Соседи, комшии и меѓусебниот однос

  • Креатор на темата Креатор на темата GraFusion
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено ме нервираат тие врз мене.. цел ден киснат на прозор у секоја чорбааа мора да се замешаат..:nenene::nenene:
 
Мене комшиите не ми прават проблеми, но изгледа јас им правам мали проблеми понекогаш со гласната музика но во последно време се поправам:)
 
Немам некои проблеми а не ни сакам да имам...имав една комшика стара во зградата..но .. почина, а многу си ја сакав. Имав една другарка ама се отсели :(...а со комшиите ретко да сум имала проблеми само знам во Скопје кога живеев како мала тогаш имаше една..тетка која се дереше на врата кога ќе се разрипавме по дома...и така ...
 
Има некој неточни комшии ама не ми пречат...
 
Па имам т.е. имав! Еден од комшиите ми е шизофреничар. Башка манијак. Бидејки куќата во којашто живеам е дуплекс барака имам лепенка. Каде што ако прдне комшијата јас го слушам. Е сега проблемот е што овој е шизо. Еден период особено у 4-5 часот сабајле он влагаше у свој свет и мислеше нешто дека е и лудуваше по дома. Еднашка се дереше на германски...мислам дека држеше говор од Хитлер. Другпат се дереше пукајте пукајте...најверојатно тогаш беше Че Гевара. Мене ме фати страв си викам не дај Боже следната епизода да му биде Пиколомини го пали Скопје. Пошо ако ја запали куќата негова отиде и мојата :(...Но по безброј жалби до полиција и не знам каде...на голема жалост за него но мирен сон за мене сега е у Бардовци на лечење!...му посакувам успешно лекување! Сепак анти шмек е да имаш шизо комшија!...
 
Комшијата пак цепе дрва во стан. Дај нека се стоплииии.
 
Сите соседи ми се роднини така да неам проблемчиња и до 3 коа слушам музиче :P
 
моиве комшии некој ден ќе се иселат од мене поради гласната музика...ама шо имам еден глуш,досаден комшија тоа е невероватно а еве и една случка со него....си седам ја кај мене у соба со женска и лижење ова она и само наеднаш ни чукање ни ништо еве го овој на врата...коа го видов ми идеше да го измаам асално и му викам "абе смрден ами ако се онадевме како влегуеш овака"...a неговата глупа реакција "Е АКО ДЕ" ....
 
па имаат понекогаш со мене проблем кога пуштам гласно музика, ама и јас имам па до мене сеа дојдоа едни со деца мали и мн галама ми праат не се спие во сабота, недела :nenene:
 
Уффф Боже...Има една свиња над мене што ми го кова мозокот секое сабајле со турбофолк, неможе човек да се наспие а не пак да учи.Освен тоа мислам дека има добри денсерски способности затоа што незнам шо би можело да е тоа што тропа секое сабајле на одвратните песни...Ваљда се забавува додека ние умираме:toe:
 
imam komsija pod mene sto go rusi noseciot zid taka da ako ima zemjotres otide cela zgrada...prekrasno neli?:uvo:
 
Моите соседи ме мразат/ги мразам. Стално пуштам гласна музика и стално мора да ми дојдат на врата: Девојче ај ако сакаш намали тоа музиката. Епа нејќам! :nenene:. Имам право да си го користам станот како сакам, мој си е, ако сакам ќе го претворам и во бордел.!.Ако не им се свиѓа, нека се отселат бе.
 
јас апсолутно немам никаков проблем со комшиите баш убаво си живееме...музиката не им смета воопшто пошто и они си слушаат гласна музика, а ни мене не ми смета тоа така да си се сакаме ептен....доколку го прочитаат постов сакам да ги поздравам ептен и да стават едно кафе..сокот е од мене !!
 
Нема шо многу да се жалам... само ќе ја спомнам тетка педантерија во наша зграда која живее преку еден стан од мене...
Сирота таа... нема што да прави седи по цели денови дома, не мрда... али еднаш во недела мора да излезе од вратата со една кофа црвена и џогер да ги мине скалите и тако дајле... и секад на врата ни звони и не кара... демек не сме чистеле, не сме го треселе чергичето шо ни е пред врата...
Значи тетка педантерија следно прави:
Излага со кофата и почнува да мумла два саата (буквално) пред да почне да брише... почнува да брише до некаде... па застанува и ни звони на врата... се караме пола саат - до саат... после пак си продолжува да си ги дочистува скалите... успатно мумла уште некои 2 саата, па си влага дома и почнуе да ги тера по дома сите од кај што дошле...
Еднаш влегла во караница со мама, и мама на неа и вика па чисти ќе ти дадам 100 денара неделно ако сакаш... јас немам во план од сабајле до вечер сум на работа секој божји ден, па и сабота... и оваа и се налути и напраи кисела фацка...
Минатиот пат со мене почнала... заѕвони на вратата, и отворам јас... ми вика аман бре луѓе чистете го чергичето...(а чергичето пред ден два мама го изми), и ја зимање ни едно ни две како што ги исчисти скалите ја на скали тресење чергичето... коа почна да викааа... туф туф туф... хахаха... ми вика зарем немате балкон шо не го тресеш таму... и јас и викам немаме го заградивме... и она уште толкава кисела фацка... и затворив врата и пак почна да мумла нешо таму... хахаха
И пак влезе дома и пак почна од дома сите да ги тера на убавине места...:nesvest::pos:

Другите од зградава воглавно се супер... со никој не се знам, скоро никој не ме знае и такоџе :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom