СП 2018 - генерална дискусија

Дали сериозно мислите дека ќе се вратат темите?


  • Вкупно гласачи
    45
  • Гласањето е завршено на .
Од 90 многу малку се сеќавам, ама од другите најмногу во сеќавање 94 и 2002, а и 2014 не беше лошо.
СП 94 беше лудница од првенство, одличната Холандија растураше напред со Бергкамп и само голчиштето на Бранко го однесе Бразил понатака (3 2 мислам заврши). Потоа промашувањата на пеналите на Барези и Баџо, прославата на головите на Бебето и Ромарио. Потоа чудото што го направија бугарите на чело со Стоичков, Лечков и компанија. Шведска која тогаш ги победи бугарите за 3 место ги имаше еден Далин, Бролин, Кенет Андерсон и откачениот Равели на голот. И за крај не знам кој може да го заборави епилептичниот дрес што го носеше голманот на Мексико, Хорхе Кампос и фризурата на Валдерама.
Си евоцирав спомени малку :D
 
Каков брз фудбал бе глеаш како играат. Или со 8/9 играчи напаѓаат, или со толку се бранат.
Си ги чуваат силите, голем дел од нив и се преморени од долгите сезони, види и пред првенствово колку лигаменти отидоа :/
 
Епа тој е муабетот, ствар на вкус. Исто ко за НФЛ, јас пример невидено уживав годинава за финалето, а некои се жалеа дека не чинело пошто фрштеле тачдауни и немало одбрана. Затоа пишав ебачко, а квалитет нит спомнав нит барав :D.

Па секое првенство си е атрактивно. На секое првенство има некои underdogs кои што стигнуваат далеку. Секое првенство има јаки голови, контроверзи, адреналин и тн и тн. Атрактивноста постои. Повеќе/помалку тоа е маргинално и ствар на вкус.

Зборев за квалитетот на фудбалската игра.
 
Навивачите на шмркачот и на леприконот.

 
Hazard’s penalty makes it 27 consecutive games without a goalless draw. A World Cup record.

Боринг боринг.
 
Hazard’s penalty makes it 27 consecutive games without a goalless draw. A World Cup record.

Боринг боринг.
Ова за головиве е безвезе за мене.
Уопште не ми значат во поглед на тоа дали била интересна утакмицата или не.
Можам да набројам милион утакмици што завршиле 0-0 а биле поинтересни од едно 70% од досегашниве на првенството.
 
Корејци ли се, кореанци ли се?
 
Што знам и можеби фудбалерите во она време беа порастеретени тактички.
Денеска премногу спецификации имаат. 3-4-3(флуидна во 5-4-1), 3-5-2 (флуидна во 5-3-2), 3-5-1-1 (со ниска лажна 9ка), 4-2-3-1, 4-2-2-1-1, 4-3-2-1.... па доаѓаат оние "класичниве" 4-3-3, 4-4-2 - која се помалку и помалку ја гледаме.
Не гледаме долги топки веќе во фудбалот години наназад, посебно не во оние "high stake" натпревари, долги пасови, стиви џи тип на топки се вистинска реткост, да не зборувам пребацени "пирло" тип топки 20+ метри, ниту по земја ниту високо. Мислам дека Бонучи последен пат 2016та даде таква топка, на Џакерини????? (незнам не ми текнува). Сеа може и ја претерав со муабетот, ама долгите топки се сведени на МИНИМУМ, ако ги иземеме контрите и нафрлените топки од крило, тогаш практично и на прсти се бројат.

Не ме зезај 2014та со Калид Буларуз,Рон Влаар, Фил Џагиелка, Мамаду Сако, Сања, Палета, Абате, Данте, Луиз Густаво, Фернандо Гаго, Кампањаро и Демикелис биле ебачки првенства. Беше атрактивно и фрчеа голови (пред се поради очајните дефанзивци), ама многу далеку од квалитетно во фудбалска смисла. Сепак има разлика меѓу овие две нешта.
Мене и ова ми е атрактивно за гледање, јер јеби га нема што да се праи после 17:00, а и фудбалски фанатик сум, нормално е тоа.

На првенствово постојат, верувале или не само 2/3 светска класа бекови - Марсело (иако е канцер у одбрана, ама ај ќе го рачунам како таков), Карвахал, и ајде ќе го вбројам Кимих пошо е многу млад и перспективен (можеби некој испуштив, ама искрено не гледам некој да се издвојува).
Другите се само атлети, а не фудбалери, никакви фудбалски квалитети - само физички се јаки. Не ги сметам овде ни меуние, нит вршаљко нит вокер ... очај. други и нема освен овие (коларов и лихштајнер у своите најдобри години знаеа често да греат клупа или да поиграат у Лацио- просечна екипа 4то место во тоа време). Еве, ќе го земам за пример Мозес. Абе овој појма нема од фудбал, лани најдобар бек беше у англија, право откровение. Единствен квалитет му е физичката спремност и експлозивност.

Кој плејмејкер на првенствово е уствари плејмејкер, освен Модрич и Крос?
Погба? Смешки пер.
Кутињо не е ни везен туку АМ/офанзивен страничен везен.
Хендерсон? :D :D :D
Биља :D :D
Сите се стаминаши,кршачи без никакви фудбалско-технички квалитети и преглед. Средината служи за кршење акции отколку креирање шанси. Можеби и заради тоа паднати се дефанзвиците, пошо пред нив секогаш имаат support од деструктивци во средина.

Значи според тебе утакмицата Португалија-Мароко беше подобра од Португалија-Шпанија?
Која фудбалска смисла, како гледач треба да сакаш да има повеќе голови, шанси, возбуда, да потрошиш 90 минути од животот пример како она гомно Шведска-Кореја со пола шут на гол е навистина бесмислено.
 
Интересно е што пред светското до тој степен се идеше у онаа "студена војна" муабет преку медиумите. А и реално, немаше а и нема некој хајп за светсково од западниве медиуми. Не како што очекувам, барем од моја гледна точка.

Пред светското се креираа некои закани од руските хулигани, западните ббс,си ен ен ти реков ми рече, велеа дека ова светско ќе биде "најнебезбедно". Па прикажуваа стории како сите клубови од русија имале свои кик-бокс/бокс/мма сали у кои што се спремале нивните хулигани, па имале и женски хулигански групи (што е точно, ама далеку од тоа дека овие се хардкор фанатици да тепаат се што ќе им дојде на пат). Па прикажување некои истетовирани батки ко демек "спремни сме да ги дочекаме странците".
Па расизам, па исламофобија ова она. Роналдо ќе идел со 20 души обезбедување.
Па демек еден енглез нема да има поради фрките у Марсеј 2016. Класика закани од терористички напади, вака така.

А епилогот - скроз мирољубиво првенство, на стадион без проблем се веат германски знамиња, ете глеаме пољаци си шеткаат по кремљ лагано... нема ама една дамка ова првенство, освен она аргентина-хрватска што би го класифицирал ко минорен и небитен инцидент.

Супер организациско првенство. Ептен сум задоволен од тоа колку добро е организирано.
Русија и не е некоја фудбалска нација да бидеме искрени, а се покажа ко одличен домаќин, барем засега, на ниво на Германија, Франција. Претходното у бразил веќе го надминаа, нема дилеми.

Да поуживаме у ова светско, пошо следново у Катар ќе биде очај од милион аспекти.
И тоа, во 2022 ќе биде онака јаготка на шлагот за оние тврдења за модерниот фудбал - "football = money".
 
После никаква клупска сезона, логично е вакво млитаво светско првенство. Али ајде иде нокаут фаза која треба да е поинтересна. Макар што јебеш светско без Италија и Холандија.
 
После никаква клупска сезона, логично е вакво млитаво светско првенство. Али ајде иде нокаут фаза која треба да е поинтересна. Макар што јебеш светско без Италија и Холандија.
Зошто е млитаво?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom