Сосема нов yahoo.com

  • Креатор на темата Креатор на темата KaiTekk
  • Време на започнување Време на започнување

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Ladies and gentelmen... конечно дојде моментот кога на момците од Yahoo им текна да се отарасат од тој нивен старомоден дизајн и да имплементираат нешто ново, помодерно и секако поубаво за очи. Задоволство ми е да ви го претставам новиот Yahoo редизајн на порталот (кој сеуште не е пуштен во официјална употреба). За разлика од претходниот, овој дизајн нуди многу, многу подобар user friendly interface, и многу полесна навигација. И е поубав за око за разлика од претходниот кој за мене беше вистинска грдотија. Иако сеуште кога ќе го отворите www.yahoo.com ви се покажува стариот дизајн, кога ќе отидете на www.yahoo.com/preview ќе ви се покаже и новиот. Најверојатно дечките прават уште некои измени пред да го сместат на насловната страна.
 
Мене ми се покажува новиот дизајн,прееска пробав.
 
sch00lGirL напиша:
Мене ми се покажува новиот дизајн,прееска пробав.
Ти си девојче грешка мене ми е стариот уште...:icon_lol:
Него добар е ама кој ќе се навикнуе бре пак...:)
 
sch00lGirL, ако идеш на www.yahoo.com/preview тогаш потоа секој пат кога ќе го стартуваш јаху ќе ти се стартува оваа веб страница. Ако не си била досега на оваа веб страница ќе ти се покажува стариот дизајн. И мац, тука нема што да се навикнуваш бре, треба да ти е мерак да ја користиш сега кога е волку подобрена :) :) :)
 
Не бев на таа привју страница,едноставно ми се стартуваше новиот дизајн.
 
Гаден е дизајнот.

.. малку е подобар ако се одбере Page Options -> Switch to narrow layout.
Пак стојам на тоа дека е гаден.
 
Не е лош дизајнов ама некако потешка ја прави странава за вчитување.
 
Мене ама ич не ми се бендисува. Изгледа дека јас тешко се привикнувам на промени, олд скул ми е подобро.
 
Добар е, ама одамна е пуштен во употреба. Изгледа тука вестите доцнат. Незнам што е финтата, ама понекогаш ми се отвора стариот понекогаш новиот. Уште одамна! :star:
 
страна бе дали бил линкот горе или лево исто ти се фаќа
 
Ама што само почетната страна е смената....другиве сервиси не се.
 
deXterche напиша:
Ама што само почетната страна е смената....другиве сервиси не се.
Па тоа е и финтата! :star: Ништо и не е сменето. Едноставно, Каитек налетал на новиот дизајн (кој верувајте не е нов).
 
Топка напиша:
Па тоа е и финтата! :star: Ништо и не е сменето. Едноставно, Каитек налетал на новиот дизајн (кој верувајте не е нов).
Стварно не е фер да пишеш дека налетал на новиот дизајн...па он ги прати тие работи и ги знае....јас потврдувам еве...
А за тоа дека ви се отварал новиот дизајн стварно не знам како може така кога на главната на Yahoo има банерче sneak preview
 
луѓе не сум налетал ова е земено од официјални вести на една веб страна и тоа информацијата е тазе од денес..... :S
 
Mac)) напиша:
Стварно не е фер да пишеш дека налетал на новиот дизајн...па он ги прати тие работи и ги знае....јас потврдувам еве...
А за тоа дека ви се отварал новиот дизајн стварно не знам како може така кога на главната на Yahoo има банерче sneak preview
Ма немој! Што не е фер? На мене до сега 100 пати ми се има десено да ми се отвори „новиот”. Еднаш „новиот”, еднаш стариот... не е фиксен! :star:
П.С Еве баш сега пробав и ми се отвори стариот. И?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom