Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Хахаха хахаххаа само во сон. Јас имам возачка од ЈАР со сите категории и положено ама никаде не ми ја признаваат

Зошто така? Па интернационална е у пм -.-
 
Тоа значи дека и SEAT Cordoba 1.9 TDI - 2001 год. носи иста бош пумпа или? Имаш некој информации повеќе, ако се разбираш? Сигурно си го прочитал мојот проблем, ако не, тогај еве го:

Ако е 110 коња пумпата е иста како кај 90 коња ТДИ а ако е ПД тогаш е без рото пумпа за висок притисок и таму нештата се поскапи.

За тоа каков мотор има според годината може да се нагаѓа. Се гледа според број шасија и број на мотор. Сепак таа пумпа е елементарна а мајсторите тријат раце на непознавањето на муштериите и за обично дихтунгче и NTC отпорник за чија што замена не мора да се вади пумпата лапа добра парица. Али затоа има и овчички.
Кај опел 2.0 ДТИ, БМВ 2.0 нисан и уште стотици коли што ја имаат скапаната пумпа на Бош модел VP-44 таму веќе нештата се покомплицирани и тие пумпи имаат буквално свој компјутер кој поради технички причини и дизајн после определено време дава дефект.
И не само тоа но и фактот што веќе тие пумпи имаат и тело кое што се износува и при ремонт на истата се менува и телото.
Затоа 1.9 дизел моторите на VW се врвен избор на скржав купувач или посиромав де
 
Хаха. Напротив, имав колега дур да земе возачка плати 2.000 евра :)

2000 евра цела година не се заштедуваат во таа скапана држава. Хахаха тоа е поскапо од Англија.
 
2000 евра цела година не се заштедуваат во таа скапана држава. Хахаха тоа е поскапо од Англија.

Скршна многу од темата, али нема везе. Иначе, зависи дали знаеш да штедеш или не .. Ако сакаш да пробаш се - нема да заштедеш ич, точно :)

Нај реално, филипинците живеат со 50еу месечно (платен стан и храна од фирмата) другото го праќат дома. Ако можат они, можеме и ние ;)
 
Како у Македонија да нема корупција и овдека е исто за пари се зимат возачки,дипломи и што ли уште не. Џабе не викат дека бургија не врти,парата врти.
 
Скршна многу од темата, али нема везе. Иначе, зависи дали знаеш да штедеш или не .. Ако сакаш да пробаш се - нема да заштедеш ич, точно :)

Нај реално, филипинците живеат со 50еу месечно (платен стан и храна од фирмата) другото го праќат дома. Ако можат они, можеме и ние ;)

само чај и леб пијат и јадат?
 
Кога веќе сме кај волво еден има што доаѓа кај мене на работа има волво с60 од поновите има дефект сеуште со шал табла буквално целата му е пореметена ништо не му дава а може да ја запали кога бил во сервис му побарале 1,050 евра да му ја сменат. Кога ми кажуваше просто не ми се веруваше колку е само скапо тоа.
 
с60 е нов модел, ама како и да ако отидеш во овластен сервис(мида) ќе те одерат за било која банална работа зш се шупаци невидени
 
с60 е нов модел, ама како и да ако отидеш во овластен сервис(мида) ќе те одерат за било која банална работа зш се шупаци невидени
Кој сака нова кола ќе си плаќа. Стиснатиот плаќа трипати
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom