СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Франција ќе препушти посед на секој противник што има желба да држи топка и технички квалитет за такво нешто.

Само што Французите дефанзивно не делуваат толку цврсто, за да би се чуствувале премногу комотно без посед.
 
Не дека ќе имаше многу разлика, пошто и останатите 10 играчи им се класа. Али повредава на Лукас "позитивно" се одрази врз Франција, пошто минутите ги доби Тео кој е во боље форма.
Сигурен сум дека Дешамп ќе го форсираше Лукас лево.
 
Браво за Резултати апликацијата, првпат приметив дека имаат Хрватски коментатор за светското првенство и тоа Крешимир Караџиќ од Спорт Клуб (оној што го водеше квизот Ризик или Опрез).
 
Не дека ќе имаше многу разлика, пошто и останатите 10 играчи им се класа. Али повредава на Лукас "позитивно" се одрази врз Франција, пошто минутите ги доби Тео кој е во боље форма.
Сигурен сум дека Дешамп ќе го форсираше Лукас лево.
Ова сакав и ја да го пишам, практично лигаментите на Лукас му направија услуга на Дешамп на ова СП зашо он му беше стартер а не Тео. Не дека е лош играч Лукас ама лево Тео е многу боље, Лукас подобро игра како штопер.
 
Му беше стартер против Австралија, прва утакмица, може го чувал Тео за подобри противници, толку јак состав имаат што нема прв, втор
 
Гризи вака нема играно од предходното светско, не само мечов, генерално цело првенство е врв. Предходно кога беше во форма беше и меѓу топ 10 играчи у свет.. секако реши Fortnite да игра повеќе, за жал.
 
Мароко заслужи да израмни во првото полувреме, искинаа на терен. Од кај излегоја овие играчи Господ знај. Ова полувреме видовме дека и во напад знаат да бидат опасни, му продадоа неколку добри финти, бравос. Љорис извади неколку топки чисти, се надевам дека во второ ќе го задржат истото темпо и да гледаме израмнет натпревар а не како вчера од 20 мин. се знаеше веќе победникот.
Автоматски споено мислење:

Гризи вака нема играно од предходното светско, не само мечов, генерално цело првенство е врв. Предходно кога беше во форма беше и меѓу топ 10 играчи у свет.. секако реши Fortnite да игра повеќе, за жал.
Гризман е најдобар играч во Атлетико оваа сезона, најголема грешка му беше шо направи трансфер во Барселона, ама се поправи.
 
Гризман е најдобар играч во Атлетико оваа сезона,

Дедо ми Трпе да играше во Атлетико Мадрид оваа сезона ќе беше најдобар играч. Јака конкуренција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom