Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Солидно ауто за тие пари!
 
и добро кај да ставам во Фиестана толкава боца, а да биде на ВИДНО место и ЛЕСНО ДОСТАПНО? Ќе направам држачи на кров :vozbud:
 
и добро кај да ставам во Фиестана толкава боца, а да биде на ВИДНО место и ЛЕСНО ДОСТАПНО? Ќе направам држачи на кров :vozbud:
ВИДНО место и ЛЕСНО ДОСТАПНО во овие поновите (а и во постарите) возила НЕМА!!!
Јас си го носев во багажникот и вчера баш гледав и се обидував да го сместам некако во патничкиот простор, ама едноставно НЕ БИВА!!!!
Затоа и ќе си остане таму кајшто е.
 
Ја боцата ја ставив под сувозачко седиште (пола се гледа, пола е испод), на друго видливо место нема каде. А елекот у багажник.
Него, прашав сабајлево у Макпетрол, имале само од 1 кг (такво веќе имам) чини 700 денари али и тие им се потрошени -добар бизнис :)
Можда да легне работава да се знае точно што треба да се набави...или да се почека некое објаснување во медиумите од официјални лица од МВР.
 
И, еден совет од човек кој војска служеше цивилно како пожарникар:
При пожар кој избувнува во моторниот простор на возилото, т.е. под хаубата, а 99% од пожарите на возило настануваат токму таму, НИКОГАШ не ја отварајте хаубата наеднаш, бидејќи во допир со кислород веднаш ќе букне наеднаш пожарот.
Постапката е следна:
Подигнете ептен малце хаубата и прскајте во моторот.
Дури потоа, кога ќе попрскате 10-на секунди, дигнете ја хаубата цела и целата содржина на апаратот испрскајте ја врз моторот.
Најбрзо што можете вадете клемата од акумулаторот.
Викајте пожарна на 193, бесплатен е повикот и интервенцијата е бесплатна. За секој случај е убаво професионалци да видат :)
Најважно е да ја задржите присебноста. Не е потребна паника. Почетен пожар се гаси со многу малку...разгорен е невозможно да се изгаси.
Најлошо е во овој вид пожари што возачот секогаш последен го приметува пожарот, посебно надвор од град, т.е. на големи брзини.
Ако не сте сами во возилото, сите нека излезат надвор и подалеку од возилото.
На крај на краиштата, човечкиот живот е многу повреден од кое и да било материјално добро.
ПП апарат се активира на следниот начин:
1. Се извлекува осигурачот од под рачката.
2. Се удира со рака рачката надолу за да се активира притисокот од малата боца која се наоѓа во самиот ПП.
3. Со притискање на рачката се ослободува правот кој гаси.
4. Битно е да се реагира брзо, за да се искористи притисокот и да се обезбеди квалитетно гасење.
Види вака, ова се е ок... што имам во живо гледано, се запали Accent во пределот на внатрешноста во маската. Што се случи. Возилото беше такси, и имаше апарат од 2 литри. Башка и повика колеги по радио станица, за 1 минута дојдоа уште 2 коли со апарати. Ништо не можеа да направат заедно, дури не излезе некое бате (од никаде) со 15 литарски апарат и да го испрска салам огнот. Така да не се надевајте дека којзнае што ќе може да се изгасне со малите апарати.
 
Џиш, работата е во тоа ШТО ГОРИ.
маска...значи пластики, некаква сунгереста маса...која е запалива и лесно гори.
2 литра за мотор ќе завршат огромна работа, а најчести се пожарите баш таму.
 
Денес баш тркнав до пазарче, и глеам немаат више од старите ПП апарати кои беа од литро, и мислам дека имаше и од пола литар... Има само од 2 литра, и некако ми изгледаат премногу големи :o Тоа да го лупнеш у мало количе као матиз и заборави дека имаш багажник..
И цената му е 1500 денари. :nesum:
 
Каде можам да најдам ваков дел за Пасат?

Ве молам да ми помогнете, нигде неможам да најдам ваков дел за Пасат модел 2003-2004. Станува збор за десната пластика од браникот што е под фарот. Кога го гледате од напред од лева страна доаѓа пластиката како на првите две слики.

passattdifront3lo.jpg


112050608z2003volkswage.jpg


volkswagen03passatangul.jpg
 
Провери во порше македонија не би требало да е претерана цена на делот барем ја колку што сум имал искуства, или види на e-bay веројатно има и таму.
 
Провери во порше македонија не би требало да е претерана цена на делот барем ја колку што сум имал искуства, или види на e-bay веројатно има и таму.
Па вртеше татко ми во четвртокот и петокот, ама никој не креваше. Чудно за таква фирма.
Беше на многу места каде што се продаваа стари делови и не најде ништо. Отиде дури и до тетово, па му оставија број да се јави во понеделник ако можеле да најдат половно за 200 евра:vozbud: Ќе видиме утре во порше што ќе кажат, ќе отиде до таму, а во меѓувреме ако некој му текне кај може да се најде ваков дел, нека пише. Премногу ќе ни заврши работа:)
 
Па вртеше татко ми во четвртокот и петокот, ама никој не креваше. Чудно за таква фирма.
Беше на многу места каде што се продаваа стари делови и не најде ништо. Отиде дури и до тетово, па му оставија број да се јави во понеделник ако можеле да најдат половно за 200 евра:vozbud: Ќе видиме утре во порше што ќе кажат, ќе отиде до таму, а во меѓувреме ако некој му текне кај може да се најде ваков дел, нека пише. Премногу ќе ни заврши работа:)

Во четвртокот и петокот се спремаше Фешн вик во порше македонија и затоа не ти кревале
 
Сигурно ради тоа не кревале. Иначе нарача од грција таков дел преку некој... Нов оргинален, за 13 евра:)
Сепак фала на помошта.
 
Кој ја регулира цената на ТНГ во Македонија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom