Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено, мислам дека е многу попаметно да се купи телефон со GPS навијација отколку GPS уред за во кола. Јас имам инсталирано Garmin Mobile на мојот телефон и работи буквално исто како и GPS уредите во автомобил. Единствена предност кај нив е што голем дел од нив (скоро сите) имаат touch дисплеј па лесно се работи низ менито на уредот.
 
A што телефон имаш,и ако може подетално да објасниш малку како иде процедурата,бидејки на ум сум извесно време за Н-95 баш поради тие мапи,па ако функционира без проблем,одлично би ми дошло.
 
A што телефон имаш,и ако може подетално да објасниш малку како иде процедурата,бидејки на ум сум извесно време за Н-95 баш поради тие мапи,па ако функционира без проблем,одлично би ми дошло.
нокиа н95 бил спор GPS-от... многу е фален Н96 или Н82! размисли за нив! ова зборам што сум читал по нет, пошто и јас сум заинтересиран, а не од искуство!
исто можеш да провериш и HTC мобилните!
едит- иначе, и јас мислам дека е подобро да си купиш мобилен со GPS, а не посебен уред за во кола! само, ОБАВЕЗНО со мобилниот и полњач за во кола =) пошто цеди батерија GPS-от.
 
Имам нокиа н82 . И н95 и било кој од поновите нокии со гпс и symbian вршат работа. Функционира комплетно ИСТО како кај стандардните гпс уреди за во кола. Со говор сврти овде,сврти онде на англиски,српски.. и многу други јазици. Има мапи од балканските земји а богами и од цела европа и свет но тие јас не ги имам ставено заради тоа што се поголеми. Доколку купиш такво телефонче контактирај ме на маил или појди на gsmmkd па можеш да најдеш и туториали и све за инсталација. Радо би ти помогнал. Ако сакаш може и да ти покажам како работи ако ептен се мислиш дали тоа или тоа.
еве youtube video на кое можеш да видиш дека е комплетно исто.

нокиа н95 бил спор GPS-от... многу е фален Н96 или Н82! размисли за нив! ова зборам што сум читал по нет, пошто и јас сум заинтересиран, а не од искуство!
исто можеш да провериш и HTC мобилните!
едит- иначе, и јас мислам дека е подобро да си купиш мобилен со GPS, а не посебен уред за во кола! само, ОБАВЕЗНО со мобилниот и полњач за во кола =) пошто цеди батерија GPS-от.

Тоа со н95 е вистина. Еден мој другар има и заедно ги споредувавме со мојата н82-ка и неговиот бараше сигнал околу 1 минута и кусур додека н82-ката најде сигнал за помалку од 10 секунди.
 
Фала многу,одлично што дознав дека слаба била Н-95 ката за оваа работа,сепак многу битна работа ми е ГПС-от да биде како што треба.
Иако ми ја даваат за многу добра цена Н - 95 ката,сепак ке барам нешто друго.
Фала уште еднаш.
 
ем, гледав едно видео на јутуб, дечко во кола со нокиа н82 и GPS уред за во кола.
нокиата најде сигнал за околу 10 секунди, додека GPS-от не успеа ни за повеќе минути и типов тргна со колата...
после некое време стигна на локацијата и GPS-от сеуште немаше фатено сигнал :pos:
еве го:
 
Јас многу размислував околу н95 и н82. Имаше неколку работи заради кои ја купив н82-ката.
1. н82 е моноблок и е цел телефон (не е на преклоп, лизгање како н95 па да имам можни проблеми со flat кабел)
2. н82 има xenon блиц и многу подобра слика на потемно
3. дисплејот на н95 е директно (незаштитен) и многу лесно може да се пукне додека на н82 има прозорче од маската која го штити
4. н82 има слот за мемориска картичка а н95 (8GB) нема.

Подоцна и се уверив во брзината на пронаоѓање на гпс сигналот

Предност на н95 е
1. Поголем дисплеј (истата резолуција само поголем е пикселот)
2. Држи малце повеќе батеријата
3. Има инфраред

тоа е тоа
 
Можеби разговорот би одговарал во подфорумот за мобилни, но сепак сакам да прашам нешто. Имам Нокиа Е51, ја имам пробано Нокиа Мапс опцијата и работи додека имаш интернет (Wi-Fi во овој случај)
Ме интересира што треба да се подеси, да се вклучи или некаде да се уплати за да можам ГПС можностите да ги користам?

Не е битно каков е телефонот, чисто ме интересира која е постапката.
 
Вака...мене ме интересира кои мотори пасуваат на ФИЌО, се разбира освен оној стандардниот...некој појак...и што може да се направи на спојките бидејќи повеќе од очигледно е дека највеќе проблеми прават тие... Ми требаат овие информации бидејќи сакам да си средам едно фиќо онака ко за мене...само слаб е стандардниов мотор...и сепак ми треба и некоја подоверлива машина... благодарам однапред :helou:
250px-1965_Zastava_750.jpg
 
За да ја користиш GPS услугата ти треба GPS уред кој во E51 го нема. Можеш да најдеш некој GPS уред кој преку Bluetooth ќе го поврзеш со телефонот. GPS услугата е бесплатна и може да ја користи кој сака во светот бесплатно.
Не знам како ти функционира со помош на Wifi (предпоставувам само може да ја гледаш мапата но не и да те позиционира), а кога станува збор за апликација можеш да ја користиш која сакаш. Значи ти користиш GPS уред кој служи само за да те позиционира а кој програм ќе го користиш тоа е твој избор.

Пример: Тоа ти е исто како да имаш радио приемник и со него само примаш сигнал а каков засилувач и звучник ќе користиш си е твоја работа.

поздрав
 
Вака...мене ме интересира кои мотори пасуваат на ФИЌО, се разбира освен оној стандардниот...некој појак...и што може да се направи на спојките бидејќи повеќе од очигледно е дека највеќе проблеми прават тие... Ми требаат овие информации бидејќи сакам да си средам едно фиќо онака ко за мене...само слаб е стандардниов мотор...и сепак ми треба и некоја подоверлива машина... благодарам однапред :helou:
250px-1965_Zastava_750.jpg
Југо 45 (900 кубици) и кратки полуосовини од 101 со глобови, наместо оригиналните со прељубници.
 
http://zastava.21.forumer.com/ ќе најдиш се што ти треба
Ако ставиш мотор од југо 45 треба да ставис замаец од фичо,држач за мотор и некоја пиксна се ставало назат.
 
Уште поубаво да најдеш 903 мотор од ФИАТ тоа е истиот мотор како кај Југо 45 само три пати поквалитетен:smir:

Кои се новите законските регулативи за увоз на автомобили од странство? Кои стандарди треба да се задоволат ? Колку пари е царината, даноците, хомологациите...
 
Слушнав некои муабети дека увознициве на Опел во Македонија, Авто куќа ваљда, давале попусти на одредени професии како доктори, адвокати и сл.
Незнам колку е верно тоа, меѓутоа знае ли тука некој нешто поконкретно околу оваа работа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom