Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дали е нормално кога е изваден акумулаторот да не функционира централното и како би ја заклучил во таков случај колата доколку тоа е во ред?
Денес бидејќи два дена ја немав запалено ми се испразни акумулаторот, го вадам од колата и пробувам централното не бива, пробувам со клучот директно на врата (за клуч има само од кај возачот на таа врата) ја заклучува само таа врата, а се друго отклучено, дали е нешто проблем кај мене или тоа е нормално?
Ете во денешнава ситуација се снајдов со тоа што ги допрев клемите пак на акумулаторот и со тоа што беше останато струја само ја кликнав да заклучи, одма после тоа го тргнав и ја затворив хаубата, се надевам откако ќе го наполнам утре акумулаторот дека ќе може да ја отворам преку возачката врата со клуч :unsure:
 
не се разбирам многу во автоелектрика ама ако нема акомулатор тогаш од каде струја за централното? значи според мене е нормално и логички да е така/
 
не се разбирам многу во автоелектрика ама ако нема акомулатор тогаш од каде струја за централното? значи според мене е нормално и логички да е така/
Начини како да задржи за краток период стуја сигурно има, е сега дали некој помислил и се замарал да го направи е прашање, бидејќи во овој случај ајде се снајдов, но што ако цркнеше целосно акумулаторот и бев далеку каде што мора да ја оставам колата на неколку часови отворена?
Ако не чува струја, тогаш морало да стават брави на сите врати како би можел рачно да ја затворам.
 
па нели постои можност од внатре да се заклучат вратите со притискање на механизмор рачно?
 
па нели постои можност од внатре да се заклучат вратите со притискање на механизмор рачно?
Нема копчиња за рачно заклучување на вратите кај мене ако мислиш на тоа, има копче за сите врати од централното внатре, но и тоа не фукнционираше.
 
Нормално дека за функционирање на централната треба струја.....самите брави се закачени од две страни со два механизма-едниот е механички преку клучот или она дугмето што излегува од вратата(двете се погонуваат од иста полуга-лост) а на другата страна има електричен механизам со електромотор и најчесто запчаници.

Кога нема струја, мора да се заклучува рачно
 
Последно уредено:

Се е фино тоа, но проблемот е што на вратите нема такви за притиснување за да се заклучи, а на единствената надворешна брава што е наместена на возачката врата заклучува само таа врата.
Денес измрзнав додека се заебавав со ова и не најдов начин како без струја да ги затворам.
Логично е да направеле некаков начин да задржува резервна струја барем за 3 заклучувања за во итни ситуации независно од акумулаторот, но французиве најверојатно не се замарале до толку.
 
Kolku bi kostalo promena na dihtung na glava na Opel Vectra A 1.6 benzinec? I preporaka za dobar servis vo Skopje kade da se napravi istoto :)
 
Kolku bi kostalo promena na dihtung na glava na Opel Vectra A 1.6 benzinec? I preporaka za dobar servis vo Skopje kade da se napravi istoto :)

Ќе треба и рамнење на глава, тоа ти е околу 1,500 денари + околу 1,500 денари за рака на мајсторот што ќе ти ја извади и потоа намести назад со новиот дихтунг.
 
Ако имаш чепкано по коли, не е тешко тоа да се направи. Има повеќе ``амалска`` работа , не толку мајсторска. Многу шрафови треба да се извадат, а мајсторија има само на затегањето на шрафовите(т.е. и таму нема ако одиш по редослед по дијагонала) и околу ставањето на ребрастиот каиш. Рамнењето ти е на мајстор(но јас сум ставал глави и без рамнење ако е проблем само дихтонот, а не прегревање), ја ставаш главата и ја шрафиш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom