Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се деси многу глупа ситуација вчера. Ме удри џип од позади. Првпат ми се случува ова во живот. Е сега, типот признава дека е крив и нема проблем ништо тоа, се договоривме да ми ја плати штетата во овластен сервис (удрен е багажот и браникот е малку олабавен), но при проверка од типот што работи во сервис и е некаковси проценител ми рекоа дека браникот ќе мора да се смени заедно со шината. Мене не ми изгледа дека браникот би требало да се смени, пошо ударот беше повисоко и иако е малку олабавен, и покрај тоа што јас нема да платам, се прашувам дали е добро да побарам мислење од некој што го работи ова во Скопје, чисто за да знам дали овластениов сервис ќе го одери човекот што ме удри или ќе ме направи мене будала со тоа што ќе наплати за смена на браник а тоа може и да не се случи? Или да терам без да се замарам со вакви небулозни размислувања од моја страна? Сепак сум џентлмен и не сакам некој што признава вина да го јаде беспотребно, затоа што многу лесно можеше ова да биде hit and run и да не го најдам воопшто. Сите од мое опкружување ми велат да не се замарам колку би платил некој што е крив (затоа што сака да плати лично без да чекаме на осигурувањето) но јас сум емотивен душбег со вертеровски мачнини.

Секоја чест за твојата корекност. Зошто не направите европски записник, каде он би се потпишал како виновен за настанатата штета. Така он би бил финансиски "оштетен" само доколку реши да ја прави својата кола, а твојата штета секако би ја покрило неговото осигурување.

Update: Прочитав дека не сака да чека на осигурувањето
 
Европски записник во Македонија е исто како што стана "европска" Македонија после референдумот за ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА. Епилогот го знаеме.
 
Со Неостик ама ќе мора двете страни на површината да се исчисти со фина шмиргла за да може убаво да залепи неостикот, но првин читај упатствата од неостик амбалажа тие лепак што лепаат чевларите (кондураџиите) , а некои ставаат двокомпонентен лепак тоа не ти препорачувам

Sent from my Samsung Note 20 Ultra 5G SM-N986U using Tapatalk

Предходно на друго место пробав со Неостик не држи, се одлепуваше, па пробав со Поксипол (двокомпонентен) го залепив и еве 10-ина год. не се одлепува.
Е сега некој ми предложи овие што менуваат шофершајбни да прашам дали лепат.
 
Хм чудно за неостикот, брат ми го лепеше со неостик на Голф 4 истото и еве држи скоро 2 години, можеби лепел на есен а не сега на горештинава можеби тоа температурата влијае квалитетот на лепењето, како и да е бидна работа. А за шофершајбната стакло лепење обично лепаат црн силикон па после нанесување жива гума што спречува навлегување на водата, најубаво мајстор за шофершајбни тие нека лепаат и не се замарај

Sent from my Samsung Note 20 Ultra 5G SM-N986U using Tapatalk
 
За тие што не знаат Цитроен Ксантиа Актива, е првата европска кола со потполно активна суспензија...позната по тоа што не се навалува во кривина, односно ако влезете во лева кривина десната страна се крева левата се спушта за колата да не се навали, за десна кривина обратно. Исто го има поминато мус тестот побрзо од порше 911...

Али не е се до колата во видеото...има и во гумите и лудоста на тој што вози...забавата почнува од 1:20 на видеото...
 
Некој со искуство со Алфа Мито 1.4 турбо?
 
Некој со искуство со Алфа Мито 1.4 турбо?
Moj kolega od rabota ja uveze od italia i e dosta snazna, dobra zvucna izolacia, odlicen motor ali servisot mnogu skap. Site delovi se dosta skapi.
Pocinkovana sasija taka sto nemas maka so korozia. Ovie koli se seuste ponovi taka da nema mnogu kritiki zaniv ali sepak benzinec si e benzinec. Pomali troskovi okolu defeci.
 
Моделот кој го гледав јас е 2012 година, 1.4 турбо бензин/плин, вака ми фати око, е сега не знам во однос на цената која ја држи дали е исплатлива.
 
Моделот кој го гледав јас е 2012 година, 1.4 турбо бензин/плин, вака ми фати око, е сега не знам во однос на цената која ја држи дали е исплатлива.

Ако веќе има плин бегај...алфа се знае како се вози а тоа во комбинација со плин брзо доведува до дефекти во моторот од сериозна природа, од типот на изгорени вентили и пукнати клипови.

Плин ти е за пензионерска вожња до 3000 вртежи, во алфа не го бива.
 
Ако не се лажам, фабрички плин има.
 
Ако не се лажам, фабрички плин има.
Било која Алфа има одлична вожња и спој на градска вожња со ентузијастичко возење, одлична на кривини, добро забрзување и старт, прави ќејф во секој аспект, особено на око. Проблемот е со сервиси и мајстори, во Македонија ако излезе некој дефект, посебно од електроника нешто, ретко кој знае да среди, нема мајстори за Алфа нити па сакаат да ги работат. За одржување е малце поскапа од останати ама не е некоја голема разлика, воглавном во предница ќе си дадеш повеќе од други марки и тоа е.
Не би ти препорачал.
 
Ако не се лажам, фабрички плин има.

Сепак друже батали...и со фабричкиот проблеми излегуваат а можно е да има и огромна километража поминато, сепак никој не купува нова кола со фабрички плин ако не планира да врви огромни километражи. Дури можно е и да била сопственост на фирма/бизнис т.е. службена.
 
Друштво, дали може да ставам во колата плав антифриз (-20 степени) за во летно време и како да го разредам?
 
Друже плавиот (концетрат 100 %) ако е разреден 50/50 со дестилирана вода држи до -35 степени...тој ако држи до -20 веќе разреден е ептен, нема што да го разредуваш. Тоа тие 80 % вода, само 20 % антифриз,
 
Друштво, дали може да ставам во колата плав антифриз (-20 степени) за во летно време и како да го разредам?
Најчесто имаш на етикетата упатство од производителот. Ако си во поладни градови тој не треба ни да го разредуваш.
Три битни работи треба да пазиш кај антифриз: не мешај различни типови и производители, следи го упатството на него, расчепкај кој антифриз се препорачува за твојот модел на возило.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom