреда што и се чуваше за ова првенство. Оваа цела сезона на посвети само на светсково првенство. Инаку денеска се виде дека е доста спремен многу лагано трчање. Трчање колку само да се победи и обезбеди пласман понатаму. А додека пак Гетлин трчаше со доста поголем напор, но незаборавајте дека имаше и поволен ветар во грд. Односно недозволен ветар од 2.1м во секунда.
 
Баш сега и јас разгледував резултати и времиња од годинава, испаѓа дека Гетлин е во форма но немора ништо да значи пошто Болт е ептен непредвидлив и мислам дека до финале воопшто не ги покажува реалните можности.
Денеска апла темпо ги истрча тие 100 метри додека Гетлин запна и тоа бајаги запна, убаво пишав погоре Болт трчаше со 80% од своите можности додека Гетлин со 90%. Ова се мои некои претпоставки што апсолутни ништо не мора значат, нормално.

Ќе видиме утре, ја сакам Болт да победи, исто и другото лето во Рио, сакам да постави една доминација и граница и да се пензионира пошто стварно е еден од најдобрите спортисти на денешницава без ниедна дамка на неговата кариера, што не е случај со американциве па и Асафа Пауел би го стаил тука иако сум фан негов, онака.
 
Oд кoлку сaaт ќе трчaaт ?
 
1.72 Гетлин
2,22 Болт
коефициентите од скај бет
 
Со каква леснотија трча Болт, еден чекор негов= три на другите. Го гледав на Дијамантската лига во Лондон, без многу замарање истрча 9.87 немаше потреба побрзо да трча, слабата конкуренција си го направи своето. Така беше и вчера не се исфорсира како Гетлин. Патем, зошто Јохан Блејк го нема?
 
вчера на квалификациите имав впечаток болто дека буквално оди по стазата, денес ќе се кажи шо како е, јас мислам ќе ги разнеси, немаат никакви шанси.
 
Со каква леснотија трча Болт, еден чекор негов= три на другите. Го гледав на Дијамантската лига во Лондон, без многу замарање истрча 9.87 немаше потреба побрзо да трча, слабата конкуренција си го направи своето. Така беше и вчера не се исфорсира како Гетлин. Патем, зошто Јохан Блејк го нема?
Колку што разбрав вчера имал некоја повреда и го откажал настапот.
 
. Патем, зошто Јохан Блејк го нема?
Колку што разбрав вчера имал некоја повреда и го откажал настапот.

Не беше ни во пријавените за Јамајка на првенството, имал слаби резултати, читав дека сака да се чува за Рио.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom