Совет молам - Што ако...

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Локација
Middle of nowhere
Колку и да изгледа прости и детски, прочитај можеш да ми помогнеш и те како ( се прашувам себе си што правам со ова долу, но кога нема кој друг да ми помогне...)

Не сакам да изгледам како некое залутано девојче со своите љубовни проблеми па наместо да сере по гламстик се лигави по форуми, ама веќе ми прекисна и ми се подурди се...

Во принцип мразам некој да ме надвладува ( иако хороскопот не го вели тоа) мразам кога некој со "косилка" ме демне и искушува. Како и да е советот го барам токму од вас, на Кајгана сум секој ден ги знам сеирџиите ама некогаш некој велат "кој пита не скита." Не сум интелект, ниту сум изгубен селанец кој најверојатно доаѓа од 19 век и му се допаѓа турбо фолкот ама...

Далеку е моето време да се придружам на студентските денови и да завладеам со она што најмногу го сакам - Историјата. Да не навлегуваме колку јас знам и колку ќе знам, нештото што ме натера и ги разниша моите цврсти ставови дека моето идно место е во просториите на факултетите каде се предава "ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА" Ама од дома многу ми вршат притисок, иако ме дели 1 година сепак ме стави во фаза да размислувам што понатаму, додека мојот татко ми виси на глава и со секој негов поглед го читам неговото мислење додека зборуваме на таа тема, ме обзема страшен гнев, а останатите се само подржувачи или навидум не заинтересирани ( по блиските род. )

Сега се наоѓам во гладијаторска борба а ќе мора да се борам сам со себа што да одлучам. Толку многу нурнав во историјата а тоа ми стана дел од животот и ми се чини дека не можам без неа.

Но пред да ги изгубам нервите и ај да речеме да ми пукне филмот, барам совет од вас...

Main part: Посветено работам , се надоградувам, учам, победувам, губам, ај да не речам страдам и живеам со поимот историја факт или дејуре како сакате е дека ги знаеме општествените прилики при нас и да бидам директен од дома толку многу се трудат да ме премислат што дури мислам веќе дека го прават за инает. Нема работа, нема шанси, нема политика, нема врски, нема што нема. Дури на прашањето "Добро ајде што сакате да учам" обично тоа е ( кревање раменици ) или што вели мајка ми "Па не знам баш, а што ќе оди Филип ( братучед ми )". Знам дека да се стане историчар било професор или што и да е и со археологија и сите дрангуџи тешко е за вработување. Уште потешко е да завршиш и учиш нешто што не го сакаш и пак не бидеш примен, "политика, среќа, промена на времиња".

Воден од сите анализирања мои е ДА останам на мојот и така добар цврст став, но не сакам тоа да ми премине во инает, па затоа барам совет, старите се поискусни ама тоа не значи дека...тоа што значи. Мојот професор по историја е млад и многу добро му оди со работата, минатата професорка беше млада нова примана и таа добро си поминува и те како е насмеана, познавам многу млади историчари кои не излезени од студентски дом ми предаваат. Не сакам да грешам таму каде што навистина не треба. Да не зборуваме за самодоверба во врска со ова речиси и не ми текнува што всушност беше тоа? ( Повеќе се чудам на другар ми кој е поголем и нема абер за факултет, добро бе што ми е мене? ) :D
 
tl;dr, шо си се распишувал, is it something about your menstrual cycle?
шо е прашањето?
 
tl;dr, шо си се распишувал, is it something about your menstrual cycle?
шо е прашањето?

Љубам да учам историја, ме бањаат дома да не одам, тоа би било пропаст, да да буквално така!
 
Љубам да учам историја, ме бањаат дома да не одам, тоа би било пропаст, да да буквално така!
Аха! Отвори анкета, една опција Roditeli друга Jas и да гласаме наместо твојата машкост ^^
 
Кажи им на твоите дека во македонија што и да учиш џабе ти е ако вујкоти не е владика, така да оди си што сакаш ти.
 
И на мене ми се вршеше ептен (ама ептен ептен ептен) голем притисок да се запишам на јазици (англиски) оти имам си некој `талент` за јазици, без разлика дали говорни или програмерски...
Но сепак повеќе сакав математика, задачи, логички проблеми... и се запишав на машински покрај тоа што ми се вршеа големи притисоци. Моментално факултетот не ми иде многу добро и нема ден а мојте да не ме потсетат дека доколку сум ги послушал немало да биде вака, но сепак не сум се покајал ни за 1 секунда за мојата одлука. Сепак најдобро ќе биде ти сам да си одлучиш но мој совет е доколку историја е тоа што сакаш ти да го усовршуваш не дозволувај на никој да те спречи без разлика дали е тоа за твое добро или не и без разлика дали се тоа твоите родители или пак најголемиот душман...
 
Љубам да учам историја, ме бањаат дома да не одам, тоа би било пропаст, да да буквално така!
Мој совет ти е ако навистина си ја сакаш историјата продужи и ич да не ти е гајле се ќе се среди со време.
Еве за мене ќе ти кажам најчесто проблем ми е што не знам што сакам ама кога знам тогаш не му ја мислам многу одма прзвземам чекори за да ја исполнувам целта.
 
Ако планираш да се запишеш на историја, подобро оди работи на нива 4 години и кога ќе правиш пауза прочитај си некоја историска книга под сенка.

Барем додека работиш на нива, ќе завршиш некоја корисна работа, ќе заштедиш фрлање пари на ветрот и плус ќе заработиш нешто...
 
Ако планираш да се запишеш на историја, подобро оди работи на нива 4 години и кога ќе правиш пауза прочитај си некоја историска книга под сенка.

Барем додека работиш на нива, ќе завршиш некоја корисна работа, ќе заштедиш фрлање пари на ветрот и плус ќе заработиш нешто...


Добро бе друже како можеш да бидеш толку прост... од такви како тебе ми е смачено.
Со цела почит ама кој кур фактор си ти да плукаш по желбата на детето?
Дали си имал ти нешто во животот што си сакал да го имаш?
Или тексто ти беше преголем да го прочиташ, па како да се каже нешто да не е без ич, да се `трола` малце? Мора сите во овај живот да бидеме доктори инжињери менаџери?
Детето си има страст спрема историјата а ти плукаш по тоа.
Ногу јако бате си дефинитивно
ај сеа иди ми репорт...
 
Било кој да прашаш за мислење за археологијата ќе ти го одговори истото што и твоите родители ти го кажуваат. Така да доколку сакаш тоа да го учиш запиши се таму и ич да не ти е гајле оти ако одиш по друг памет никаде нема да стигнеш. Патем си размислил за студирање во Словенија? Таму барем има што да копаш, една другарка е таму на археологија така да ако ти требаат некои информации слободно прашај :)
 
Добро бе друже како можеш да бидеш толку прост... од такви како тебе ми е смачено.
Со цела почит ама кој кур фактор си ти да плукаш по желбата на детето?
Дали си имал ти нешто во животот што си сакал да го имаш?
Или тексто ти беше преголем да го прочиташ, па како да се каже нешто да не е без ич, да се `трола` малце? Мора сите во овај живот да бидеме доктори инжињери менаџери?
Детето си има страст спрема историјата а ти плукаш по тоа.
Ногу јако бате си дефинитивно
ај сеа иди ми репорт...
Детето е дете, мало, неиживеано, наивно, несигурно и убаво си побара совет од постар, што се буниш ти "паметен" човеку?

(Да не набројувам колку луѓе биле пишман поради детските фантазии после)

И ти си се запишал на машински и сеа не ти иде, и знам дека си пишман, ама не даваш слабост и глумиш лудило овде, па каде сеа како се заеба ти поради детски мечти, нека се заебат и другите, браво бе!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom