СОСЕДСКА ПОМОШ од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата VOLK2234
  • Време на започнување Време на започнување

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
МАКЕДОНИЈА И НУДИ ПОМОШ НА ГРЦИЈА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ
Македонија и понуди помош на Грција за справување со огнената стихија што деновиве го зафати регионот околу главниот град Атина.
3DFEF46C5A1D86438B2C295936DE6AE7.jpg

Македонската Влада, преку Министерството за надворешни работи, денеска ги известила грчките власти дека им става на располагање
три хеликоптери од типот М-17,
со три посади и
три противпожарни ведра,

екипирани со професионалци, кои веднаш можат да се вклучат во напорите за справување со огнената стихија.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата на Република Македонија во дописот до грчката Влада, изразува загриженост за катастрофалните пожари кои во го зафатија регионот на Атика и ги загрозија животите и имотите на локалното население и престолнината Атина и воедно ја пренесува солидарноста на македонските граѓани со грчките граѓани, посебно од погодениот регион.


----------------
Што викате за ова?
Богами, прилично добро се подзапалија Атињаниве:pos2:
 
Ако не ја прифатат помошта тогаш нека изгорат до темел
 
Глупи сме што им нудиме помош,сами треба да побараат.Сигурно ке не одбијат пак
 
Грција се уште не одговорила на понудата за помош од Македонија

Грчките власти се уште не одговориле на понудата на македонската влада да испрати хеликоптери и противпожарни екипи кои ќе помогнат во битката со огнените стихии што беснеат на само неколку километри од Атина.
Од македонското министерството за надворешни работи велат дека се уште го очекуваат одговорот од нивните колеги во Грција.
Македонската влада денеска, преку МНР, испратила допис до грчките власти дека на располагање им става три хеликоптери М-17, со три екипажа и три противпожарни ведра. Македонија е подготвена да испрати и професионални пожарникари обучени за справување со шумски пожари.
Владата исто така изразила загриженост за катастрофалните пожари кои ја зафатија Грција во последниве четири дена. Инаку во Грција веќе пристигна помош од Франција и Италија.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 24.08.2009 14:43:17
 
Lets help to the
ENFLAMED HELLASS:helou:
 
Колку се прости нашиве еј...пред 2 години исто така кога гореа грциве им пративме помош и не вратија...сега пак. простотилак
 
Само ако си преќутат ќе биде лошо, никому ништо. Нека одговорат, а ако одговорат знаеме кој ќе биде одговорот и кој ќе испадне волкот лош, кој не прима помош од омразените нелуѓе ниту во вакви ситуации. Одличен потег на Владата, во секој случај. :)
Не туку викајте глупи сме, прости сме што им нудиме помош, не е тоа така од ракав наивно извадено. :)
 
Кога ќе не одбијат сега.. ќе видиме што ќе кажат моралистите на форумов кои кажуваа дека не требало тоа да го помислиме и на најлошиот пријатели.
 
Само ако си преќутат ќе биде лошо, никому ништо. Нека одговорат, а ако одговорат знаеме кој ќе биде одговорот и кој ќе испадне волкот лош, кој не прима помош од омразените нелуѓе ниту во вакви ситуации. Одличен потег на Владата, во секој случај. :)
Не туку викајте глупи сме, прости сме што им нудиме помош, не е тоа така од ракав наивно извадено. :)

Ако го искористат одбивањето како онаа година ништо.
Патем имаше многу поголеми инциденти за докажување на светот кој е тука кој,па нашиве пак ништо не искористија
Така да се сомневам дека и ова не е наивно извадено
 
Грција гори Атина се руши понудивме помош ич да не не боли.
 
Супер , супер ај да дочекаме помош да им понудиме и разурнатините од Атина кога ќе ги раскреваат.
 
Нема шанси да дозвоат летала на кои пишува Македонија да им летаат над глава па макар изгореле.

Глупо али Грци се. Позле ке не обвинат дека ние сме го подметнале пожарот за да им летаме со нашата ер форс над Грција.
 
Се плашат нашиве Егејска Македонија да не изгори затоа праќаат помош:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom