Совршеното општество

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Возраст
39
(не знаев каде да ја отворам темата префрлете ја слободно..)

Дали верувате дека еден ден, човештвото може да изгради совршено општество, утопиа. Или сите обиди само може да не доведат во дистопија. Дистопија е анти-утописко тоталиристичко општество. Како пример во филмот Еквилибриум или Островот имаме пример на дистописки општества. Изнесете ги вашите мислења. И ако вие би изградиле совршено општество како тоа би изгледало?
 
Не може. За да има совршено општество треба тие што го сочинуваат, т.е. луѓето, да бидат совршени. А луѓето се далеку од совршени, и тоа сите, а некои одат до екстрем со нивната злоба и исквареност. Види само колку војни се водат во моментов.
 
ќе правиме вирус шо го затапува мозокот кај луѓето по што како неспособни за размислување ќе станеме обични животни, ќе почнеме да живееме по законите на мајката природа и ќе имаме совршено општество. е сеа нема да знаеме дека е така али...
 
Луѓето пребрзо се доведоа себеси во ситуација да зависат од опкружувањето. Еволутивно луѓето се поинаку организирани и затоа неможе точно да се дефинира поимот идеално општество. Доколку целосната организираност на животот е идеално општество тогаш тоа никогаш нема да го има или пак не во онаква форма каква ние го замислуваме сега. Погледни само колку форми на пропагирање на идеално општество сеуште постојат во светот! Што е вистината? Вистина нема, примерот што го даваш со филмо Остров е илузионистичко општество бидејќи надвор од зградата постои друго. Значи неприродно е доведено до таму. Се што е неприродно излегува од балансот на нормалните текови на енергијата и материјата и тие мора да се вратат назад, побрзу или подоцна.
 
Кога ќе нема потреба од општество, ќе биде совршено.
 
Od opstestvo? Da ne mislese od drzava?
 
Јас сум господ...
 
MarthaGraham напиша:
Не може. За да има совршено општество треба тие што го сочинуваат, т.е. луѓето, да бидат совршени. А луѓето се далеку од совршени, и тоа сите, а некои одат до екстрем со нивната злоба и исквареност. Види само колку војни се водат во моментов.
Мала исправка: не треба совршени луѓе, туку совршена хиерархија. Секако дека не возможно тоа.
 
Carlito Brigante напиша:
Мала исправка: не треба совршени луѓе, туку совршена хиерархија. Секако дека не возможно тоа.
Не си сиватил што е утопиа, штом говориш за хиреархија
 
Ја мислам коа ќе нема луѓе најубаво ќе биде.
 
Совршено ќе е кога правилно ќе функционира социјализмот
 
Sovrseno opstestvo koga lugeto ke evoluiraat vo pravec na gubenje na "najslabata" alka vo covekovoto bitisuvanje, emociite.
Koga ke staneme Vulkanci mozebi i ke izgradime sovrseno opstestvo, ama vo toj slucaj pa, "Sto ke ni e toa"?
 
Кои се нормите за совршено општество?
Мора со тоа да се расчисти, па да се бара начин да се постигне тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom