Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ако може да се помине со 4.5 до 5 литри на изминати 100км ри брзина од 110 до 120км на час колку проценти од повеќето возачи што возат на автопат со тој просек би купиле поскапа кола од оваа?Кој ќе го купува после дизелот кога може со истите пари да си заштеди време и трошоци?Башка што одржувањето во однос на дизелот е смешно.На такво нешто не помисли нели?Бубата германците не престанаа да ја произведуваат затоа што беше стара технологија туку затоа што ќе пропаднеше автоиндустријата.И уште нешто,моторот појма нема каросеријата со која брзина се движи на автопат туку го чувствува само отпорот кој се создава при тоа движење кој е малку поголем на 110 отколку на 90км на час а вртежите дали се 2500 или 3000 за моторот се скоро исто оптеретување.
Инженерите веќе 25 години се под притисок да од еден идеално направен мотор да извадат максимум.

Ако ти си попаметен од нив и за тоа појма немаш, тоа е само заради тоа што го чувствуваш отпорот на гравитацијата на оваа рамна земја.
 
Намерно ставаат 5 брзински у градските возила со мали мотори. 6 степен е мислам опција за некои од овие мотори
 
Tie inzeneri izmislile i mnogu raboti koi necinat taka da...
Точно, но тие работи што не чинат се на сметка на друг компромис како квалитет заради некои норми за потрошувачка на гориво и издувни гасови.

Вадењето лој од болва е веќе отидено до максимум и нема простор за тунирање или правење многу паметен.
Автоматски споено мислење:

Намерно ставаат 5 брзински у градските возила со мали мотори. 6 степен е мислам опција за некои од овие мотори
Тоа е веќе наредниот стадиум.

Сега трендот во автоиндустријата е колата да биде претворена во луксуз и да може да се вози само 5 години после продукцијата.

Топењето на клинаст каиш во жешко масло, вградување на ланец од велосипед наместо вистински ланец за кола, укинувањето на рачниот мењач, еден куп делови кои не се продаваат како еден дел туку како цела единица или целина за да го одвратат клиентот да ги поправа и да ја направи една банална поправка неисплатлива.

Редицата е долга.
 
Последно уредено:

Извинете вака преку ред само прашам нешто

Ова промениве кои ги наброја некој механичар по дома ги прави или така проектирани од фабрика искачаат?

за другар инжиниер прашувам.
 
одговорот е прагматичен-намалување на трошоците преку намалување на количината на материјалите, плус поредовни сервиси кои не се баш евтини....и најважното да не се повтори историјата со стариот Мерцедес 190 д кој за малку ќе ја затвореше фабриката(ич не се расипуваше, па сервисите зјаееја празни)

Мој другар купи нов Цитроен Ц3 сои мотор со каиш потопен во масло...и нормално-пред неколку месеци беше во овластениот сервис да му го сменат моторот( испод 100 000 км). Не ми е згодно да го препрашувам на сета мака дали е на негов трошок или на рачун на сервисот

На кола над 2017-2018 не барај квалитет како на колите на пример 2005-2009
 
Квалитет? Тие намерно забушаваат! Мене Партнерот на 2 години појави р'ѓа на капакот од хаубата. Се' е полошо од пред 20-25 години, каросерија, пластики, мотори...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
одговорот е прагматичен-намалување на трошоците преку намалување на количината на материјалите, плус поредовни сервиси кои не се баш евтини....и најважното да не се повтори историјата со стариот Мерцедес 190 д кој за малку ќе ја затвореше фабриката(ич не се расипуваше, па сервисите зјаееја празни)

Мој другар купи нов Цитроен Ц3 сои мотор со каиш потопен во масло...и нормално-пред неколку месеци беше во овластениот сервис да му го сменат моторот( испод 100 000 км). Не ми е згодно да го препрашувам на сета мака дали е на негов трошок или на рачун на сервисот

На кола над 2017-2018 не барај квалитет како на колите на пример 2005-2009
Мислам дека не се разбравме и на грешно место скокна.

некој тука глумеше полицаец како тоа некои инжиниери се смислиле немало причина некој да проба да направи промена, ама некој пост после тоа се било намерно смислено пази од истите што толку ги фалеше дека намерно е грешно правено за да извлечат повеќе пари од тебе.
 
Извинете вака преку ред само прашам нешто

Ова промениве кои ги наброја некој механичар по дома ги прави или така проектирани од фабрика искачаат?

за другар инжиниер прашувам.
Лед фаровите се еден пример. Лед ламбичката која кошта 10 евра не се менува туку е направено да се мења цел фар

Еден кошта од 1500 евра неоригинал. За 10 години стара кола ќе треба да се менуваат двата. 1500 евра × 2 и плус 2 работни часа и сметката е само за едни мочани фарови 3500 евра за 10 години стара кола.

А каде е сметката за други важни поправки на мењач или или мотор?

Ова прашањево што го постави од Сатурн да не го прати или од планетата земја? За астронаут другар прашувам?
 
да додадеме тука што во Америка конкретно многу брендови имаат субскрипција на месечно ниво за да користиш функции во колата. Сето ова го праат задњиве години за да го билдаат профитот пошто колите не им се продаваат.
 
Не бе бро од Јупитер само незнам како тоа ги афектира тие од Мер(и)кур
 
да додадеме тука што во Америка конкретно многу брендови имаат субскрипција на месечно ниво за да користиш функции во колата. Сето ова го праат задњиве години за да го билдаат профитот пошто колите не им се продаваат.
Колите им се продаваат, субскрипцијата е за дополнително бриџење на суво спроти сонце на своите муштерии. Си се имаат тие сите компании договорено и клиентот е оставен без избор.
 
Пред некоја ден ми излезе на Б92 платена реклама каде нудат предни фарови за Ауди А6 ,,за само 500 000 динара,, или по нашки за 4000 евра :tapp:
 
Остави тоа, прават и финти дека сервисите не смееле да мењаат неоригинални фарови пошто на фарот имало име на производителот и со тоа се кршеле авторски права демек.

Тоа ја што пишува марката на автомобилот на фарот не е за да изгледа убаво туку да за да биде основа за бриџење на суво во будуќност.
 
Јас имав проблем со овие лед фарови на Меган 4, дури и побарав помош тука.
2000 евра фар или скоро 20% од цената на колата.
Срце не ми даваше да лупнам толку пари и пола година одев од мајстор до мајстор и сите истото нов фар.
На крај еден дечко му ја најде цаката, извади некој сензор, проблемот решен.

Друг проблем имав со копчето за четири жмигавци, немаше контакт. Копчето иде заедно со екранот и ме тераа цел екран да го мењам за тоа, 800 евра.
Изгуглав, го извадив цел екран, му прснав контакт спреј на копчето и си проработе. Фактички од што стоела по плацеви и не се употреба, се насобрало прашина и не дава контакт.

Џабе и да можеш да поминеш за ситно новиве мајстори само зимаат нов дел и мењаат, не се замараат да видат уствари што е вистинскиот проблем.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom