Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Се гаси ако го извадиш осигурачот под хауба кај компјутерот што се наоѓа
Уба работа, ако вадиш/ставаш осигурувачи на секое... Не чачкајте каде што не треба, да не направите поголема беља.
 
Ама совозачкото... а возачкото?

Патем каде се наоѓа тастерот? Кај мене во Фиестата има 2 перници, ама немам забележано дека може да се исклучи десното (ама има лепенка како да се постави корпа за мало дете).

Мора да пишува на лепенката како се исклучува, а тастерот или е под А столбот, значи со отворена врата да провериш - или е во оставата напред под перничето... Затоа што Ескортот е постар можно е да нема опција да се исклучи совозачкото перниче.
 
Ама совозачкото... а возачкото?

Патем каде се наоѓа тастерот? Кај мене во Фиестата има 2 перници, ама немам забележано дека може да се исклучи десното (ама има лепенка како да се постави корпа за мало дете).
Возачкото мислам дека ако се извади некој осигурач се онеспособува, ама немам намера да експериментирам :)
Совозачкото кај Ксарата се исклучува со вртење на клуч во прекинувач (како брава) кој се науѓа од десната страна на шалт таблата и е видлив кога ќе се отвори десната предна врата.
 
Ми прегоре една од сијаличките,оние малите убодни за позадинско осветлување на километражата (од левата страна таа е прегорена) на астра ф, како најлесно да ја променам?
 
макотрпно е да се вади километражникот....ја да сум не го вадам,после сложено е за да го вратиш назат,а може и некој држач да скршиш...
 
макотрпно е да се вади километражникот....ја да сум не го вадам,после сложено е за да го вратиш назат,а може и некој држач да скршиш...
А и ќе почне да ти крцка цела маска, нема шанси да ја наместиш како што била фабрички (освен ако ја лепиш)
 
Сега незнам како е фискирана на Астрата, на Ескордот јас до сега ја имам 2 пати вадено. И не е толку страшно, 4 штрафови пластиката околу километражот, и 6 штрафа што ја држат таблата за шасија.

И ниту скршив држач, ниту пак нешто крцка :smir:.
 
треба многу маневрирања кај воланот,додека ја вадиш,еден погрешен чекор и отиде држачот....ако имаш дизел ќе ти тропа во глава после....
 
треба многу маневрирања кај воланот,додека ја вадиш,еден погрешен чекор и отиде држачот....ако имаш дизел ќе ти тропа во глава после....
Епа сака внимавање, особено со откачување/прикачување на жиците и сајлата за километражникот. Ако тегниш многу, можеш да оштетиш нешто.

А за сијаличката, не треба да се изваде надвор комплет, доволно е да се подистрга нанадвор колку да се смени сијаличката и пак да се врати назад.
 
кај мене тоа сијалицата за температура на моторот кога-свети кога не свети....во последно време кога и да видам,свети,се упраила....ако се расипе ни ја вадам ни ја е*****.Ако му се отвара на тато,ете му занимација:wink:
-Џиш,имаш ти вакви проблеми со тоа штампаното коло за сијаличките?
 
Пред некое време мењав сијалички на Рено 11, излезе лесно таблата ама сигурно беше претходно вадена.

На Астрата немав никаков проблем па и не ја вадев и не знам како изгледа, а и не верувам дека некогаш беше извадена.

Ако не можиш сам да ја извадиш најдобро е да отидеш кај автоелектричар. И да, не треба скроз да ја откачуваш и да ја вадиш. Излегува до воланот, одвртуваш сијаличката и готово...
 
Сијаличе за температура??? Кај мене нема такво чудо (или има ама ми нема светнато никогаш и не сум го забележал, можи и прегорено е), за температурата има стрелка. Еве како изгледа таблата од Ескордот, а исто така има стрелка и во Фиестата.

Но, затоа ме заебаваа сијаличките под 3-те врталки за парното, и не се гледаа по ноќе, и морав да интервенирам со жички и лемење за да бидат ок.
 
Ајде мала помош . Денеска ја расклопив шал таблата за да сменам лед диоди на целата површина каде што има за да го појачам осветлувањето и прегледноста на се што е осветлено во колата. Се работи за Фиат Пунто Мк1. Е сеа дали некој имал искуство со мењавање на осветлувањето, дали некој знае каде можам да најдам цајгери нови за километражата во друга боја и каде да купам квалитетни лед диоди. На овие стариве има ознака OS 12\ 1.2n Дали има некаква врска ако земам појаки дали би му сметало нешто мислам за да не изгори некоја инсталација ако се појаки. А прочитав горе постови дека било тешко да се расклопи километражата. Ако некој би сакал да расклопува слободно правете го тоа 5 минути работа е се држат само на 2 штрафа и позади има џекови кои треба да се откачат и кои неможете да ги утнете пошто секој со секој е различен, а да и сајлата од километражата нема никаква теорија да ја утнете. Значи расклапање на комплетно цела шал табла со се осветлувањето од парното ќе ви одземе 10 до 15 минути без ништо да оштетите. Полесно нешто во колата да расклопите и склопите нема.
 
Сега незнам како е фискирана на Астрата, на Ескордот јас до сега ја имам 2 пати вадено. И не е толку страшно, 4 штрафови пластиката околу километражот, и 6 штрафа што ја држат таблата за шасија.

И ниту скршив држач, ниту пак нешто крцка :smir:.

незнам како е на астрата ама ке кажам мое искуство со пежо 405 за да ја извадиш таблата оди вака процедурата:
го вадиш воланот(да да мора),
пцуеш кога ке ги видиш штрафовите на ракетата(да мора да се извади и таа) бидејки се звездасти и најверојатно ги немаш.
го ставаш воланот, купуваш штравцигери и пак го вадиш воланот.
ја вадиш ракетата.
го вадиш покривачот за штрафовите на таблата
пак пцуеш оти има 20 тина штафови
ја вадиш таблата, менваш сијалици.
за ставање се ова што набројав само обратно (секако без пцуењето бидејки веке имаш звездасти штравцигери)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom